Европа очекува штетни ефекти од американските царини во 2026 година


Европските бизниси очекуваат ефектите од американските царини и трговските тензии да бидат значително полоши во 2026 година отколку во 2025 година, кога ефектите беа ублажени од претходните нарачки, според анкетата на BusinessEurope објавена во понеделник. Според анкетата, трговските тензии би можеле да го намалат бруто домашниот производ (БДП) на Еврозоната, Европската Унија и пошироката група …

Европа очекува штетни ефекти од американските царини во 2026 година Read More »

ИПАРД 3 програмата е суспендирана, вели поранешниот министер Љупчо Николовски


  ИПАРД 3 програмата, инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој е суспендирана на неопределно време, изјави денес на прес-конференција пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски.  „Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до …

ИПАРД 3 програмата е суспендирана, вели поранешниот министер Љупчо Николовски Read More »

Следната година, Србија ќе се задолжи 8,3 милијарди евра за отплата на буџетскиот дефицит и стари долгови


Во 2026 година, Владата на Србија планира да се задолжи околу 970 милијарди динари (8,3 милијарди евра) со цел да го покрие буџетскиот дефицит и да ги отплати старите долгови, објави порталот Nedeljnik.rs. Според предлогот за буџетот за следната година, расходите на државната каса ќе изнесуваат 2.751,7 милијарди динари (23,5 милијарди евра), додека приходите се …

Следната година, Србија ќе се задолжи 8,3 милијарди евра за отплата на буџетскиот дефицит и стари долгови Read More »

Украина ќе нарача 27 системи Патриот од САД


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека Киев планира да нарача 27 системи за противвоздушна одбрана Патриот од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата. Тој во интервју за Гардијан истакна дека европските земји би можеле да му ги испратат на Киев системите Патриот што ги имаат. Зеленски истакна дека рускиот претседател …

Украина ќе нарача 27 системи Патриот од САД Read More »

Лидерките на институциите на ЕУ во обид за договор за следната буџетска рамка


Претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола денеска ќе одржат онлајн средба во обид за надминување на разликите околу Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, вредна 2.000 милијарди евра.   Главна спорна точка во буџетот е …

Лидерките на институциите на ЕУ во обид за договор за следната буџетска рамка Read More »

Плачеме на празен гроб, Бугарите да кажат каде е закопан Стив Наумов – бара внукот на народниот херој, Стефан Бошков


БИТОЛА – „Херојот Стив Наумов и жив и мртов беше страв и трепет за Бугарите – Бугарите да кажат каде е гробот на Стив Наумов, да однесиме цвеќе, да не плачеме на празен гроб“, бара внукот на народниот херој, битолчанецот Стефан Бошков во најновиот документарен филм посветен на Стеван Наумов-Стив. Долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив …

Плачеме на празен гроб, Бугарите да кажат каде е закопан Стив Наумов – бара внукот на народниот херој, Стефан Бошков Read More »

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите


На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови. МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани …

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите Read More »

Америка ѝ порачува на Европа да не се откажува од нафтата и гасот, обновливите извори се недоволни


Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави Ројтерс во петокот. САД станаа водечки снабдувач на нафта и …

Америка ѝ порачува на Европа да не се откажува од нафтата и гасот, обновливите извори се недоволни Read More »

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“


Српското МВР соопшти вечерва дека на неколку локации во Белград, Зворник и Бања Лука, денеска се приведени неколку луѓе поврзани со случајот познат како „уфрлени снајперисти“. Во операцијата за апсење учествувале припадници на Министерството за внатрешни работи и Безбедносната и информативна агенција. Надлежните државни органи продолжуваат интензивно да работат на расветлување на сите околности и …

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“ Read More »

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап …

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди Read More »

Водечките банки на ЕУ се противат на дигиталното евро


Планот на Европската централна банка (ЕЦБ) за лансирање на дигитално евро до 2029 година се соочува со силен отпор од европската банкарска индустрија. Исто така, не е сигурно како ќе помине извештајот за ова прашање во Европскиот парламент. Имено, 14 големи европски банки, вклучувајќи ги Дојче Банк, БНП Парибас и ИНГ, предупредија дека дигиталното евро …

Водечките банки на ЕУ се противат на дигиталното евро Read More »

Ѓоковиќ прв финалист во Атина


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите. Оваа година, Ѓоковиќ играше во …

Ѓоковиќ прв финалист во Атина Read More »

Инфлацијата во октомври се искачи на 4,5 отсто на годишно ниво


  Инфлацијата тврдоглаво останува висока. Во однос на октомври, минатата година, пак, трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Мал позитивен сигнал е што во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември инфлацијата бележи намалување од 0,2 проценти. Намалувањето на месечно ниво се должи …

Инфлацијата во октомври се искачи на 4,5 отсто на годишно ниво Read More »

Семејството Ањели не го продава Јувентус


Италијанските акции на фудбалскиот гигант Јувентус не се на продажба, но отворени сме за соработка со други инвеститори, изјави денеска семејниот потомок Џон Елкан, откако крипто групацијата Тетер стекна значителен удел во клубот. Елкан е извршен директор на Ексор, холдинг компанија на семејството Ањели чии врски со најтрофејниот италијански клуб датираат од 1923 година, кога …

Семејството Ањели не го продава Јувентус Read More »

Констатирани мандатите на тројцата нови пратеници во Собранието – Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов


До почетокот на наредната недела ќе биде комплетиран парламентарниот состав по изборот на неколку пратеници за градоначалници на локалните избори одржани на 19 октомври и 2 ноември. Собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатира мандатите на новите тројца пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото …

Констатирани мандатите на тројцата нови пратеници во Собранието – Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов Read More »

Отворен патот за проектот на зетот на Трамп: Српскиот парламент усвои „лекс специјалис“ за градење кај оштетениот Генералштаб


Пратениците во Собранието на Србија денеска усвоија „лекс специјалис“ за комплексот згради на Генералштабот, дела на архитектот Никола Добровиќ, оштетен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Сто и триесет пратеници гласаа за тој закон, формално наречен Измени на Законот за посебни постапки за спроведување на проектот за ревитализација и развој на локацијата во Белград …

Отворен патот за проектот на зетот на Трамп: Српскиот парламент усвои „лекс специјалис“ за градење кај оштетениот Генералштаб Read More »

Имаме активна улога во регионалните енергетски процеси, вели Божиновска


Присуството на Македонија меѓу енергетските лидери од ЕУ, САД и регионот е јасен показател дека нашата држава се позиционира како активен и кредибилен партнер во трансатлантската енергетска рамка, истакна за МИА министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по завршувањето на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина,. Таа …

Имаме активна улога во регионалните енергетски процеси, вели Божиновска Read More »

Човек се онесвести за време на прес-конференција во Белата куќа. Погледнете ја реакцијата на Трамп


За време на настан во Белата куќа посветен на намалување на цената на лековите за дебелина, еден од гостите се онесвести, предизвикувајќи привремен прекин. Човекот, идентификуван како Гордон Финли, претставник на фармацевтска компанија, се сруши додека претседателот Доналд Трамп држеше говор во Овалната соба. На Финли веднаш му беше укажана медицинска помош, а Белата куќа …

Човек се онесвести за време на прес-конференција во Белата куќа. Погледнете ја реакцијата на Трамп Read More »

(Видео) Маск заигра танц со својот робот откако му беше одобрена „платата на векот“


Илон Маск, најбогатиот човек во светот, стана уште побогат откако акционерите на „Тесла“ го одобрија неговиот огромен пакет плати за следната деценија. Тој го прослави својот успех на годишниот состанок на компанијата во Остин, Тексас, танцувајќи на сцената со хуманоиден робот по име Оптимус, објавува NDTV. Само неколку моменти откако беше одобрен неговиот пакет за …

(Видео) Маск заигра танц со својот робот откако му беше одобрена „платата на векот“ Read More »

Номиналниот БДП идната годинава ќе биде над 10 илјади долари по жител, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека номиналниот домашен бруто производ по жител идната година ќе надмине 10 илјади долари. Одговарајќи на прашање на новинарите по увидот на градежни работи поврзани со проектот градски воз, за тоа до каде е анализата на Владата во однос на инфлацијата и дали во наредниот период може да се очекуваат …

Номиналниот БДП идната годинава ќе биде над 10 илјади долари по жител, вели Мицкоски Read More »