Советот за животна средина на ЕУ ќе расправа за новите климатски цели на блокот


Измените на европскиот Закон за климата со кои се предлага воспоставување нови обврзувачки климатски цели на ЕУ до 2040 година, ќе биде главната тема на Советот за животна средина на Европската Унија што денеска се одржува во Брисел.  Според најавите, министрите за животна средина на земјите членки ЕУ ќе одржат политичка дебата по предлогот на …

Советот за животна средина на ЕУ ќе расправа за новите климатски цели на блокот Read More »

Најавени 150 милијарди фунти инвестиции од САД во Велика Британија за време на втората државна посета на Трамп


Американски инвестиции во вредност од вкупно 150 милијарди фунти беа објавени за време на втората државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија. Околу 7.600 „висококвалитетни“ работни места ќе бидат создадени во Обединетото Кралство како резултат на приливот на пари од големите американски компании, соопшти британската влада. Британскиот премиер Кир Стармер го поздрави …

Најавени 150 милијарди фунти инвестиции од САД во Велика Британија за време на втората државна посета на Трамп Read More »

Трибина: „Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM“


Во Скопје денеска ќе се одржи јавна трибина „Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM” посветена на заштитата на децата од онлајн сексуална злоупотреба и материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца (CSAM) – како еден од најсериозните предизвици во дигиталната ера. Трибината има за цел да обезбеди сеопфатна анализа на актуелната …

Трибина: „Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM“ Read More »

Koнференција за мускулна дистрофија тип Душен и Бекер


Втора конференција за мускулна дистрофија тип Душен и Бекер на тема „Семејство – срцето на грижата“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на граѓани Мускулна Дистрофија Асоцијација Македонија (МДАМ). На отворањето на конференцијата ќе се обрати претседателот на МДАМ, Ване Петридов, кој е татко на лице со мускулна дистрофија тип Душен. …

Koнференција за мускулна дистрофија тип Душен и Бекер Read More »

Балканска средба на писатели


Во Културниот центар „Феникс“ денеска ќе се одржи поетска средба со српските писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ. Масловариќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија, а Даниловиќ е координатор за словенските земји на Светската академија за поезија под патронат на УНЕСКО со седиште во Верона (Италија). Поетите Масловариќ и Даниловиќ се годинашни добитници …

Балканска средба на писатели Read More »

Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација


Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк. -Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Белата куќа ја објави изминатите денови својата …

Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација Read More »

„Тајмс“: Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд


Велика Британија официјално ќе признае палестинска држава во текот на викендот, по завршувањето на посетата на земјата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се спротивставува на таквата одлука, објави британскиот весник „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе мерки доколку Израел не преземе мерки за ублажување на страдањата на населението …

„Тајмс“: Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд Read More »

Македонија доби „виза“ од ЕЗ за методологијата за енергетска сиромаштија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар е потврдено дека документот е во согласност со европските стандарди и со обврските кои произлегуваат од Директивата (ЕУ) 2019/944, која ги задолжува земјите да воспостават и …

Македонија доби „виза“ од ЕЗ за методологијата за енергетска сиромаштија Read More »

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил


Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, што ќе се одржи од денеска до 21 септември во бугарскиот град Ќустендил.  Во претставата играат актерите Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар …

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил Read More »

Почнува кампањата „Катастар до тебе“


 Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром. Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат …

Почнува кампањата „Катастар до тебе“ Read More »

Во МСУ самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“


Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс.  „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во …

Во МСУ самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“ Read More »

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево


Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето …

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево Read More »

Болсонаро има рак на кожа


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше отпуштен од болница во неделата откако беше примен вчера поради гадење, вртоглавица и низок крвен притисок. Здравствената состојба на поранешниот претседател се подобри, но тој ќе продолжи да биде следен, соопшти болницата ДФ Стар во Бразилија. 70-годишниот Болсонаро веќе беше во болница во неделата за отстранување на кожни лезии. …

Болсонаро има рак на кожа Read More »

Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори


Според извештајот на Европскиот суд на ревизори објавен денес, недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено ќе бидат недостапни. Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. …

Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори Read More »

ФЕД ја намали основната камата прв пат оваа година поради слабиот пазар на трудот


Американските Федерални резерви (ФЕД) за првпат годинава ја намалија основната каматна стапка за 0,25 процентни поради слабиот пазар на трудот, со опсег што сега е помеѓу 4 и 4,25 отсто, соопшти денеска Одборот на гувернери во Вашингтон, јави ДПА. ФЕД, исто така, соопшти дека сега очекува земјата годинава да има повисок економски раст од претходно …

ФЕД ја намали основната камата прв пат оваа година поради слабиот пазар на трудот Read More »

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, по повод годишнината од презентацијата на извештајот на поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, за иднината на европската конкурентност, изјави дека Европската Унија ја губи конкурентноста и дека „бриселските бирократи сè уште не го сфаќаат тоа сериозно“. „Пред една година, Марио Драги предупреди во Будимпешта дека конкурентноста на Европската унија …

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат Read More »

ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево


На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, 
селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината …

ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево Read More »

Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза


По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за , како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото …

Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза Read More »

Во Летонија приведено едно лице под сомнение дека шпионирал во корист на Русија


Службата за безбедност на Летонија денеска соопшти дека минатиот месец привела летонски државјанин осомничен за шпионирање во корист на Русија. Приведениот, чиј идентитет не е откриен, „им обезбедувал на руските разузнавачки и безбедносни служби информации за локациите, плановите и безбедносните мерки“ на летонските воени објекти, како и за „изградбата на нови воени објекти, вежбите и …

Во Летонија приведено едно лице под сомнение дека шпионирал во корист на Русија Read More »

Еве како изгледа логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра, го посети премиерот Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година. Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места,  а во изградбата Лидл соработува со над …

Еве како изгледа логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра, го посети премиерот Мицкоски Read More »