Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Пленарна седница за поставување пратенички прашања се одржува еднаш во месецот и тоа секој последен четврток.. Први за поставување пратенички прашања на премиерот и министрите се вообичаено пратениците од опозициските партии.