Бразил втор ден по ред има повеќе од 2.000 починати од Ковид-19


Бразил во последните 24 часа регистрира 2.233 смртни случаи од Ковид-19, со што втор ден по ред бројот на починати надмина 2.000, а регистрирани се 75.412 новозаразени, соопшти синоќа Министерството за здравство. Во јужноамериканската земја од почетокот на пандемијата имало 11.2777.717 случаи на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека официјалниот број на смртни случаи се искачи на 272.889. Тоа е …

Бразил втор ден по ред има повеќе од 2.000 починати од Ковид-19 Read More »

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет


Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи …

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет Read More »

Болниците сѐ пооптоварени, од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има дополнителни мерки


Здравествените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки. На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје се …

Болниците сѐ пооптоварени, од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има дополнителни мерки Read More »

Сончево и потопло, до 14 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 8 до 14 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и …

Сончево и потопло, до 14 степени Read More »

Австралиската Влада ја поддржа кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032


Намерата на Бризбејн да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од австралискиот премиер Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата. – Сите нивоа на Владата соработуваат на кандидатурата на Бризбејн 2032 и нема ништо да препуштиме на случајноста. Сакаме да бидеме партнер …

Австралиската Влада ја поддржа кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032 Read More »

(Галерија) На „свадба“, засега, само пред Владата


Уште една импровизирана „свадба“ со маси и столици денес беше организирана пред Владата на која угостителите регистрирани за свечености и настани, како и сопствениците и вработените во ноќните клубови побараа да им се дозволи да продолжат да работат, согласно протоколи. Тие веќе една година не смеат да ја извршуваат дејноста за која се регистрирани, заради …

(Галерија) На „свадба“, засега, само пред Владата Read More »

Почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77


По кратко боледување денеска почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77, познат медиумски работник, основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија и човек кој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава. Гаврилов имаше 54 години. Како еден од пионерите во медиумскиот простор по осамостојувањето на Македонија, тој …

Почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77 Read More »

Бектеши: Компаниите да аплицираат за мерките објавени од Министерството за економија


Поддршката за бизнис заедницата ќе продолжи, заинтересираните компании да аплицираат и да ги искористат мерките кои се објавени од Министерството за економија, за конкурентност, иновативност и претприемништво, порача министерот за економија Крешник Бектеши кој оцени дека мерките ќе овозможат на компаниите да го развијат бизнисот. – Веќе се објавени мерките за поддршка на микро и малите претпријатија, …

Бектеши: Компаниите да аплицираат за мерките објавени од Министерството за економија Read More »

Немањето кворум го одложи гласањето за заем од Светска банка за енергетска ефикасност во јавниот сектор


Во Собранието заврши општиот претрес за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, кој е 8 точка од 20-тата седница и за кој се дебатираше два дена. Гласањето по оваа точка, ќе биде дополнително …

Немањето кворум го одложи гласањето за заем од Светска банка за енергетска ефикасност во јавниот сектор Read More »

Поддршка за над 10 илјади лица со Оперативниот план за активни мерки за вработување


За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица. При имплементација на мерките од планот ќе бидат почитувани три принципи – принцип на побрзо враќање на работа на лицата кои го …

Поддршка за над 10 илјади лица со Оперативниот план за активни мерки за вработување Read More »

Тутунарите повторно на потест, бараат побрз откуп и повисоки цени


Tутунарите од петте новоформирани здруженија денеска два часа, од 12 до 14 часот, го блокираа патиот правец Прилеп – Плетвар на излезот од градот, барајќи, меѓу другото, побрзо да се откупи вишокот тутун по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат …

Тутунарите повторно на потест, бараат побрз откуп и повисоки цени Read More »

Битиќи не исклучува да продолжи рокот за поддршка за плати, но апелира пратениците да го донесат побрзо законот


Петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид кризата е донесен за граѓаните и тоа што треба да го направат пратениците за неговото донесување е да си ја работат работата како и сите други во државата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е …

Битиќи не исклучува да продолжи рокот за поддршка за плати, но апелира пратениците да го донесат побрзо законот Read More »

Ќе продолжи поддршката за угостителите кои организираат свадби, за сега остануваат затворени, вели Бектеши 


Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши од Куманово по посетата на компаниите. -И во други наврати сме навеле и сега ќе повторам, дека за нас, како Влада секако е неприфатливо да донесеме …

Ќе продолжи поддршката за угостителите кои организираат свадби, за сега остануваат затворени, вели Бектеши  Read More »

Електричари и текстилци се шумочувари, шумската полиција нема интернет, возила и ИТ опрема, а кубуриме и со инспектори


Земјава нема системски, интегрален пристап за чување и заштита на шумите. Располагаме со вкупно 14 инспектори на околу еден милион хектари шума, шумочувари се електричари и текстилци, а преку 20 години си играме и шумска полиција – институцијата е се уште без основни средства за работа, возила, гориво, ИТ и интернет, беше речено на денешната …

Електричари и текстилци се шумочувари, шумската полиција нема интернет, возила и ИТ опрема, а кубуриме и со инспектори Read More »

Шахпаска: Доколку одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми


Доколку во конечното решение се одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми, строго определено работно време, но и обврски на сопствениците на продавниците за одреден процент од средствата да се слеваат во државната каса и дополнителен надомест за работниците кои ќе работат во недела, порача денеска министерката за …

Шахпаска: Доколку одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми Read More »

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока


Владата на Република Северна Македонија денеска на седница донесе заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или …

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока Read More »

Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари


Американскиот милијардер Ворен Бафет се приклучи на групата луѓе чиј имот се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, објави списанието Форбс. Акциите на „Беркшир Хатавеј“ на Бафет вчера достигнаа рекордно ниво, со што неговото богатство достигна 100,3 милијарди долари. Бафет на врвот на листата на најбогати им се придружи на Џеф Безос, Илон Маск, Бернард …

Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари Read More »

Фирмите од МКБ може да добијат информации за над 200 милиони компании од 230 земји


Македонското кредитно биро во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет достапни на англиски јазик. Меѓународните извештаи, како што информираат од МКБ, нудат можност да се …

Фирмите од МКБ може да добијат информации за над 200 милиони компании од 230 земји Read More »

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи


Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се повисоки за 8,0 отсто на месечно ниво, а пониски за 24 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на бензините на месечно ниво пораснала за 13,2 отсто, а на годишно ниво бележи пад од 23,6 отсто, …

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи Read More »

„Коктелот антитела“ на „Ели Лили“ го намалува бројот хоспитализации и смртни случаи од Ковид-19 до 87 отсто


Американската фармацевтска компанија „Ели Лили“ вчера повторно објави позитивни резултати од третманот за Ковид-19. Се работи за мешавина од две синтетички антитела којашто го намалува бројот згрижувања в болница, како и смртните случаи за 87 отсто, според истражувањата на компанијата. Кон крајот на јануари, компанијата објави дека комбинацијата на двете антитела бамланивимаб и етесевимаб, ја …

„Коктелот антитела“ на „Ели Лили“ го намалува бројот хоспитализации и смртни случаи од Ковид-19 до 87 отсто Read More »