Ерменската опозиција го блокира влезот во парламентот во Ереван


Неколку стотици опозициски активисти се собраа синоќа пред ерменскиот Парламент, во центарот на Ереван, јави Тасс. Околните улици и официјалниот влез беа опколени од полиција, а ситуацијата беше мирна, без конфликти. Демонстрантите на повеќе места во центарот на градот запалија оган и пееја патриотски песни, а скандираа и дека „премиерот Никол Пашинијан отсекогаш бил предавник“. …

Ерменската опозиција го блокира влезот во парламентот во Ереван Read More »

Во Естонија на сила построги мерки до 11 април


Владата на Естонија, со цел да се запре ширењето на Ковид-19, забрани собири на повеќе од две лица, ги затвори сите продавници освен прехранбените и им дозволи на рестораните да обезбедуваат само услуги за насоње или испорака. Основните училишта преминуваат на онлајн настава, како и средношколците кои учат од своите домови од почетокот на март, пишува …

Во Естонија на сила построги мерки до 11 април Read More »

Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби


Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена …

Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби Read More »

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи


На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со …

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи Read More »

Расте бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19


Бројот на новозаболени од Ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со Ковид-19, 22 пациенти починаа, а 412 пациенти се оздравени. На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со Ковид-19 од кои 353 …

Расте бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 Read More »

„Агендата Европа дома“ влог во европската агенда на земјата


Сеопфатен план со јасни задачи и рокови за сите институции во системот во насока на обезбедување фокус и отчетност на реформските чекори за 2021 година, а со цел европеизација на општеството, треба да донесе „Агендата Европа дома“. На презентацијата на документот на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев вчера истакна дека во  „Агенда Европа дома“ …

„Агендата Европа дома“ влог во европската агенда на земјата Read More »

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“


Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитетите и …

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“ Read More »

Минималната потрошувачка кошничка повисока од просечната плата


Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби. Во споредба со просечната плата исплатена во декември како последен објавен официјален податок од Државниот завод за статистика, минималната потрошувачка кошничка е за речиси 5.500 денари повисока. Најмногу …

Минималната потрошувачка кошничка повисока од просечната плата Read More »

Облачно со дожд и снег на планините


Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), …

Облачно со дожд и снег на планините Read More »

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина, Мицотакис повика на воздржаност


Грчки полицаец е повреден во главата во вторникот вечерта во судир во предградието на Атина на протест на кој присуствувале 5.000 лица против „полициското насилство“, соопшти полицијата. Полициски службеник кој се здобил со тешка повреда на главата бил пренесен во болница, објави полицијата. „Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста“, изјави грчкиот премиер …

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина, Мицотакис повика на воздржаност Read More »

Студија: Една доза од вакцината на Фајзер обезбедува голема заштита


Со една доза од вакцината Фајзер се постигнува речиси целосна ефикасност околу 11 дена по инјектирањето, па може да се покаже дека втората доза не е потребна, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн. – Ова е вест што може да донесе оптимизам. Ефикасноста на мРНА вакцините против Ковид започнува на 11-тиот …

Студија: Една доза од вакцината на Фајзер обезбедува голема заштита Read More »

Шпанија, Грција и Хрватска со најголем пад на БДП во ЕУ


Хрватска е меѓу групата земји на ЕУ што забележа најголем годишен пад на БДП во четвртиот квартал 2020 година, заедно со Грција и Шпанија, според истражувањето на европскиот завод за статистика Евростат. Според сезонски прилагодените податоци, Шпанија забележа најголем пад на економската активност во последните три месеци од минатата година, 9,1 отсто во споредба со …

Шпанија, Грција и Хрватска со најголем пад на БДП во ЕУ Read More »

Иницијатива „Елем турс“, кој управува со ски центарот Попова Шапка, да се одвои од ЕСМ


Владата на денешната 51.седница ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Северна Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата. Во оваа иницијатива учествуваат Министерството за економија, Елем Турс Скопје, Управата за животна средина …

Иницијатива „Елем турс“, кој управува со ски центарот Попова Шапка, да се одвои од ЕСМ Read More »

Медиуми: Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја продолжи соработката со екипата на Милан, јавувија денеска италијанските медиуми Ибрахимовиќ го продолжил договорот со Милан за уште една година за плата од седум милиони евра. Искусниот 39-годишен напаѓач досега сезонава одигра 14 натпревари и постигна исто толку голови во италијанското првенство. По 26 кола во Серија А, екипата на …

Медиуми: Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан Read More »

Се продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност


Продолжување на мерката-ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година во насока на поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка, чиј текст го …

Се продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност Read More »

Лев ја напушта клупата на Германија по Европското првенство


Германскиот селектор Јоаким Лев ќе отстапи од должноста по завршувањето на Европското првенство ова лето, соопшти денеска Фудбалската федерација на Германија (ДФБ). Лев, кој ја презеде германската репрезентација во 2006 година и со која во 2014 година на Мундијалот во Бразил ја освои светската титула, има договор со ДФБ до 2022 година. -Свесно се одлучив на овој чекор, исполнет со гордост и …

Лев ја напушта клупата на Германија по Европското првенство Read More »

Грција од 14 мај ги отвора границите за туристи, еве под кои услови


Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи, но влезот во земјата ќе биде под одредени услови. Оворањето на грчкиот туризам се очекува на 14 мај и според зборовите на министерот за туризам Харис Теохарис, Грција ќе може да ја гарантира безбедноста на сите свои гости. До тогаш, ограничувањата за патување постепено ќе бидат …

Грција од 14 мај ги отвора границите за туристи, еве под кои услови Read More »

Изгласани измени на Законот за тутун, рокот за откуп продолжен за еден месец


Собранието денеска едногласно го донесе Законот за изменување и дополнување на Закон за тутун, предложен од група пратеници од владејачкото мнозинство. Сите пратенички групи се согласија дека треба да им се помогне на тутунопроизводителите и да се продолжи рокот за откуп на тутун за еден месец. Но, не изостанаа и меѓупартиските препирки, кој повеќе се грижи за …

Изгласани измени на Законот за тутун, рокот за откуп продолжен за еден месец Read More »

Што ќе содржи дигиталниот сертификат за патување


Податоци за вакцинација, негативен резултат од ПЦР тест или антитела, се трите основни елементи што треба да ги содржи сертификатот за вакцинација, според потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас, кој во интервју за грчката телевизија ЕРТ, вели дека усвојувањето на предлозите на европско ниво, заедно со техничкиот дел за сертификатот, треба да завршат пред летото, …

Што ќе содржи дигиталниот сертификат за патување Read More »

Седумнаесет држави примиле вакцини од истата серија чија употреба е запрена во Австрија


Австрија е една од 17-те европски земји кои добиле дози од серијата вакцини на АстраЗенека, чија употреба ја запреа австриските власти поради истрага на смртен случај и болест по нивната употреба, изјави денеска  висок здравствен службеник, пренесува Хина. Медицинска сестра (49) во Цветл, град северозападно од Виена, починала од сериозно нарушување на коагулацијата на крвта …

Седумнаесет држави примиле вакцини од истата серија чија употреба е запрена во Австрија Read More »