Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски


Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. …

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски Read More »

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати


До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина …

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати Read More »

Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио повторно разговараа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Малезија. Двајцата дипломати имаа краток неформален разговор. Кратката средба се чинеше дека поминала во позитивна атмосфера, при што Лавров се смееше, Рубио го потапка по рамото. Соговорниците активно …

Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур Read More »

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“


Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група …

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“ Read More »

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за …

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија Read More »

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот. На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 …

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот Read More »

Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Ван Ји на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на АСЕАН во Малезија, соопшти американскиот Стејт департмент. Средбата доаѓа во период на засилени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг поради низа прашања – од нелегална трговија со фентанил, преку прашањето …

Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН Read More »

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник


Галичник на амфитеатарот на чешма Упија, вечер во 21 часот ќе биде изведена премира на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“, во чест на 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на Пулески – основоположник на македонистиката во 19 век.  Монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е …

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник Read More »

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда


Набљудувачите на санкциите на ОН оваа година не пронајдоа „активни врски“ меѓу Ал Каеда и исламистичката група што ја предводеше привремената влада на Сирија, се вели во необјавен извештај на ОН. Извештајот, кој се очекува официјално да биде објавен подоцна овој месец, веројатно ќе го поддржи очекуваниот притисок на САД за укинување на санкциите на …

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда Read More »

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница


Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери …

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница Read More »

Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година


Од почетокот на 2025 година, Русија изгубила 100.000 војници во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров. .Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни. Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и …

Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година Read More »

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура …

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени Read More »

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа


Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава. Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, …

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа Read More »

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа  Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот …

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери Read More »

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина


Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. – Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да го испорача системот, рече Мерц на конференцијата за обнова на Украина и Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараа за можниот договор, но конечната …

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина Read More »

СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот


Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на попладневната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на расправата по ребалансот на Буџетот информира дека ги повлекуваат преостанатите околу 142 поднедени амандмани. -Сметаме дека во едни вакви услови во коишто имаме од една страна сериозни пожари во државата, не може и не …

СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот Read More »

Што се случува во ССК? Раскол во раководството, (не)легитимно собрание…


Сојузот на стопански комори, втората по големина асоцијација на стопанствениците во земјава минува низ сериозни превирања, за што сведочат и соопштенијата што вчера беа лиферувани до медиумите, во едното за одржано вонредно собрание, а во другото дека всушност станува збор за фалсификат, злоупотреба и незаконско дејствување. Овие актуелни превирања се продолжение на состојбите кои постојат …

Што се случува во ССК? Раскол во раководството, (не)легитимно собрание… Read More »

Признаниja за визионерство и лидерство: ВВ „Тиквеш“ прогласена за најкомпанија во регионот и Награда за Животно дело доделена на Светозар Јаневски


Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Винарска визба „Тиквеш“, ја доби наградата за Животно дело, додека винарницата „Тиквеш“, за Најкомпанија за 2025 година, од Дирекцијата на Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешни бизнис-лидери и компании. Овие значајни признанија претставуваат потврда за визионерството на Светозар Јаневски, неговото лидерство и исклучителниот придонес во …

Признаниja за визионерство и лидерство: ВВ „Тиквеш“ прогласена за најкомпанија во регионот и Награда за Животно дело доделена на Светозар Јаневски Read More »

Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката


Владата и Црвениот крст ќе ја зголемуваат соработката и наскоро ќе има средба за да се договорат заедничките активности, најавија по денешната средба премиерот Христијан  Мицкоски и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.  – Утврдивме заеднички дека е потребно на повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст. Дадов збор дека …

Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката Read More »

„Како глушецот кога го задева лавот“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев дека е северномакедонски премиер


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го нарече „момче“ бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, а за бугарската влада рече дека „во позадина ја раководи друг“. Мицкоски ова го изјави по посетата на Црвениот крст на Македонија, кој одбележува 80 години од основањето, одговарајќи на новинарски прашања. Новинарите го прашаа дали ќе има реакција во …

„Како глушецот кога го задева лавот“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев дека е северномакедонски премиер Read More »