Просечната плата ќе продолжи да расте, до јуни ќе биде 30.000 денари, вели Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува во јуни годинава кога се заокружуваат 4 години од владењето на оваа Влада, просечната плата да стаса до 30.000 денари. Показателите за јануари и февруари, како што вели,  се оптимистички. Доколку епидемиолошката ситуација се влоши и има потреба од дополнителни мерки, најавува дека Владата е подготвена да делува …

Просечната плата ќе продолжи да расте, до јуни ќе биде 30.000 денари, вели Битиќи Read More »

ЕК отвора истрага за рестрикциите за увоз на челик


Европската Комисија соопшти дека отвора истрага за да утврди дали мерките за ограничување на увозот на челик треба да се продолжат после јуни 2021, јавува дописничката на МИА од Брисел. Овие мерки беа воведени откако американската администрација на Доналд Трамп воведе слични ограничувања во САД, предизвикувајќи серија рестрикции за увоз во ЕУ. Мерките се во …

ЕК отвора истрага за рестрикциите за увоз на челик Read More »

Во тек e исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците


Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени  87.036.280 денари. – Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците …

Во тек e исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците Read More »

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот


Нов дом, нов лик на домот или остварување на други желби може да си обезбедат граѓаните оваа пролет со најновите кредити на Комерцијална банка, креирани за да ги задоволат нивните потреби така како што ним најмногу им одговара. Ненаменскиот потрошувачки кредит овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет. Со најновите услови, кредитот …

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот Read More »

Бачовски: Исплатени 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки во земјоделството


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска исплати субвенции во висина од 238,6 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, попознато како ПОМ, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во …

Бачовски: Исплатени 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки во земјоделството Read More »

„Македонски телеком“ за 2,3 проценти ги зголеми приходите од продажба во 2020


Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година, соопшти денеска компанијата. Оттаму велат дека оствариле позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето …

„Македонски телеком“ за 2,3 проценти ги зголеми приходите од продажба во 2020 Read More »

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне


Под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради Ковид пандемијата, в понеделник точно на пладне во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП ќе се одржи собир пред Владата на кој ивент компаниите ќе побараат од Владата да изнајде начин да им …

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне Read More »

Советот на НБ привремено ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките


Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците, соопшти Народната банка.  Како што беше истакнато на седницата, со појавата на пандемијата на Ковид-19, Народната банка донесе повеќе мерки за монетарно олабавување …

Советот на НБ привремено ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките Read More »

Мајк Тајсон повика на бојкот на новиот биографски документарец за него


Пензионираниот американски боксер Мајк Тајсон повика на бојкот на новонајавената документарна серија на стрим-платформата Хулу за неговиот живот. „Најавата на Хулу за снимање на неовластена мини-серија врз основа на приказната за Тајсон, без надомест, за жал, не е изненадувачка. Оваа спектакуларна најава на филм за социјалните нееднаквости во нашата земја е одличен пример за тоа …

Мајк Тајсон повика на бојкот на новиот биографски документарец за него Read More »

Шефицата на Делегацијата на Венецуела во Брисел прогласена за „персона нон грата“ во ЕУ


Европска Унија синоќа ја прогласи за непожелна личност шефицата на Делегацијата на Венецуела во Брисел, Клаудиа Салерно, откако Каракас ја протера амбасадорката на ЕУ, Исабел Бриланте Педрос.   Примена на реципрочни мерки против Венецуела предложи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.   Бриланте Педрос доби рок од 72 часа да ја напушти Венецуела откако Владата …

Шефицата на Делегацијата на Венецуела во Брисел прогласена за „персона нон грата“ во ЕУ Read More »

Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан


На 74 години вчера почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе од Бразил. Тажната вест ја објави Интернационалната традиционална карате федерација каде Сенсеи Ватанабе беше претседател на Шихан-Каи комитетот на ИТКФ. Ватанабе во 1972 година на првиот светски шампионат во Париз, Франција стана светски шампион во кумите-борби. По завршување на неговата натпреварувачка …

Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан Read More »

До крајот на јуни е можно во Бугарија да има два милиона ревакцинирани граѓани


Директорот на софиската болница за итна помош „Пирогов“,  проф.д-р Асен Балтов, изјави дека од јуни ќе може да се живее малку помирно, бидејќи дотогаш два милиона бугарски граѓани ќе можат да бидат ревакцинирани. Балтов за НОВА ТВ изјави дека  вакцинација им е потребна на околу четири милиони бугарски граѓани, а доколку успеат да се вакцинираат …

До крајот на јуни е можно во Бугарија да има два милиона ревакцинирани граѓани Read More »

Сончево со температура до 22 степена


Сончево и топло време со максимална температура до 22 степена ќе преовладува денеска во земјава. Во Скопје слично време со максимална температура до 20 степени. Утринските температури, освен во Берово и Маврово, насекаде се над нулата. Најтопло е во Крушево и Виница каде утринава се измерени пет степени.

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година во втората селекција одбра девет романи кои останаа во конкуренција за добивање на оваа престижна награда. На годинашниот конкурс пристигнаа 41 роман, а жири комисијата во првата селекција одбра 18 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција …

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“ Read More »

„Телеграф“: Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот


Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“. Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми. Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за …

„Телеграф“: Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот Read More »

Концерт на Јордан Костов Квинтет вечер во МКЦ


Јордан Костов Квинтет вечер во 20 часот ќе има концерт во кино „Фросина“, Младински културен центар. Како што најави дискографската куќа „ПМГЏЕЗ“, во Младинскиот културен центар ќе биде реализирана серија од три концерти во живо на македонска џез музика и современа класика, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.   Јордан Костов е композитор, хармоникаш и …

Концерт на Јордан Костов Квинтет вечер во МКЦ Read More »

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите


Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето. Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека …

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите Read More »

Епилог за „Таргет-Тврдина“ – ќе биде објавена пресудата за нелегалното прислушување


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде …

Епилог за „Таргет-Тврдина“ – ќе биде објавена пресудата за нелегалното прислушување Read More »

„Боинг“ се согласи да плати 6,6 милиони долари казна за непочитување на безбедноста


Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека компанијата „Боинг“ се согласила да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година. Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг“ се согласил да ги промени своите внатрешни процеси …

„Боинг“ се согласи да плати 6,6 милиони долари казна за непочитување на безбедноста Read More »

Денеска Мијалков ќе ја чуе пресудата за „Таргет-Тврдина“, Бошковски и Грујевски одлуката ќе ја дознаат во азил


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, сепак, во Северна Македонија ќе ја чуе пресудата за „Таргет- Тврдина“, за разлика од Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои за одлуката на судот ќе дознаат додека се наоѓаат стотици километри јужно од границата, односно во Грција каде што побегнаа за да …

Денеска Мијалков ќе ја чуе пресудата за „Таргет-Тврдина“, Бошковски и Грујевски одлуката ќе ја дознаат во азил Read More »