Локални врнежи од дожд со услови за невреме


 Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. …

Локални врнежи од дожд со услови за невреме Read More »

Кина ѝ понудила заем без камата на Владата, услов било тие да градат, открива Николоски


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата на Економскиот форум во Виена изјави дека македонската Влада  веднаш по нејзинот конституирање, добила понуда од Кина за заем без камата, под услов нивни компании да учествуваат во изградба на инфраструктурни проекти што би се финансирале од заемот. Сепак, Владата се одлучила за Европа. Тој …

Кина ѝ понудила заем без камата на Владата, услов било тие да градат, открива Николоски Read More »

Глобалниот долг руши рекорди: 23 земји се задолжени повеќе од нивниот БДП


Светскиот долг е толку висок што 23 земји позајмуваат повеќе од нивниот БДП, вклучувајќи две земји кои должат повеќе од двојно повеќе од нивниот годишен економски производ. Како што односите долг-БДП продолжуваат да растат, сервисирањето на долгот станува сè поскапо. Зачудувачки, повеќе од 3,4 милијарди луѓе живеат во земји каде што нето каматните плаќања за …

Глобалниот долг руши рекорди: 23 земји се задолжени повеќе од нивниот БДП Read More »

Сопственикот на Лидл и Кауфланд инвестира 11 милијарди евра во центар за податоци во Германија


Групацијата „Шварц“, сопственик на Лидл и Кауфланд, денес објави дека ќе инвестира 11 милијарди евра во изградба на центар за податоци во својата матична земја, Германија. Објавената сума е најголема во историјата на групацијата, посочија тие. Околу 2,5 милијарди евра ќе бидат инвестирани во изградбата, а остатокот во ИТ инфраструктура, вклучувајќи околу 100 илјади специјални …

Сопственикот на Лидл и Кауфланд инвестира 11 милијарди евра во центар за податоци во Германија Read More »

Димитар Богески, нов директор на Државниот архив на Македонија


Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова. Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност …

Димитар Богески, нов директор на Државниот архив на Македонија Read More »

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација –  поттикнува поголема соработка во заедницата 


Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.  Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите …

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација –  поттикнува поголема соработка во заедницата  Read More »

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“


Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, …

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ Read More »

„Средношколец Милионер“: Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари


Дваесетте најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на натпреварот „Средношколец Милионер“ ќе бидат избрани вечер, а селекцијата следува по повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи. – После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те …

„Средношколец Милионер“: Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари Read More »

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември


  За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за …

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември Read More »

Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година. -Се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе …

Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025 Read More »

Поскапуваат бензините и дизелот


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена …

Поскапуваат бензините и дизелот Read More »

За опозицијата Предлог-буџетот за 2026 година е неразвоен и нереформски, за власта е реален


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2026 година. И денеска пратениците од власта и опозицијата со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања за растот на економијата и за тоа кој повеќе придонел за животниот стандард на граѓаните. За опозицијата, предложениот буџет не се темели на реални проекции, …

За опозицијата Предлог-буџетот за 2026 година е неразвоен и нереформски, за власта е реален Read More »

Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години


Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи …

Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години Read More »

Од глоби за непазарно однесување на трговците досега собрани 2,5 милиони евра


Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска  заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи …

Од глоби за непазарно однесување на трговците досега собрани 2,5 милиони евра Read More »

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула


Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот …

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула Read More »

Триесет и две репрезентации досега изборија пласман на Светско првенство 2026


По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, …

Триесет и две репрезентации досега изборија пласман на Светско првенство 2026 Read More »

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата


По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за …

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата Read More »

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер


Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да …

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер Read More »

Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита


Американскиот претседател Доналд Трамп купил корпоративни обврзници во вредност од најмалку 82 милиони долари од крајот на август до почетокот на октомври, вклучувајќи нови инвестиции во сектори што имаат корист од неговите политики, покажуваат финансиските пријави. Според пројавите објавени од Канцеларијата за владина етика на САД, Трамп од 28 август до 2 октомври направил повеќе …

Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита Read More »

Чиле: Во вториот круг од претседателските избори ќе се соочат комунистката Хара и десничарот Каст


Комунистката Жанет Хара и десничарскиот политичар Хозе Антонио Каст ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори во Чиле, како освојувачи на најмногу гласови во вчерашниот изборен ден, соопшти актуелниот претседател Габриел Бориќ. „Честитки за Жанет Хара и Хозе Антонио Каст за пласманот во вториот круг. Следната недела, на 14 декември, Чиле уште еднаш …

Чиле: Во вториот круг од претседателските избори ќе се соочат комунистката Хара и десничарот Каст Read More »