Телефонскиот број 192 не е во функција, причините се технички, велат од СВР Скопје


 Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. -За било каква пријава или информација, граѓаните на Скопје можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 или телефонските броеви на полициските станици во населбите каде живеат, посочуваат од СВР Скопје и додаваат дека се преземаат мерки бројот 192 …

Телефонскиот број 192 не е во функција, причините се технички, велат од СВР Скопје Read More »

Пожар во Вардариште, цела Општина Аеродром без струја


Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот, се наведува во соопштението. Од …

Пожар во Вардариште, цела Општина Аеродром без струја Read More »

Путин и Си Џинпинг разговараа за најновите руско-американски контакти


Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за најновите руско-американски контакти, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка што се одржува во кинескиот град Тјенџин. – Да, нашиот претседател, пред сè, многу детално комуницираше, секако, со претседателот на Народна Република Кина. Седеа …

Путин и Си Џинпинг разговараа за најновите руско-американски контакти Read More »

Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата


Цените на нафтата паднаа во петокот, но и натаму се на пат за неделен раст, одразувајќи го напнатото балансирање помеѓу намалената потрошувачка по завршувањето на летната сезона во Соединетите Американски Држави и растечката неизвесност околу руските залихи на глобалниот пазар. Северноморската нафта од типот Брент за испорака во октомври падна на 68,09 долари за барел, …

Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата Read More »

Кремљ ја обвини Европа за попречување на напорите на Трамп за постигнување мир во Украина


Кремљ соопшти дека европските сили ги попречуваат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, додавајќи дека Русија ќе ги продолжи своите операции во Украина сè додека не види вистински знаци дека Киев е подготвен за мир. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на државните новинари дека „европската воена страна“ продолжува …

Кремљ ја обвини Европа за попречување на напорите на Трамп за постигнување мир во Украина Read More »

Норвешка купува британски фрегати


Норвешка ја избра британската понуда за купување на идните фрегати, што е дополнителен удар за француската поморска група Навал, која пред неколку дена веќе беше исклучена од мега-договорот за подморници во Канада. – Норвешка ќе купи британски фрегати за одбрана како дел од стратешкото партнерство со Велика Британија, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере на …

Норвешка купува британски фрегати Read More »

Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани


 Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. -Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското …

Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани Read More »

Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки


Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч. Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој …

Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки Read More »

Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“


 Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина. – Цврсто го повторувам мојот итен апел за итен прекин на огнот и сериозна посветеност на дијалог, рече папата за време на молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар. – За жал, војната во Украина продолжува да сее смрт и уништување. …

Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“ Read More »

ВРЕДИ и ДУИ во трка за гласовите на младите во Чаир


ВРЕДИ и ДУИ денеска во јавноста презентираа проекти за младите во Чаир. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:  Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за …

ВРЕДИ и ДУИ во трка за гласовите на младите во Чаир Read More »

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето


 Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата, да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап …

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето Read More »

Достапни повеќе од 200 електронски услуги: Кампања на Националниот портал uslugi.gov.mk


Министерството за дигитална трансформација денеска од Охрид ја почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk, преку кој граѓаните можат да добијат повеќе од 200 електронски услуги. Стартот на кампањата го означи ресорниот министер Стефан Андоновски, кој најави дека промоцијата на порталот ќе продолжи во сите градови низ државата, на плоштадите во парковите, но и …

Достапни повеќе од 200 електронски услуги: Кампања на Националниот портал uslugi.gov.mk Read More »

Филипче најави законско решение на СДСМ: Три денари повеќе по килограм за лозарите


СДСМ ќе понуди законско решение коешто се темели на барањата на лозарите, три денари повеќе по килограм произведено грозје. И законскиот предлог утре или задутре ќе го поднесеме во Собранието,  изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на настанот посветен на откривање на муралот во чест на 40 години „Бушава азбука“. …

Филипче најави законско решение на СДСМ: Три денари повеќе по килограм за лозарите Read More »

Израел ноќеска гранатираше предградија на Газа, Нетанјаху за вечерва го свикува безбедносниот кабинет


Израелската армија синоќа ги бомбардираше предградијата на Газа од воздух и од земја, уништувајќи домови и протерајќи семејства од областа, а безбедносниот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху вечерва треба да се состане за да разговара за план за освојување на градот. Локалните здравствени власти соопштија дека израелската армија убила најмалку 18 лица во синоќешните напади …

Израел ноќеска гранатираше предградија на Газа, Нетанјаху за вечерва го свикува безбедносниот кабинет Read More »

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог


Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси …

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог Read More »

Новата учебна година ќе ја започнат 177.800 основци и 67.200 средношколци, vештачката интелигенција влегува во наставата


Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските …

Новата учебна година ќе ја започнат 177.800 основци и 67.200 средношколци, vештачката интелигенција влегува во наставата Read More »

Тежок удар за Србија. До крајот на Евробаскетот ќе настапува без еден од најдобрите кошаркари


Богдан Богдановиќ (33), шутерот на српската кошаркарска репрезентација и еден од нејзините најдобри кошаркари, ќе го пропушти остатокот од Европското првенство поради скинат мускул на тетивата. Српските медиуми го објавија ова, опишувајќи го сето тоа како „шок“ и „вест од која се плашеа“. Капитенот на српската репрезентација се повреди на крајот од првото полувреме од …

Тежок удар за Србија. До крајот на Евробаскетот ќе настапува без еден од најдобрите кошаркари Read More »

Во Хрватска значително се зголеми употребата на лекови против дијабетес кои поттикнуваат и губење на тежина


  Во Хрватска во 2024 година се издадени 28 проценти повеќе лекови за дијабетес тип 2 кои исто така го поттикнуваат губењето на тежината, како семаглутид (Оземпик) и лираглутид (Саксенда), покажуваат податоците на ХАЛМЕД, кои ги пренесуваат хрватските медиуми. Се очекува понатамошен раст поради Вегови, првиот лек од групата семаглутиди одобрен исклучиво за губење на …

Во Хрватска значително се зголеми употребата на лекови против дијабетес кои поттикнуваат и губење на тежина Read More »

„Танцот на змејот и слонот“: Кина и Индија се партнери, а не соперници


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани. Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен …

„Танцот на змејот и слонот“: Кина и Индија се партнери, а не соперници Read More »

Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи


 Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле …

Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи Read More »