Во ноември уште тројца пилоти ќе се обучуваат за управување со ертракторите за гаснење пожари


Три ертрактори и тројца пилоти ќе бидат активни за наредното лето во справување со евентуални пожари. Во ноември годинава уште тројца пилоти за овие летала ќе бидат испратени на обука, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.  Пет-шест лица изразиле интерес за пилоти на овие летала и со нив дополнително ќе се …

Во ноември уште тројца пилоти ќе се обучуваат за управување со ертракторите за гаснење пожари Read More »

Рубио: УСАИД официјално е во фаза на затворање


Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио. – Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде …

Рубио: УСАИД официјално е во фаза на затворање Read More »

Лула да Силва: Бразил нема да брза со контрамерки на американските царини, приоритет се преговорите


Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, денеска изјави дека неговата администрација нема да брза со контрамерки на царините што САД ги воведоа на бразилските производи, туку дека негова цел е ова прашање да се реши преку преговори. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 50 отсто на стоки од Бразил, а Министерството за …

Лула да Силва: Бразил нема да брза со контрамерки на американските царини, приоритет се преговорите Read More »

Кремљ: Путин ќе биде главен гостин на парадата во Пекинг


 Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде главен гостин на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија во Пекинг, вклучувајќи и парада, соопшти денеска помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков. Путин ќе ја посети Кина од 31 август до 3 септември, каде што ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка …

Кремљ: Путин ќе биде главен гостин на парадата во Пекинг Read More »

Американците продолжија да трошат минатиот месец и покрај зголемената инфлација


Американските потрошувачи продолжија да трошат во јули, дури и кога инфлацијата остана висока тој месец, покажаа новите податоци во петокот. Потрошувачката се зголеми за 0,5% во однос на јуни, според податоците на Министерството за трговија објавени во петокот. Тоа е малку под очекувањата за пораст од 0,6%, но претставува мало зголемување од зголемувањето од 0,4% …

Американците продолжија да трошат минатиот месец и покрај зголемената инфлација Read More »

Над 990 милиони денари за плати на пратеници и вработените во собраниската служба, 122,5 милиони денари за уредување на зоната околу Собранието


Со Предлог на буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година, кој денеска помина на Буџетскиот Совет на Собранието, планирани се 677.300.000 денари за платите и надоместоците на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Предлог-буџетот на Собранието треба да ја добие поддршката на пратениците на пленарна седница. -По потпрограми планирани средства …

Над 990 милиони денари за плати на пратеници и вработените во собраниската служба, 122,5 милиони денари за уредување на зоната околу Собранието Read More »

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари


На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3). Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено …

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари Read More »

Третата делница од пругата кон Деве Баир „откочена“, работите добро напредуваат и во Бугарија, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се почнати активностите за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одлука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе …

Третата делница од пругата кон Деве Баир „откочена“, работите добро напредуваат и во Бугарија, вели Мицкоски Read More »

Царината заплени котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари и маслиново масло


Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар, информираат од Царинската управа.  Вкупно 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени …

Царината заплени котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари и маслиново масло Read More »

НБ: Во вториот квартал од годинава вкупните средства на останатите финансиски институции 275.180 милиони денари


Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2025 година, изнесуваат 275.180 милиони денари, што претставува квартален раст од 9.320 милиони денари. Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,7 отсто во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество имаат пензиските фондови од 64,4 проценти во вкупните средства …

НБ: Во вториот квартал од годинава вкупните средства на останатите финансиски институции 275.180 милиони денари Read More »

Од понеделник во Србија трговската маржа во маркетите е за 20 проценти пониска, непочитувањето ќе се казнува со 2.500 евра


Казна од 300.000 динари (околу 2.500 евра) ќе мора да платат трговците кои нема да ги почитуваат новите правила на српската Влада која вчера официјално усвои регулатива со која се ограничуваат трговските маржи на 20 проценти, објави Нова економија кои имале увид во документот од Владата. Маржите ќе бидат ограничени на 23 групи производи. Тие …

Од понеделник во Србија трговската маржа во маркетите е за 20 проценти пониска, непочитувањето ќе се казнува со 2.500 евра Read More »

Просечната камата на кредитите за една година се намали 0,55 процентни поени


Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 п.п. (процентни поени) односно 0,55 п.п., и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 п.п. односно 0,28 п.п., објави денеска Државниот завод …

Просечната камата на кредитите за една година се намали 0,55 процентни поени Read More »

Министерство за енергетика: Над 100 предлози за новиот Закон за рударство, ќе се прифатат конструктивните


За новиот Закон за рударство, за кој јавноста имаше можност 30 дена да го разгледа првичниот текст на ЕНЕР, заклучно со вчера до кога траеше јавниот увид пристигнати се над 100 предлози од кои ќе бидат прифатени конструктивните, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).  Законот, посочуваат, уште во рана фаза беше …

Министерство за енергетика: Над 100 предлози за новиот Закон за рударство, ќе се прифатат конструктивните Read More »

„Рајанер“ ќе им плаќа на вработените 2,50 евра за отстранување на вишокот багаж


„Рајанер“ ќе им плаќа на вработените на аеродромите зголемен и неограничен бонус од 2,50 евра за секое парче рачен багаж што не е во согласност со прописите, објави извршниот директор на авиокомпанијата. Извршниот директор Мајкл О’Лири ја бранеше политиката на авиокомпанијата и рече дека месечното ограничување од 80 евра исто така ќе биде укинато, објавува …

„Рајанер“ ќе им плаќа на вработените 2,50 евра за отстранување на вишокот багаж Read More »

Трипуновски најавува нови мерки за млади земјоделци и поддршка за модернизација


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека продолжува интензивната поддршка за модернизација на земјоделството, при што посебен акцент се става и на младите земјоделци. – Како Министерство работиме во делот на модернизација на земјоделството, веќе се објавени низа јавни повици кои што значат стимулација на македонските земјоделци. Покрај стандардните и редовните ИПАРД …

Трипуновски најавува нови мерки за млади земјоделци и поддршка за модернизација Read More »

Горан Антевски доби пофалница од Министерството за надворешни работи на Јапонија


На 28 август, Министерството за надворешни работи на Јапонија ги објави добитниците на пофалница од министерот за надворешни работи, за 2025 година.  Министерството за надворешни работи додели пофалници на индивидуалци и групи со извонредни достигнувања на меѓународно ниво за нивниот придонес кон унапредување на пријателството помеѓу Јапонија и други земји, се вели во соопштението од …

Горан Антевски доби пофалница од Министерството за надворешни работи на Јапонија Read More »

Гувернерката на ФЕД, Лиса Кук, поднесе тужба против Трамп


Гувернерката на американските Федерални резерви (ФЕД), Лиса Кук, денеска поднесе тужба до федералниот суд во Вашингтон против претседателот на САД Доналд Трамп, поради неговата најава дека ќе ја смени од функцијата поради наводна хипотекарна измама. Во тужбата, Кук тврди дека обидот на Трамп да ја смени е незаконски, наведувајќи дека таа ќе остане активен член …

Гувернерката на ФЕД, Лиса Кук, поднесе тужба против Трамп Read More »

Амбасадорката Агелер на Kоридорот 8: Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата


Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10. Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Северна Македонија, туку претставуваат и …

Амбасадорката Агелер на Kоридорот 8: Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата Read More »

Американската економија порасна за 3,3 отсто во вториот квартал, посилно од очекуваното


Американската економија порасна со посилно од очекуваното темпо во вториот квартал, бидејќи потрошувачите и бизнисите ја издржаа нестабилноста на царините. Бруто домашниот производ порасна со годишна стапка од 3,3% во периодот април-јуни, објави Министерството за трговија во четврток во својата втора проценка на најшироката мерка за економска активност. Оценката беше подобра од почетната проценка од …

Американската економија порасна за 3,3 отсто во вториот квартал, посилно од очекуваното Read More »

Европските банки запреа милијарди евра плаќања преку ПејПал поради сомневање за измама


Европските банки блокираа повеќе од 10 милијарди евра плаќања преку PayPal поради сомнение за измама откако системот за проверка на измами откажа. Плаќањата беа запрени во понеделник откако заемодавателите пријавија милиони сомнителни директни дебити од PayPal што се појавија минатата недела, објави „Зидојче Цајтунг“. Портпаролот на PayPal изјави дека привремениот прекин на услугата влијаел на …

Европските банки запреа милијарди евра плаќања преку ПејПал поради сомневање за измама Read More »