Синдикалната кошница “изгор”, за еден месец поскапе 630 денари, сега е 65.328 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.  Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на …

Синдикалната кошница “изгор”, за еден месец поскапе 630 денари, сега е 65.328 денари Read More »

Пониски цени на бензините од полноќ


Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50  денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Мотор-ен …

Пониски цени на бензините од полноќ Read More »

Во јуни: Годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.   На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Сингапур е најскапиот град во светот трета година по ред


Сингапур го задржа првото место на листата на најскапи градови во светот трета година по ред, според Извештајот за глобално богатство и начин на живот за 2025 година објавен од швајцарската банка Julius Baer. Извештајот е базиран на индексот за начин на живот Julius Baer, кој ги споредува релативните трошоци за кошничка од 20 производи …

Сингапур е најскапиот град во светот трета година по ред Read More »

Донесени решенија за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи категории


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство. Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на …

Донесени решенија за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи категории Read More »

Познати се можните противници на Шкендија и Вардар за 3.коло во евро-куповите


Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија можните противници за 3. коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа, како и Конференциската лига. Во случај Шкендија ја помине Стеауа, тогаш ќе игра со еден од победниците во пресметките: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах. Ако биде елиминирана од ЛШ, тогаш Шкендија ќе игра во Лига Европа, а …

Познати се можните противници на Шкендија и Вардар за 3.коло во евро-куповите Read More »

Мајкрософт предупреди за хакерски напади


Мајкрософт издаде предупредување за „активни напади“ врз серверски софтвер што го користат владини агенции и компании за споделување документи во рамките на организациите и препорача безбедносни ажурирања што корисниците треба веднаш да ги применат. ФБИ во неделата соопшти дека е свесен за нападот и тесно соработува со своите федерални и приватни партнери, но не даде …

Мајкрософт предупреди за хакерски напади Read More »

Борис Џонсон: Британскиот интерес за Украина слабее, а тоа е тажно


  Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, изрази жалење поради, како што рече, „драстичниот пад на интересот“ на британската јавност за ситуацијата во Украина. – Интересот и апетитот за Украина се толку ниски. Тоа ми изгледа прилично тажно. За мене, ова е приоритет број еден, изјави Џонсон за весникот „Телеграф“ на настан организиран за …

Борис Џонсон: Британскиот интерес за Украина слабее, а тоа е тажно Read More »

Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ


Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ. Тоа го изјави европската комесарка за проширување Марта Кос синоќа во изјава за словенечкиот јавен сервис. „Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но …

Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ Read More »

Екстремните временски услови ги зголемуваат цените на храната низ целиот свет


Од компири во Велика Британија до кромид во Индија, временските екстреми предизвикани од климатските промени ги зголемуваат краткорочните цени на храната низ целиот свет, покажа истражување. Студија на Центарот за суперкомпјутери во Барселона директно поврзува десетици климатски екстреми со зголемувањето на цените на храната, истакнувајќи ја зголемената ранливост на прехранбените системи на еколошки шокови. Претходните …

Екстремните временски услови ги зголемуваат цените на храната низ целиот свет Read More »

Свлечишта и поројни дождови во Јужна Кореја: Најмалку 18 загинати, 9 исчезнати


Најмалку 18 луѓе загинаа, а деветмина се водат како исчезнати по серија обилни врнежи и свлечишта што ја зафатија Јужна Кореја, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на владини податоци. Од почетокот на врнежите во средата, повеќе од 14.000 лица биле евакуирани од своите домови. Над 2.000 случаи на поплавени патишта и оштетена јавна …

Свлечишта и поројни дождови во Јужна Кореја: Најмалку 18 загинати, 9 исчезнати Read More »

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат


Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. …

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат Read More »

Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в четврток во посета на Кина


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе ја посетат Кина в четврток, каде што ќе се сретнат со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Кина. Како дел од агендата, тие ќе учествуваат и на 25. самит ЕУ–Кина, чиј домаќин ќе биде …

Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в четврток во посета на Кина Read More »

Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард


Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Ова е четврт настап на Ѓурчиновски на големите континентални собири, при што тој минатите години остваруваше пласмани како делба на петтото место со пласман во четвртфинале.  …

Ѓурчиновски го донесе првиот медал за Македонија на ЕП во билијард Read More »

Шарлот ја освои Летната НБА лига


Шарлот го победи Сакраменто со 83:78 во последниот натпревар од Летната лига на НБА. Ова е шеста победа на Хорнетс во исто толку натпревари, по што тимот го освои летниот турнир.  Сакраменто е на второто место со пет победи во шест натпревари. Два тима од Летната лига не успеаја да победат во ниту еден натпревар: …

Шарлот ја освои Летната НБА лига Read More »

Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев


Едно лице загина, а две се повредени при руски ракетни напади што ја погодија украинската престолнина Киев изминатата ноќ, соопштија денеска локалните власти. Нападите погодиле четири делови од градот, а оштетени се станбени згради, супермаркет, влез на метро-станица и основно училиште каде што избувнал и пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Жртвите ги потврди …

Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев Read More »

Кина гради ново светско чудо, Индија и Пакистан загрижени


Кинескиот премиер Ли Ќијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, со проценета вредност од околу 170 милијарди долари. Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави кинеската новинска агенција …

Кина гради ново светско чудо, Индија и Пакистан загрижени Read More »

Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија


Најмалку тројца луѓе загинаа, а 568 беа спасени по избувнување пожар на патнички ферибот во индонезиските води, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу пладне, додека фериботот пловел кон Манадо – главниот град на провинцијата Северно Сулавеси – на својата редовна рута од пристаништето Мелонгване во истата провинција, изјави адмирал Франки Пасуна Сихомбинг, командант на …

Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија Read More »

Врската помеѓу алергиите и ракот на белите дробови: Нови сознанија од мета-анализа


Неодамнешно истражување објавено во „Frontiers in Medicine“ ја испитува врската помеѓу алергиските болести и ризикот од развој на рак на белите дробови. Ракот на белите дробови е еден од најчестите видови рак во светот, со околу 2,26 милиони случаи пријавени во 2019 година, при што бројот на случаи и смртни исходи е зголемен за 26% …

Врската помеѓу алергиите и ракот на белите дробови: Нови сознанија од мета-анализа Read More »

Литературна вечер посветена на Славе Ѓорѓо Димоски во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи вечер посветена на книжевното творештво на истакнатиот македонски поет и есеист, Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот се организира по повод 20-годишнината од отворањето на Центарот. За книжевниот опус и литературните квалитети на Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на …

Литературна вечер посветена на Славе Ѓорѓо Димоски во Софија Read More »