Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на настрешницата при што загинаа 16 луѓе


 Денеска се навршуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица. Според локалните медиуми, собири на граѓани повикаа на присуство на железничката станица и оддавање почит со 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 …

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на настрешницата при што загинаа 16 луѓе Read More »

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од …

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“ Read More »

Кошта заминува на „Тура низ главните градови“ на членките на ЕУ


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ја започнува својата тринеделна турнеја низ земјите на ЕУ насловена „Тура низ главните градови“, чија цел е размена на мислења со шефовите на држави или влади на членките на Унијата за состојбата во блокот и за подготовките на претстојните самити.  – Во текот на следните три недели ќе …

Кошта заминува на „Тура низ главните градови“ на членките на ЕУ Read More »

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген


 Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген.  Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата …

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген Read More »

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори


На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври.  Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 …

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори Read More »

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци


Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.   …

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци Read More »

Седници на неколку собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67. пленарна седница, прва по официјалното завршување на годишиот одмор на пратениците.   На дневен ред на Комисијата за финансирање …

Седници на неколку собраниски комисии Read More »

Сончево со умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од …

Сончево со умерена облачност Read More »

Силен земјотрес го погоди Авганистан, најмалку 250 загинати и над 500 повредени


Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, …

Силен земјотрес го погоди Авганистан, најмалку 250 загинати и над 500 повредени Read More »

Анализа на „Скајњус“: Како понижувањето на индискиот премиер од страна на Трамп го турна Моди во прегратка на Путин и Си


По бурните денови на настанот „Howdy Modi“ (Здраво Моди) во Хјустон (масовниот митинг пред 50 илјади присутни во Тексас во 2019. заб.) и мега шоуто „Namaste Trump“ во Ахмедабад, каде што стадионот беше преполн со над 100.000 луѓе за да го пречекаат американскиот претседател и неговото семејство, понижувањето од страна на неговиот „вистински пријател“ го …

Анализа на „Скајњус“: Како понижувањето на индискиот премиер од страна на Трамп го турна Моди во прегратка на Путин и Си Read More »

Еколози ја испрскаа со боја фасадата на црквата Саграда Фамилија во Барселона


Две климатски активистки денеска ја испрскаа со црвена боја фасадата на црквата Саграда Фамилија во Барселона, протестирајќи против неактивноста за решавање на климатската криза, која еколозите ја сметаат за одговорна за шумските пожари што ја опустошија Шпанија. Во видео снимка објавена од здружението Futuro Vegetal на социјалните мрежи, се гледаат активистите како ги апсат припадници …

Еколози ја испрскаа со боја фасадата на црквата Саграда Фамилија во Барселона Read More »

Шпанија: Најлошата фаза од шумските пожари заврши, следува постојан надзор


Најлошата фаза од шумските пожари што ја зафатија Шпанија заврши, а се премина на мерки на претпазливост и постојан надзор, со што е завршена една од најтешките сезони на пожари во поновата историја на земјата. Во пожарите во Шпанија досега изгореа над 300.000 хектари, четири лица ги загубија животите, а 48 се повредени, соопштија денеска …

Шпанија: Најлошата фаза од шумските пожари заврши, следува постојан надзор Read More »

Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче


Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини. Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај …

Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче Read More »

СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција


Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните …

СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција Read More »

Руски научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот


Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап заснован на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици …

Руски научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот Read More »

Ф1: Пјастри ја освои ГН на Холандија


Австралиецот Оскар Пјастри во болидот на Мекларен победи на Големата награда на Холандија која денеска се одржа на патеката во Зандворт. Ова беше седма победа на Пјастри оваа сезона и деветта во неговата кариера. Тимскиот колега на Пјастри и конкурент за титулата, Ландо Норис, се откажа во 65-от круг поради технички проблеми. Холанѓанецот Макс Верстапен …

Ф1: Пјастри ја освои ГН на Холандија Read More »

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето


Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. -По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, …

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето Read More »

Тензии пред посетата на фон дер Лајен на фабриката за оружје во Бугарија


Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на најголемиот државен производител на оружје во Бугарија во неделата предизвика протести од националистичките партии, откривајќи ги домашните тензии околу растечката улога на земјата како центар за производство на оружје. Шефицата на Комисијата требаше да го придружува бугарскиот премиер Росен Жељазков во најголемото државно воено …

Тензии пред посетата на фон дер Лајен на фабриката за оружје во Бугарија Read More »

Потребна е силна одбрана против „предаторот“ Путин, им порача фон дер Лајен на Полјаците


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се воздржа од зборови кон рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на границата на Полска со Белорусија во неделата. „Тој е предатор“, рече фон дер Лајен. „Знаеме од искуство дека може да се држи под контрола само преку силна одбрана“, рече таа. „Мораме да …

Потребна е силна одбрана против „предаторот“ Путин, им порача фон дер Лајен на Полјаците Read More »

Зеленски најави нови напади на територијата на Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува планови за нови напади на територијата на Руската Федерација. Неговите зборови ги пренесе Телеграм каналот на украинскиот весник „Страна.уа“, повикувајќи се на обраќањето на шефот на државата по тестирање нови домашни ракети. Зеленски нагласи дека Украина располага со неопходни средства и инфраструктура за продолжување на офанзивните операции. …

Зеленски најави нови напади на територијата на Русија Read More »