Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога


Американската војска погоди уште еден наводен брод за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинаа четири лица од бродот, соопшти синоќа Јужната команда на САД (SOUTHCOM), пренесе ДПА. Бродот наводно бил управуван „од назначена терористичка организација“ и носел наркотици по позната рута за шверц. „Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, соопшти SOUTHCOM …

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога Read More »

САД ја скратуваат важноста на работните дозволи за мигрантите на 18 месеци


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја заостри имиграциската политика, скратувајќи го периодот на важност на работната дозвола за бегалците, барателите на азил и другите мигранти во САД од пет години на 18 месеци. Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) соопшти дека промената ќе овозможи почести проверки на странските државјани. …

САД ја скратуваат важноста на работните дозволи за мигрантите на 18 месеци Read More »

Досега се откупени над еден милион килограми тутун


Согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупната сезона најрано може да почне на 15 ноември, а крајниот датум за почеток на откуп е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок за да започне откупот на тутунот. Според последните информации што ги добивам од Сојузот, од теренот и од самите земјоделци, најголем …

Досега се откупени над еден милион килограми тутун Read More »

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. Оттаму додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. ЈП …

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево Read More »

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти


Германскиот парламент вчера усвои серија законски измени што вклучуваат давање дополнителни овластувања на воената полиција, граничарите и воената разузнавачка агенција, јави ДПА. Мерките беа усвоени како одговор на големиот број инциденти во воените објекти. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, германските воени објекти се соочуваат со зголемена закана од кибернапади, обиди за шпионажа и …

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти Read More »

Суд дозволи распоредување на Националната гарда во Вашингтон


Американски апелациски суд му донесе победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги задржи силите на Националната гарда во Вашингтон, со што ја сопре наредбата на понискиот суд со која би се прекинало распоредувањето во наредните денови. Во писмена наредба, американскиот Апелациски суд за Округот Колумбија ја укина наредбата силите да го напуштат …

Суд дозволи распоредување на Националната гарда во Вашингтон Read More »

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција


Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што денеска и утре ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС Скопје). Темата на симпозиумот …

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција Read More »

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер


Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење. Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник. Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да …

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер Read More »

Американски суд го запре отпуштањето на 250 вработени во Стејт департментот


Одлуката на Стејт департментот за отпуштање на околу 250 вработени вчера беше блокирана на суд, што претставува чекор назад за претседателот Доналд Трамп и неговиот план за масовно отпуштање на државни службеници. Судијката на Окружниот суд во Сан Франциско, Сузан Илстон, рече дека синдикатите на вработените како главен аргумент во тужбата навеле дека планираните кратења …

Американски суд го запре отпуштањето на 250 вработени во Стејт департментот Read More »

Седница на Буџетскиот совет на Собранието


Во Собранието денеска ќе заседава Буџетскиот совет. На дневен ред е Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година. Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на …

Седница на Буџетскиот совет на Собранието Read More »

Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20:00 часот ќе биде изведен балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата …

Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет Read More »

Концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје


Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија, ќе одржи годишен концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Концертната програма ќе ја изведат Симфонискиот оркестар на ФМУ; Мешаниот хор „Драган Шуплевски“; Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“; …

Концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје Read More »

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со …

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени Read More »

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството


По повод Светскиот ден на волонтерството повеќе пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ќе се приклучат и ќе волонтираат на неколку пунктови на Црвениот крст на РСМ. Најнапред пратениците ќе ја посетат централна канцеларија на Црвен крст на РСМ, а по поздравно обраќање на претседател на Црвен крст на РСМ, Ромел …

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството Read More »

ЕУ не може да бара од Белгија да го направи невозможното, порача белгискиот премиер Де Вевер


Подготвени сме да направиме жртви, но не може од оваа земја да се бара да го направи невозможното, порача белгискиот премиер Барт де Вевер во обраќањето пред Федералниот парламент во Брисел за време на дебатата за предлогот на Еврокомисијата за користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиска помош на Украина, на што се …

ЕУ не може да бара од Белгија да го направи невозможното, порача белгискиот премиер Де Вевер Read More »

Договорот за тунелот со Бугарија наскоро ќе биде ратификуван во Собранието, најави Николоски


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.  На средбата, како што соопшти Министерство за транспорт, …

Договорот за тунелот со Бугарија наскоро ќе биде ратификуван во Собранието, најави Николоски Read More »

Безбедносна тревога во Ирска: Пет дронови во близина на трасата на авионoт на Зеленски


Ирски воен брод забележал до пет дронови кои летале во близина на воздушната траса на авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во понеделникот пристигна во државна посета на Ирска, јавуваат денеска локалните медиуми. Настанот предизвикал сериозна безбедносна тревога поради страв дека можел да претставува обид за нарушување на летот пишува Ајриш тајмс. Ненаведени извори …

Безбедносна тревога во Ирска: Пет дронови во близина на трасата на авионoт на Зеленски Read More »

Граничниот премин Евзони затворен и вечерва, граѓаните кои патуваат во Грција најдобро да одат преку Дојран


 Кусо по 18 часот попладнево по локално време, грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони и веќе речиси четири часа во прекин е сообраќајот за влез и излез од Грција, а поради блокадите, граѓаните кои планираат да патуваат кај јужниот сосед, најдобро е да го користат граничниот премин Дојран, јави дописничката на МИА од …

Граничниот премин Евзони затворен и вечерва, граѓаните кои патуваат во Грција најдобро да одат преку Дојран Read More »

Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот от­пра­вник на работи поради нападите во Црно Море


Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот отправник на работи во турското Министерство за надворешни работи, за да ја изрази својата загриженост поради серијата напади врз бродови поврзани со Русија во турската ексклузивна економска зона во Црно Море, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Бериш Екинџи. – Сведоци сме на многу сериозна ескалација …

Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот от­пра­вник на работи поради нападите во Црно Море Read More »

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 29 април


Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи лиценцата што овозможува одредени меѓународни операции на компанијата Лукоил до 29 април 2026 година. Според документот објавен денеска на веб-страницата на ОФАК, лиценцата дозволува трансакции со меѓународните подружници и поврзани компании на Лукоил, вклучително и оние во САД, но исклучиво за набавка на стоки и …

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 29 април Read More »