Мицкоски: Капиталните инвестиции главен фокус за 2026., тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто


Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст …

Мицкоски: Капиталните инвестиции главен фокус за 2026., тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто Read More »

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, тврди Мицкоски


Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии. Ова на собраниска говорница денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Истовремено, Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд …

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, тврди Мицкоски Read More »

Ѓорѓиевски: Одлуката на КЗК е плод на претходното раководство на ССК


Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори (ССК) е вовлечен од страна на предходното раководство, непочитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија, посочуваат од ССК. -Ова се плодовите …

Ѓорѓиевски: Одлуката на КЗК е плод на претходното раководство на ССК Read More »

Енергетски компании ја тужат ЕУ поради обврската за изградба складишта за јаглерод диоксид до 2030


Најмалку 15 нафтени и гасни компании поднесоа тужби против Регулативата на Европската Унија за складирање на јаглерод, со барање за продолжување на рокот од 2030 година до кога треба да изградат складишта за најмалку 50 милиони тони јаглерод диоксид годишно. Компаниите тврдат дека е невозможно да се исполни поставениот рок за изградба на складиштата до …

Енергетски компании ја тужат ЕУ поради обврската за изградба складишта за јаглерод диоксид до 2030 Read More »

Најмал износ за запишување граѓанска обврзница е 10 илјади денари


Министерството за финансии вчера го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише …

Најмал износ за запишување граѓанска обврзница е 10 илјади денари Read More »

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин


Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица. МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила. Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред …

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин Read More »

Големиот пожар во Хонг Конг проголта најмалку 44 животи


Најмалку 44 лица загинаа во големиот пожар во неколку станбени блокови во Хонг Конг, 45 лица се во сериозна состојба, а уште 279 се уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Хонг Конг рано утрово. Ова значително го зголемува бројот на жртви по катастрофалниот пожар во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во областа Таи …

Големиот пожар во Хонг Конг проголта најмалку 44 животи Read More »

Поради вештачката интелигенција 6 илјади вработени во ХП ќе останат без работа


Компанијата HP планира да укине до 6.000 работни места во текот на следните три години преку зголемена употреба на вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска компанијата, при што првичните трошоци за реструктурирање се проценуваат на 650 милиони долари. Овие намалувања на работните места доаѓаат откако производителот на компјутери и печатачи, кој имаше околу 58.000 вработени на …

Поради вештачката интелигенција 6 илјади вработени во ХП ќе останат без работа Read More »

Не поминаа амандманите на опозицијата за Предлог буџетот за наредната година на Комисијата за финансирање и буџет


Дваесет и четири амандамани на Предлог буџетот за 2026 година, поднесени од страна на опозицијата не поминаа на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски и мнозинството во Комисијата не ги прифатија амандманите кои ги поднесоа пратениците од ДУИ, СДСМ и Левица. Најмногу амандмани во првиот дел на …

Не поминаа амандманите на опозицијата за Предлог буџетот за наредната година на Комисијата за финансирање и буџет Read More »

Европарламентот го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година


Европскиот парламент денеска со 419 гласа „за“, 185 „против“ и 53 „воздржани“ го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година, со кој се обезбедува поголема поддршка за истражувања, развој на прекуграничната инфраструктура, контрола на границите, климатски активности и за надворешната политика. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра …

Европарламентот го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година Read More »

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција годинава


Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање дали се следи состојбата во соседна Србија со нафтените деривати, како и кога ќе стартува продуктоводот со што би можело да се снабдува јужна Србија со нафтени деривати …

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција годинава Read More »

Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто, вели министерката за финансии


Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но, она …

Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто, вели министерката за финансии Read More »

Европските берзански индекси во пораст


Денес, европските берзански индекси се претежно во благ пораст, цените на нафтата и пченицата паѓаат, додека најновите економски податоци од Соединетите Американски Држави сугерираат дека Фед наскоро ќе ги намали каматните стапки. Американскиот Фед ќе одлучи за каматните стапки на 9 и 10 декември, а по најновите објавувања на податоци, пазарите проценуваат дека веројатноста за …

Европските берзански индекси во пораст Read More »

КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 …

КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор Read More »

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 …

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции Read More »

Белград прв ги виде делата на македонските бардови на ликовната уметност: Отворена изложбата „Откритија“


Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва министерот за култура Зоран Љутков ја отвори изложбата ОТКРИТИЈА – прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. – Вечерва Белград повторно е домаќин на македонската душа. Вечерва во овој простор сведочиме за едно посебно интимно случување кое ги …

Белград прв ги виде делата на македонските бардови на ликовната уметност: Отворена изложбата „Откритија“ Read More »

Вардар 1961 го совлада Сесвете за место во плејофот во Европската лига на ЕХФ


Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва на гостински терен против хрватски Сесвете со убедливи 38-24 и со тоа го обезбедија пласманот во плејофот на едно коло до крајот на групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Вардар 1961 до својата четврта победа во петтото коло во групата Ф дојде со супериорна игра во која од …

Вардар 1961 го совлада Сесвете за место во плејофот во Европската лига на ЕХФ Read More »

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план


Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а истовремено, американскиот воен секретар, Ден Дрискол, ќе се сретне со украински претставници за да го финализира мировниот план за Украина, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. „Ќе бидам информиран за секој напредок, заедно со потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот …

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план Read More »

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија


Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабриките во Европа. „Од една страна, нема клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. …

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија Read More »

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија


Три компании досега покажаа интерес за купување средства на Лукоил во Романија, изјави во вторник министерот за енергетика Богдан Иван, според извештај на романските медиуми, истакнувајќи дека триото е во директни разговори со руската нафтена компанија. Лукоил има 320 бензински пумпи во Романија, управува со третата најголема рафинерија и поседува концесија за истражување на наоѓалишта …

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија Read More »