Јапонскиот премиер планира да ја објави својата оставка до крајот на следниот месец


Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба планира да ја објави својата оставка до крајот на следниот месец, објави денеска весникот „Маиничи“. Ишиба се соочува со растечко противење од сопствената Либерално-демократска партија поради неговата намера да остане на власт и покрај тешкиот пораз на владејачката коалиција на изборите за Горниот дом на јапонскиот парламент во неделата. Според весникот …

Јапонскиот премиер планира да ја објави својата оставка до крајот на следниот месец Read More »

Двајца руски војници на кои им е потребна медицинска помош вратени во Русија од Украина


Двајца руски војници на кои им е потребна медицинска помош вчера беа предадени на Русија од страна на украинските власти за да бидат репатрирани, соопшти Министерството за одбрана во Москва преку апликацијата за пораки Телеграм. Руското министерство соопшти дека двајцата војници биле предадени од Украина и однесени во Белорусија, еден од најблиските сојузници на Москва …

Двајца руски војници на кои им е потребна медицинска помош вратени во Русија од Украина Read More »

Пет активни пожари утрово во земјата


На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати.  Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска …

Пет активни пожари утрово во земјата Read More »

Во Охрид осмо издание на Beach Film Festival


Од денеска до 27 јули 2025, во Охрид ќе започне Осмото издание на Beach Film Festival кој ќе се одржи на четири локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи …

Во Охрид осмо издание на Beach Film Festival Read More »

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е постигнат трговски договор со Токио, според кој Јапонија ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД, се вели во објавата на неговата социјална мрежа Truth Social. Трамп, исто така, рече дека Јапонија се согласила да инвестира 550 милијарди долари во САД, при што …

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти Read More »

Русија го ограничува слободниот пристап до интернет, блокирани речиси 56.000 веб-страници


Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до речиси 56.000 веб-страници кои одбија да отстранат онлајн содржина што Москва ја смета за „екстремистичка“, објави ДПА, повикувајќи се на вчерашната изјава на министерот за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми Максут Шадаев. Во исто време, …

Русија го ограничува слободниот пристап до интернет, блокирани речиси 56.000 веб-страници Read More »

Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“


 Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје. Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на …

Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“ Read More »

Муцунски денес во Атина, ќе се сретне со грчкиот колега Герапетритис


Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на дипломатијата е во прва работна посета на Атина, а напладне ќе …

Муцунски денес во Атина, ќе се сретне со грчкиот колега Герапетритис Read More »

Бесент: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари


САД собраа речиси 100 милијарди долари приходи од царина, објави вчера секретарот за финансии Скот Бесент. -Се приближуваме до 100 милијарди долари. Мислам дека годишните приходи би можеле да достигнат 300 милијарди долари, рече Бесант во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс Бизнис кога беше прашан за моменталното ниво на приходи од царина. Бесент претходно …

Бесент: Приходите од царини се речиси 100 милијарди долари Read More »

И денеска над 40 степени, Владата донесе препораки за топлото време


Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура. – До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе …

И денеска над 40 степени, Владата донесе препораки за топлото време Read More »

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да се финансираат кампањи, туку проекти


Ребалансот на буџетот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите. Со него нема да се финансираат кампањи, туку ќе се финансираат проекти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред денешното гласање за Ребалансот на буџетот за 2025 година. Во обраќањето по завршување на собраниската расправа, …

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да се финансираат кампањи, туку проекти Read More »

Ќе обезбеди раст или скроен за изборен поткуп? Собранието го донесе Ребалансот на буџетот


Собранието попладнево со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ. Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во …

Ќе обезбеди раст или скроен за изборен поткуп? Собранието го донесе Ребалансот на буџетот Read More »

Европско обвинителство: Истрагата за железничката станица во Нови Сад е се уште во тек


Европското обвинителство, предводено од обвинителката Лаура Ковеши, објави дека истрагата за можна злоупотреба на средства од Европската унија за реконструкција на железничката станица во Нови Сад е се уште во тек, но дека деталите не можат да бидат објавени, јави Бета. Одговарајќи на прашањата на Бета за тоа дали е завршена истрагата за можна злоупотреба …

Европско обвинителство: Истрагата за железничката станица во Нови Сад е се уште во тек Read More »

Секоја година на Косово по пет отсто повеќе случаи на заболени со рак


 Директорот на Клиниката за онкологија при Универзитетскиот клинички болнички центар на Косово, Илир Куртиши, изјави дека бројот на нови случаи на рак во Косово расте со стапка од околу 5 проценти годишно. Тој објаснува дека тој тренд е резултат на неколку фактори, вклучувајќи загадување на воздухот, пушење или неурамнотежена исхрана, но и поголема свест кај …

Секоја година на Косово по пет отсто повеќе случаи на заболени со рак Read More »

Славески: Владата е на иста линија со Народна банка за ниски стапки на инфлација


Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во еврозоната. Имавме средба со премиерот, му кажавме дека може да се најдеме во ситуација нашите цели да се конфликтни зашто секоја влада сака да го забрза растот, но во последните 4 – 5 години голем …

Славески: Владата е на иста линија со Народна банка за ниски стапки на инфлација Read More »

Потребен ни е закон за личен банкрот, вели Славески


Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески денеска повторно го актуелизираше прашањетo за воведување закон за личен банкрот. Како што рече на јавната работна средба во Стопанската комора, не може до бесконечност да се толерираат луѓе кои не во состојба да ги подмируваат своите обврски. Сите развиени земји, потсети Славески, имаат регулатива за личен банкрот. …

Потребен ни е закон за личен банкрот, вели Славески Read More »

За опозицијата ребалансот на Буџетот е фискално нереален и социјално штетен, за власта ја покажува „зрелоста на економската политика“


Во рамки на денешната 62. пленарна седница пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година. За владејачкото мнозинство Буџетот е флексибилен инструмент и се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите, додека за опозицијата тој е нереален и нема да го поддржи.  Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски истакна дека Буџетот е флексибилен инструмент …

За опозицијата ребалансот на Буџетот е фискално нереален и социјално штетен, за власта ја покажува „зрелоста на економската политика“ Read More »

УЈП: Поднесени 40 отсто од ДДВ-04 пријавите, рокот истекува на 25 јули


   Даночните обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е петок (25 јули), соопштија денеска од Управата за јавни приходи. -Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40 отсто …

УЈП: Поднесени 40 отсто од ДДВ-04 пријавите, рокот истекува на 25 јули Read More »

Гувернерот Славески ќе оди во Банката на Англија да провери дали е таму монетарното злато на Македонија


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска се пошегува и изјави дека на есен ќе оди во Банката на Англија да провери дали е таму монетарото злато кое е дел од девизните резерви на нашата земја и кое што е доверено на чување во оваа реномирана финансиска институција. Тој ова го рече при посетата во …

Гувернерот Славески ќе оди во Банката на Англија да провери дали е таму монетарното злато на Македонија Read More »

Кој добива, а кој губи со ребалансот на Буџетот: Министерката Димитриеска Кочоска го образложи предлогот пред пратениците


Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината. Овие измени не го менуваат суштински нашиот пристап, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра …

Кој добива, а кој губи со ребалансот на Буџетот: Министерката Димитриеска Кочоска го образложи предлогот пред пратениците Read More »