Формиран Советот за туризам


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на конститутивнaта седница на Советот за туризам, стратешко и советодавно тело кое има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија, со цел унапредување на координацијата и обезбедување системска поддршка за одржлив раст и развој на туристичката индустрија. Во …

Формиран Советот за туризам Read More »

„Летал“ со 209 километри на час: „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652 прекршоци, за половина помалку од претходниот ден


Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.  „Безбеден …

„Летал“ со 209 километри на час: „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652 прекршоци, за половина помалку од претходниот ден Read More »

Трамп вели дека одлучил за избор за претседател на ФЕД. Еве кој е на краткиот список


Претседателот Доналд Трамп изјави дека одлучил кој ќе стане најмоќната фигура во американската економија. Претседателот во неделата изјави дека донел одлука и дека ќе ја објави. Претстојната номинација завршува еден повеќемесечен процес на пребарување предводен од секретарот за финансии Скот Бесент, кој му достави на Трамп краток список од пет лица. Малкумина имаат толку големо …

Трамп вели дека одлучил за избор за претседател на ФЕД. Еве кој е на краткиот список Read More »

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


Белгија денеска го отфрли планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, велејќи дека шемата носи значителни финансиски и правни ризици. „Текстот што Европската комисија ќе го презентира денеска не ги решава задоволително нашите загрижености“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Превост утрово пред состанокот на НАТО во …

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина Read More »

Месаровиќ: Македонско – српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави


Македонската и српската економија се компатибилни, меѓусебно се надополнуваат и постои простор за уште посилна соработка, како во традиционалните сектори, така и во новите економски области. Тоа го покажува растот од скоро 16 отсто извоз на Србија во Северна Македонија во првите девет месеци споредбено со истиот период лани, истакна потпретседателката на српската Влада и …

Месаровиќ: Македонско – српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави Read More »

Македонско-српски бизнис форум: Со обединување на потенцијалите до посилна регионална економија


Македонско – српскиот бизнис форум што се одржува денеска во Скопје ги обединува економските потенцијали на двете земји и  е израз на заедничката визија за посилна регионална економија и продлабочување на партнерствата, порача вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ на отворањето на форумот.  – Градиме економија која е стабилна, предвидлива и иновативна, …

Македонско-српски бизнис форум: Со обединување на потенцијалите до посилна регионална економија Read More »

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС


Министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ денеска разговараше со генералниот директор на Евроазискиот регионален центар на Новата развојна банка на БРИКС, Андреј Бораков, за можноста Србија да се приклучи на банката во 2026 година, соопшти кабинетот на Поповиќ. Новата развојна банка е основана во 2015 година од земјите на БРИКС – Бразил, …

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС Read More »

Ќе ја преземе ли РКЕ во целост надлежноста во формирање на цената на водата


Регулаторната комисија за енергетика да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата –  е пораката од тркалезна маса „Иницијатива за промена на постапката за утврдување на тарифите за водни услуги и влијанието на соодветните тарифи врз најгорливите проблеми со кои се соочуваат комуналните претпријатија“ во организација на Здружение на даватели …

Ќе ја преземе ли РКЕ во целост надлежноста во формирање на цената на водата Read More »

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен и нема капацитет да издржи криза


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, посочи дека централниот буџет, така како што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско осигурување, се наведува во соопштението од СДСМ. Тоа, како што кажа …

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен и нема капацитет да издржи криза Read More »

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето


Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, …

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето Read More »

Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ


Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија. Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на …

Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ Read More »

Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил


Романската коалициска влада одобри уредба која овозможува преземање на локалниот имот на компаниите кои се под меѓународни санкции, како што е руски Лукоил. Лукоил во Романија има 320 бензински пумпи, управува со третата по големина рафинерија во земјата и поседува права на офшор истражувања во дел од Црното Море. Рафинеријата, која обезбедува околу една четвртина …

Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил Read More »

Симеоне: Не разбирам како Рафиња сè уште не ја освоил Златната топка


Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше импресиониран од фудбалерот на Барселона, Рафиња, по синоќешниот пораз од Каталонците со 3:1 во 19. коло од шпанското првенство. – Рафиња е неверојатен играч. Може да игра насекаде. Како крило, како играч од средниот ред, како напаѓач и како бек. Може да постигнува голови, да создава шанси, …

Симеоне: Не разбирам како Рафиња сè уште не ја освоил Златната топка Read More »

Јаневска: Паметната специјализација ќе донесе раст на македонската економија и подобар живот


Спроведувањето на плановите опфатени со Стратегијата за паметна специјализација ќе донесе раст на економијата и подобар живот во земјата и ќе придонесе за исполнување на стандардите за влез во Европската Унија, изјави за МИА министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во Брисел учествуваше на Конференција посветена на стратегиите за паметна специјализација во процесот …

Јаневска: Паметната специјализација ќе донесе раст на македонската економија и подобар живот Read More »

Рубио: Главна точка на спор во руско-украинските преговори е дел од територијата на т.н. ДНР


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека главната точка на спор во преговорите за ставање крај на конфликтот во Украина е дел од територијата на т.н. Доњецка Народна Република (ДНР), односно околу 20 отсто од Доњецката област кои се под контрола на Киев. Во интервју за Фокс Њуз, Рубио рече дека преговорите во моментов се …

Рубио: Главна точка на спор во руско-украинските преговори е дел од територијата на т.н. ДНР Read More »

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка


 Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 25 метри има на патниот правец од село Гајре – Попова Шапка и од 50 – 70 метри на планинскиот превој Стража. Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се …

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка Read More »

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина


Новогодишното примирје на украинското бојно поле во моментов не е предмет на разгледување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Сè уште нема дискусии за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков како одговор на новинарско прашање дали имало какви било разговори за тоа, пренесоа руските медиуми. Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека …

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина Read More »

Писториус: „Стрела 3“ ја зајакнува германската и европската противвоздушна одбрана


Германската противвоздушна одбрана и таа на нејзините партнери ќе бидат значително зајакнати со активирањето на првите елементи на новиот систем за ракетна одбрана „Стрела 3“ (Arrow 3), изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за ДПА во Берлин. – Сега за првпат добиваме способност за рано предупредување и заштита на нашето население и инфраструктура од …

Писториус: „Стрела 3“ ја зајакнува германската и европската противвоздушна одбрана Read More »

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад


Единствениот осомничен за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон минатата недела е обвинет за убиство и напад, соопштија вчера американските обвинители, пренесува ДПА. На 26 ноември, 20-годишна жена и 24-годишен маж кој служеле во Националната гарда на Западна Вирџинија биле застрелани додека биле на патрола во близина на метро станицата Фарагут Вест, …

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад Read More »

Со песните на Есма, Balkan Zoo и Нина Ќориќ ја освоија Битола


За време на изминатиот викенд, во Центарот за култура за првпат во Градот на конзулите настапија ценетите хрватски музичари Balkan Zoo, предводени од фантастичната фронтменка Нина Ќориќ. Како што известуваат од Битола, Центарот беше исполнет со експлозивна world music-фузија од фламенко и балкански ритми, како дел од 17. Фестивал на музика од светот. Не сокривајќи …

Со песните на Есма, Balkan Zoo и Нина Ќориќ ја освоија Битола Read More »