Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со …

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи Read More »

Трамп: Имав одличен однос со Путин. Сега сум многу разочаран


Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го разочарал, а шпекулациите за неговото лошо здравје ги отфрли како „лажни вести“. Во интервју за радио емисијата „The Scott Jennings Radio Show“, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин и додаде, без да даде детали, дека неговата администрација …

Трамп: Имав одличен однос со Путин. Сега сум многу разочаран Read More »

Собранието на Република Српска избра нова Влада, експертите и опозицијата го оспоруваат легитимитетот


Народното собрание на Република Српска вечерва избра нова Влада, чиј легитимитет го оспоруваат правните експерти и опозицијата. Сава Миниќ е избран за премиер со 50 гласа „за“ од 83 пратеници, додека двајца се изјасниле „против“. Со идентичен број гласови избрани се и министрите во Владата на Миниќ, а еден пратеник бил „против“. Посебната седница на …

Собранието на Република Српска избра нова Влада, експертите и опозицијата го оспоруваат легитимитетот Read More »

Трамп: Штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама


Претседателот на САД, Доналд Трамп во денешното обраќање од Овалната соба соопшти дека Штабот на Вселенската команда од сојузната држава Колорадо ќе биде преместен во Алабама. – Штабот на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Рокет Сити, наведе Трамп. Тој додаде дека …

Трамп: Штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама Read More »

За шест месеци од албанско државјанство се откажале 103 лица


Во првата половина од годинава, од албанско државјанство се откажале 103 лица, а во истиот период минатата година се откажаа 315 луѓе. – Значителен дел од граѓаните кои се откажуваат од албанскиот пасош е поради стекнување друго државјанство, како што се германско или француско, чии закони не дозволуваат двојно државјанство, објави „јуроњуз.ал“ (eurоnews.al). Според статистиката …

За шест месеци од албанско државјанство се откажале 103 лица Read More »

Евробаскет 2025: Дончиќ ја однесе Словенија во осминафиналето


 Најдобриот кошаркар на Словенија Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до нова победа на Европското првенство. Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79. Ова за словенечката репрезентација беше втора победа, која им овозможи пласман во осминафиналето. Во првиот дуел од 4.коло од Д групата Израел ја победи Белгија …

Евробаскет 2025: Дончиќ ја однесе Словенија во осминафиналето Read More »

Ѓоковиќ продолжува да испишува тениска историја


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да пишува нови страници во тениската историја. Годините не се пречка за Ѓоковиќ и победите на Грен слем турнирите.  Тој со 38 години и 94 дена стана највозрасниот тенисер кој успеал да игра во четвртфиналето на сите Грен слем турнири во една сезона. Ѓоковиќ за пласман во четвртфиналето на УС …

Ѓоковиќ продолжува да испишува тениска историја Read More »

Мадуро се пофали со нов мобилен телефон: „Ми го даде Си. Дури ни грингосите не можат да го прислушкуваат“


На прес-конференција во Каракас, венецуелскиот претседател Николас Мадуро покажа автомобил од марката Хуавеи за кој рече дека е подарок од кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој го нарече „најнапредниот и најбезбеден телефон во светот“, отпорен на какво било прислушкување, дури и преку сателит. „Дури ни грингосите не можат да го прислушкуваат“, рече Мадуро, осврнувајќи се на …

Мадуро се пофали со нов мобилен телефон: „Ми го даде Си. Дури ни грингосите не можат да го прислушкуваат“ Read More »

Нови 15 милиони евра задолжување од Светска банка за основното образование, опозицијата вели за една година сме се задолжиле 1,8 милијарди евра


Собранието на денешната 67. седница на на понатамошно второ читање проследи неколку предлог-закони, меѓу кои и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование. Заменик-министерот за финансии, Николчо …

Нови 15 милиони евра задолжување од Светска банка за основното образование, опозицијата вели за една година сме се задолжиле 1,8 милијарди евра Read More »

Божиновска: Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и јавно приватни партнерства достапни на граѓаните


Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и ЈПП, достапни на граѓаните, истакнала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешниот владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт, на кој се зборувало за напредокот и заложбите на институциите. Како што се наведува во соопштението …

Божиновска: Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и јавно приватни партнерства достапни на граѓаните Read More »

Над 1.000 даночни обврзници во Грција нелегално добиле 22,67 милиони евра од европските земјоделски субвенции


 Вкупно 1.036 даночни броеви во Грција добиле нелегални субвенции во вкупен износ од 22,67 милиони евра, соопшти министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, презентирајќи ги резултатите од полициската истрага за скандалот со Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Министерот …

Над 1.000 даночни обврзници во Грција нелегално добиле 22,67 милиони евра од европските земјоделски субвенции Read More »

Најавена е изградба на голем гасовод што ќе ги поврзува Русија и Кина


Договор меѓу лидерите на Русија, Кина и Монголија резултираше со потпишување на правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ што ќе испорачува руски гас во Кина и изградба на транзитниот гасовод „Сојуз-Восток“ за негова испорака низ Монголија, изјави Алексеј Милер, извршен директор на рускиот „Гаспром“. Шефот на „Гаспром“ ја објави изградбата …

Најавена е изградба на голем гасовод што ќе ги поврзува Русија и Кина Read More »

Инфлацијата во еврозоната во август 2,1 отсто, над очекувањата


  Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,1 отсто во август, покажаа најновите податоци од статистичката агенција Евростат во вторник. Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа стапката да остане непроменета од јули на 2%. Основната инфлација, која ги исклучува понестабилните цени на храната, енергијата, алкохолот и тутунот, беше непроменета од 2,3% во јули. Во меѓувреме, внимателно …

Инфлацијата во еврозоната во август 2,1 отсто, над очекувањата Read More »

Цената на златото надмина 3.500 долари, достигна нов рекорд


Цената на златото скокна на рекордно високо ниво во вторник, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец. Спот златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во …

Цената на златото надмина 3.500 долари, достигна нов рекорд Read More »

„Револут“ проценет на 75 милијарди долари


„Револут“ (Revolut, т.н. необанка, која работи исклучиво користејќи онлајн банкарство без традиционални физички филијали, заб.) започна процес преку кој некои вработени ќе можат да ги продадат своите акции во компанијата по вкупна проценета вредност од 75 милијарди долари. Таканаречената секундарна продажба ја проценува секоја акција на 1.381,06 долари, според интерен меморандум до вработените што го …

„Револут“ проценет на 75 милијарди долари Read More »

Манчестер сити го објави трансферот на Донарума


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, стана играч на Манчестер сити, објави прес-службата на „Граѓаните“. Дваесет и шестгодишниот Донарума потпиша договор за пет сезони, до 2030 година. Претходно Донарума бранеше за ПСЖ од 2021 година. Одигра 161 натпревар, прими 156 гола и 56 пати не прими гол.  Како дел од Парижаните, голманот стана четирикратен шампион на Франција, …

Манчестер сити го објави трансферот на Донарума Read More »

Филипче: Предлагаме измени на Законот за вино, дополнителни три денари по килограм предадено грозје


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со пратеничката група на партијата денеска поднесе предлог-закон за измена на Законот за вино, со цел да се обезбеди вистинска и правична финансиска поддршка за лозарите. „По серијата средби со лозарите во Скопје, Кавадарци и Неготино, се наметна потребата за итна измена на законот. Предлагаме дополнителна субвенција од три …

Филипче: Предлагаме измени на Законот за вино, дополнителни три денари по килограм предадено грозје Read More »

„Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар. Еве ја точната локација


Малопродажниот синџир „Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар во Општина Аеродром во Скопје, во непосредна близина на ТЦ „Лиса“ и црквата Света Софија. Утре во 11 часот ќе биде поставен камен темелник за идниот маркет. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на …

„Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар. Еве ја точната локација Read More »

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап


Дубаи, симбол на луксуз и едно од најпосакуваните места за британските иселеници, станува сѐ помалку атрактивен поради наглото зголемување на трошоците за живот. Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот. Според финансискиот директор на осигурителната компанија …

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап Read More »

Продолжуваат спасувачките операции по катастрофалниот земјотрес во Авганистан, над илјада загинати


Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на …

Продолжуваат спасувачките операции по катастрофалниот земјотрес во Авганистан, над илјада загинати Read More »