Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани


 Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во …

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани Read More »

Сообраќајка на експресниот пат Штип, сообраќајот се пренасочува по магистрален пат Штип – Радовиш


Поради сообраќајна незгода, утрово од 8:10 часот, сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица е во прекин. Сообраќајот, како што соопшти АМСМ, се пренасочува по магистрален пат А4, Штип – Радовиш. 

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани


Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија,  изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.  – Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во …

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани Read More »

Адеми: Институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за се што се случило


Целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани, изјави ноќеска потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми. ДУИ, посочи Адеми, бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на …

Адеми: Институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за се што се случило Read More »

Поранешна партнерка на Маск бара милијардерот да престане да објавува фотографии од нивните деца


Американската музичарка Грајмс изјави дека го молела нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да престане да објавува фотографии од нивните деца на социјалните мрежи. Посебно ѝ пречел фактот што тој минатиот месец во Белата куќа со себе го однесе нивниот син X Æ A-XII (Екс Еш Еј-12). „Ја молев јавноста и таткото на моите деца да …

Поранешна партнерка на Маск бара милијардерот да престане да објавува фотографии од нивните деца Read More »

Русија во мировните преговори ќе бара „челични гаранции“


Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко за „Известија“ изјави дека Русија во мировните преговори ќе бара гаранции од земјите на НАТО дека Украина нема да биде членка на Алијансата и оти земјата мора да остане неутрална. – Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е …

Русија во мировните преговори ќе бара „челични гаранции“ Read More »

Сирија: Хезболах киднапира и егзекутира тројца сириски војници


Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан. – Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се …

Сирија: Хезболах киднапира и егзекутира тројца сириски војници Read More »

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун


Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне …

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун Read More »

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани


 Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство.  За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се …

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани Read More »

Трамп утре ќе разговара со Путин


 Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин. – Со Путин ќе разговарам во вторник. Завршена е многу работа во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме војната. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси, изјави Трамп на …

Трамп утре ќе разговара со Путин Read More »

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров


Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст …

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров Read More »

Хутите за 24 часа двапати го нападнале американскиот носач на авиони „Хари Труман“


Јеменските бунтовници Хути во рок од 24 часа двапати го нападнаа американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови. Хутите утрово на Телеграм објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските напади врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. Лидерот на …

Хутите за 24 часа двапати го нападнале американскиот носач на авиони „Хари Труман“ Read More »

Пренасочување и регулација на дел од сообраќајот на патот Градско – Дреново


На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денеска до 4 април, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

Пренасочување и регулација на дел од сообраќајот на патот Градско – Дреново Read More »

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул


Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор …

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул Read More »

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани


Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на Платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.   Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка …

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани Read More »

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани


Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при …

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани Read More »

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени …

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА Read More »

Светските берзи паѓаат четврта недела по ред


Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата недела бидејќи инвеститорите стравуваа дека тарифната војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст. На Волстрит, Dow Jones минатата недела потона за 3,1 отсто, на 41.488 поени, додека S&P 500 падна за 2,3 отсто, на 5.638 поени, …

Светските берзи паѓаат четврта недела по ред Read More »

Инвеститорите дефинитивно се свртеа кон златото


Во период на значително зголемена неизвесност и турбуленции на берзите, инвеститорите продолжуваат да бараат безбедно засолниште во златото. Во петокот беше пробиен нов магичен праг, бидејќи унца од 31,1 грама злато за прв пат чинеше повеќе од 3.000 долари. Златото порасна за 14% оваа година (и во моментов е доста зрело за надолна корекција), а …

Инвеститорите дефинитивно се свртеа кон златото Read More »

Австралија до Трамп: Ако воведете царини за говедско месо, Мекдоналдс ќе ви ги зголеми цените


Трговската војна на Доналд Трамп може да ја зголеми цената на американските хамбургери, предупреди австралискиот министер за трговија, поради шпекулациите дека царините би можеле да се прошират на говедско месо и други земјоделски производи. Австралискиот министер за трговија Дон Фарел рече дека поголемиот дел од австралиското говедско месо што се извезува во САД завршува во …

Австралија до Трамп: Ако воведете царини за говедско месо, Мекдоналдс ќе ви ги зголеми цените Read More »