Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка


Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.  -Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова …

Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка Read More »

Федералните резерви ги намалија каматните стапки трет пат оваа година


Синоќа, Федералните резерви на Соединетите Американски Држави (ФЕД) одлучија да ги намалат каматните стапки по трет пат оваа година. Одлуката се заснова на намерата да се поддржи пазарот на трудот и покрај инфлацијата, која продолжува да ја надминува целта од 2 проценти. Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC), кој донесува одлуки за монетарната политика на …

Федералните резерви ги намалија каматните стапки трет пат оваа година Read More »

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите


По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата. Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот. Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите …

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите Read More »

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22,9 отсто повеќе од лани


Во октомври 2025 година се издадени 446  одобренија за градење, што е за  22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе  во споредба со …

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22,9 отсто повеќе од лани Read More »

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и академската заедница. Министерката на отворањето ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици …

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025 Read More »

„Џенерал моторс“ развива нов тип двотактен мотор за хибридни возила


Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ (ЏМ) поднесе патент за нов тип двотактен мотор што би можел да се користи во хибридни возила. Разликата меѓу двотактниот и четиритактниот мотор е во бројот на работни циклуси, бидејќи двотактниот мотор врши вшмукување и компресија во еден такт, а согорување и издувни гасови во друг, што значи дека …

„Џенерал моторс“ развива нов тип двотактен мотор за хибридни возила Read More »

Трамп воведе „златна карта“ – американското државјанство за милион долари


Американската влада денеска го објави иницирањето на нова, ексклузивна имиграциска програма позната како „Ззлатна карта на Трамп“, која нуди директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. – Златната карта на Трамп на владата на Соединетите Американски Држави пристигна денеска! Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Колку возбудливо! Нашите …

Трамп воведе „златна карта“ – американското државјанство за милион долари Read More »

Канцеларијата на ОН за човекови права во режим на преживување поради недостиг на пари и укинување на работни места


Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, денеска изјави дека неговата канцеларија годинава се соочува со финансиски дефицит од 90 милиони долари и дека намалувањето на бројот на вработени ќе опфати околу 300 места, или околу 15 отсто. Тирк рече дека канцеларијата со седиште во Женева е во „режим на преживување“ откако главните …

Канцеларијата на ОН за човекови права во режим на преживување поради недостиг на пари и укинување на работни места Read More »

Шампионот Еурофарм Пелистер во дербито го совлада лидерот Вардар


Ракометарите на првакот Еурофарм Пелистер во дуелот од 16.коло од Супер лигата му го нанесоа првиот пораз на лидерот на табелата Вардар со 28:23 (15:13). По денешната победа Е.Пелистер ја намали бодовната разлика во однос на Вардар на два бода. Почетокот на дуелот беше во знакот на „црвено-црните“, кои предводени од голманот Милош Валах имаа …

Шампионот Еурофарм Пелистер во дербито го совлада лидерот Вардар Read More »

Акција на Европол против „Балканскиот картел“ во Германија


Тројца луѓе се уапсени, а различен имот во вкупна вредност од повеќе од пет милиони евра денеска е запленет во рамки на акција на полициските сили на повеќе европски земји, со поддршка на Европол, против припадници на т.н. Балкански картел во Германија. Во координираната истрага на органите за спроведување на законот од Австрија, БиХ, Хрватска, …

Акција на Европол против „Балканскиот картел“ во Германија Read More »

Побарувачката за летови расте побрзо отколку што можат да се произведат авиони


Секторот за воздушен транспорт е во подем, но не се градат доволно авиони за да се задоволи побарувачката, предупреди Здружението за воздушен транспорт IATA. Ова ќе резултира со поголема искористеност на капацитетите, соопшти IATA вчера во Женева. Авионите веројатно ќе бидат сè пополни. Се очекува бројот на патници да се зголеми за 4,4 проценти следната …

Побарувачката за летови расте побрзо отколку што можат да се произведат авиони Read More »

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во …

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид Read More »

Божиновска: Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините и заедниците


Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините, со заедниците, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено, во соработка и директен дијалог со сите засегнати страни. …

Божиновска: Праведната транзиција ќе успее само ако ја водиме заедно со работниците, општините и заедниците Read More »

„Амазон“ и „Мајкрософт“ вложуваат 45 милијарди евра за ВИ-центри во Индија


Технолошките гиганти „Амазон“ и „Мајкрософт“ објавија заеднички инвестициски план од 52,5 милијарди американски долари (околу 45 милијарди евра) за Индија во наредните години. Целта е, пред сѐ – да се унапреди дигитализацијата водена од вештачка интелигенција. „Амазон“ ќе вложи 30 милијарди евра до 2030 година, што може да го зголеми извозот во Индија и да …

„Амазон“ и „Мајкрософт“ вложуваат 45 милијарди евра за ВИ-центри во Индија Read More »

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година, државата ќе потроши 6,73 милијарди евра


Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, којшто е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии, одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг, соопшти Министерствот за финансии. Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари (околу 6,09 милијарди евра, заб.), расходите …

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година, државата ќе потроши 6,73 милијарди евра Read More »

Нема Новогодишна кошница, таквите мерки имале само привремен ефект, смета Мицкоски


Граѓаните не треба да очекуваат било каква интервенција на пазарот во очи на Новогодишните и Божикните празници и покрај тоа што инфлацијата мерена на годишно ниво останува релативно висока, а на месечно ниво покажува знаци на забрзување. Според нивото на порастот на трошоците за живот со кои се мери инфлацијата, нашата земја и натаму е …

Нема Новогодишна кошница, таквите мерки имале само привремен ефект, смета Мицкоски Read More »

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури ќе се минимизира


Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.  Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со …

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури ќе се минимизира Read More »

Во 2026 ќе се спроведе попис во земјоделството, во Предлог -буџетот се предвидени средства


Собранието денеска во рамки на 73. седница ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2026 година. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата ги вкрстија ставовите во однос на планираниот буџет за следната година.   Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на забелешките на опозоцијата во однос на Дополнетиот буџет …

Во 2026 ќе се спроведе попис во земјоделството, во Предлог -буџетот се предвидени средства Read More »

ЕК најавува „енергетски автопатишта“ за намалување на трошоците и зголемување на енергетската независност


Европската комисија денеска предложи Европски пакет за енергетски мрежи, со кој се превидува модернизација на постојната инфраструктура и создавање на т.н. „енергетски автопатишта“ со што ќе се овозможи ефикасен проток на енергија низ сите земји членки, поевтина чиста енергија и забрзување на електрификацијата. Се проценува дека на овој начин ќе се придонесе за намалување на …

ЕК најавува „енергетски автопатишта“ за намалување на трошоците и зголемување на енергетската независност Read More »

Јамал фудбалер играч со најмногу голови+асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст


Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, стана фудбалер со најмногу голови+асистенции во историјата на Лигата на шампионите меѓу играчите до 19 години. Во победата од 2:1 над Ајнтрахт Франкфурт во 6. коло, 18-годишниот Шпанец му асистираше на дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде. Ова беше неговиот 17-ти ефективен потег во натпреварите од Лигата на шампионите. Има осум …

Јамал фудбалер играч со најмногу голови+асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст Read More »