Во Бугарија прекинаа со вакцинација со АстраЗенека поради смрт на жена која ја примила вакцината


Вакцинацијата со вакцината АстраЗенека во Бугарија е привремено прекината поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов. – Жена од село Јоаким Груево почина во својот дом откако вчера напладне беше вакцинирана во здравствениот дом во градот Стамболијски, изјави бугарскот министер. Таа починала во …

Во Бугарија прекинаа со вакцинација со АстраЗенека поради смрт на жена која ја примила вакцината Read More »

Во јануари имало 28.102 туристи, за 49,2 отсто помалку од лани


Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 процента, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто. Бројот на домашните туристи бележи пад од 12,1 отсто, а на странските туристи од 69,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари годинава изнесува …

Во јануари имало 28.102 туристи, за 49,2 отсто помалку од лани Read More »

РФМ ги награди репрезентативците со 20 илјади евра


Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, денес донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 евра на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот светски и олимписки шампион, селекцијата на Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2022 ја совладаа …

РФМ ги награди репрезентативците со 20 илјади евра Read More »

Џонсон: Мермерите од Партенон се во сопственост на Британскиот музеј


Британскиот премиер Борис Џонсон во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, не остава простор за мермерите од Партенон да  ѝ се вратат на Грција, категорично одговарајќи дека лордот Елгин ги стекнал законски, јави дописничката на МИА од Атина. -Ги разбирам силните чувства на грчкиот народ – и премиерот Киријакос Мицотакис – во врска со ова …

Џонсон: Мермерите од Партенон се во сопственост на Британскиот музеј Read More »

Конфедерацијата на слободни синдикати се жали на притисоци кон членствотo од институции и функционери


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да престанат притисоците кон членството што, како што велат, го вршат одредени институции и функционери заради барањата што ги испраќаат во време на пандемија за заштита на правата на работниците согласно Законот за безбедност и здравје при работа, за санкционирање на работодавачите кои зедоа државна помош и не исплатија …

Конфедерацијата на слободни синдикати се жали на притисоци кон членствотo од институции и функционери Read More »

Костовски сега бара оставка од Антикорупциска, не отворила предмет за Еуростандард банка


Бизнисменот Трифун Костовски бара оставка од членовите на Антикорупциска комисија поради тоа што не покренале предмет за стечајот на Еуростандард банка, каде што тој е сопственик. „Денеска изминуваат точно седум месеци од носењето во стечај на Еуростандард банка. Не можам да разберам како со таква леснотија ги маргинализирате моите повици дека се работи за организиран …

Костовски сега бара оставка од Антикорупциска, не отворила предмет за Еуростандард банка Read More »

УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси


Управата за јавни приходи денеска соопшти дека до 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност. – Согласно препораките на Владата на Република Северна …

УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси Read More »

Производството на канабис го загадува воздухот повеќе од рудниците за јаглен


Легалното производство на канабис во Колорадо емитува повеќе штетни гасови од државната индустрија на рудниците за јаглен, покажува најновото истражување. Производството и употребата на канабис од медицински или рекреативни причини моментно е легално во неколку американски сојузни држави, што доведе до значителен напредок на индустријата. Биоекологистката Хејли Самерс и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо …

Производството на канабис го загадува воздухот повеќе од рудниците за јаглен Read More »

Пад на британскиот извоз во ЕУ


Извозот на британски производи во Европската унија во јануари падна за повеќе од две петини, откако заврши преодниот рок за Брегзит. Новите бројки од Заводот за национална статистика (ОНС) покажуваат дека вкупниот извоз од Велика Британија падна за 5,6 милијарди фунти (6,7 милијарди долари) – или пад од минус 19,3 проценти. Увозот исто така падна, …

Пад на британскиот извоз во ЕУ Read More »

„Микросам“ слави 30 години од постоењето


Прилепската компанија „Микросам“ слави 30 години постоење. Како  мала компанија е основана во 1990 година, достигна до глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини за композитни материјали. Досега има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. -„Микросам“ започна …

„Микросам“ слави 30 години од постоењето Read More »

Дигиталното рекламирање ќе учествува со 60 проценти во вкупниот буџет за промоција на светско ниво


Трендот на дигиталниот маркетинг што го наметна пандемијата ќе продолжи да расте и годинава за што говорат прогнозите дека дигиталното рекламирање ќе учествува со дури 60 проценти во вкупниот буџет за промоција на светско ниво, беше оценето на вебинарот што го организираше Катедрата за маркетинг при Економскиот факултет во Скопје. Пандемијата влијаела и на навиките …

Дигиталното рекламирање ќе учествува со 60 проценти во вкупниот буџет за промоција на светско ниво Read More »

Федерер се повлече од турнирот во Дубаи


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на Твитер објави дека одлучил да не учествува на АТП турнирот, што ќе се одржи во Дубаи од 14-20 март. – Беше одлично да се вратам на турнири, уживајќи во секоја минута од играта во Доха. Сега е подобро да се вратам на тренинзите, па решив да се повлечам од турнирот …

Федерер се повлече од турнирот во Дубаи Read More »

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март


Централиот регистар го продолжи рокот за достаување годишна сметка  до 25 март 2021 година.   -Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го …

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март Read More »

Маж од Вирџинија со супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот


Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат. Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковидот, …

Маж од Вирџинија со супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот Read More »

Вакцината на Новавакс 96 отсто ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот


Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна во спречување на инфекцијата предизвикана од оригиналната верзија на коронавирусот во последното испитување спроведено во Велика Британија, соопшти компанијата. Вакцината, исто така, има ефикасност од околу 86 проценти во заштитата од позаразната варијанта на вирусот, која првпат беше откриена и сега е распространета во Велика Британија. …

Вакцината на Новавакс 96 отсто ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот Read More »

Завршни активности на дигиталниот фестивал на МКЦ и Апстарт Театар од Лондон


Завршните активности на дигиталниот фестивал „The Chorus Project“, организиран од Македонскиот културен центар и Апстарт Театар од Лондон ќе се одржат од денеска до 14-ти март, информираат од МКЦ. На овој фестивал, како што соопштуваат од МКЦ, ќе бидат прикажани сите четири делови од Орестија, адаптирани во нови дигитални формати. Централна активност во овие три …

Завршни активности на дигиталниот фестивал на МКЦ и Апстарт Театар од Лондон Read More »

Ново рочиште за „Тортура“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тортура“. Судењето се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште исказ даваа дел од обвинетите. Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе. Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо …

Ново рочиште за „Тортура“ Read More »

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца сведоци, предложени од одбраната на Миле Јанакиески, по што ќе бидат изведени материјални докази, меѓу кои и видео материјали од системот Смарт сити. Случајот се …

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“ Read More »

Обезбедени протоколи за безбеден попис, опозицијата бара да се одложи за септември


Во тек се подготовките за спроведување на пописот во земјава што треба да почне на 1 април. Државниот завод за статистика вели дека не е побарано негово одложување заради Ковид-19, а надлежните тврдат дека се обезбедени сите здравствени протоколи за безбедност на попишувачите. Во меѓувреме, опозицијата со писмо до меѓународни фактори бара одложување на пописот …

Обезбедени протоколи за безбеден попис, опозицијата бара да се одложи за септември Read More »

Советот за безбедност ќе расправа за стратешките набавки во Армијата


Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Седницата ќе одржи во Кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд …

Советот за безбедност ќе расправа за стратешките набавки во Армијата Read More »