Трамп им се обрати на Американците по една година на власт. За сè го обвини Бајден


Наспроти каминот и Белата куќа украсена со божиќни мотиви, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на Американците во живо, а во 20-минутниот говор најмногу ја нападна поранешната влада и неговиот претходник Џо Бајден. Откако ги наведе и наброја сите достигнувања на себе и на неговата администрација, тој започна со обвинувања против претходната демократска влада …

Трамп им се обрати на Американците по една година на власт. За сè го обвини Бајден Read More »

Кина ќе ги оданочува кондомите од 1 јануари: Од политика на едно дете на три


Кина ќе воведе данок на додадена вредност (ДДВ) на кондоми и други контрацептивни средства за прв пат по три децении, во обид да ја зголеми стапката на наталитет. Од 1 јануари, производите ќе подлежат на стапка на ДДВ од 13%, од која се ослободени од воведувањето на националниот ДДВ во 1993 година, објавува „Гардијан“. Мерката …

Кина ќе ги оданочува кондомите од 1 јануари: Од политика на едно дете на три Read More »

Американскиот Конгрес одобри годишна помош од 400 милиони долари за вооружување на Украина


Американскиот Конгрес вчера го одобри буџетот за одбрана што вклучува и 400 милиони долари годишна помош за Украина во следните две години, јави ДПА. Одлуката, усвоена и од Претставничкиот дом и од Сенатот, ќе му овозможи на Пентагон да ја снабдува Украина со оружје за да се одбрани од руската агресија. Законодавците сега го чекаат …

Американскиот Конгрес одобри годишна помош од 400 милиони долари за вооружување на Украина Read More »

САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11 милијарди долари


 Соединетите Американски Држави одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од околу 11,1 милијарди долари, со цел да се зајакне одбранбената способност на островот. Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на САД (DSCA), во осум посебни соопштенија со детали за продажбите, наведе дека тие „ќе помогнат во подобрувањето на безбедноста на примателот и ќе помогнат …

САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11 милијарди долари Read More »

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот


 Американската војска соопшти дека вчера извршила нов напад врз наводен брод за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи, пренесе ДПА. Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции …

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот Read More »

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина


Случувањата поврзани со Украина, следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, проширувањето, геоекономската ситуација во Унијата, состојбите на Блискиот Исток, европската одбрана и миграцијата ќе бидат темите за кои, според најавата, ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија на Самитот што почнува денеска во Брисел. Сепак, главното прашање околу кое ќе …

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина Read More »

Без струја делови од Аеродром, Сарај и Сопиште


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Аеродром, Сарај и Сопиште. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека од 08 до 09 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Јане Сандански бр.70 во општина Аеродром, а од 10 до 13 часот корисниците од селото Долно Лисиче …

Без струја делови од Аеродром, Сарај и Сопиште Read More »

Променливо облачно, магла во котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе …

Променливо облачно, магла во котлините Read More »

Руте во посета на Полска, а Шекеринска на Ерменија


 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе ја посети Полска, додека неговата заменичка Радмила Шекеринска ќе престојува во посета на Ерменија, соопшти Прес-службата на Алијансата. Според најавата, предвидено е Руте во Варшава да се сретне со полскиот претседател Карол Навроцки, како и со вицепремиерот и министер за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш. Руте ќе …

Руте во посета на Полска, а Шекеринска на Ерменија Read More »

Магла на патот Неготино – Демир Капија


Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто …

Магла на патот Неготино – Демир Капија Read More »

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција


Европската воздухопловна и одбранбена компанија „Ербас“ соопшти денеска дека добила договор вреден 30 милиони евра (35,25 милиони долари) од европска агенција. Станува збор за рамковен договор со Европската агенција за поморска безбедност (EMSA) за обезбедување услуги со далечински управувани воздухопловни системи (RPAS) за повеќенаменски поморски надзор, преку беспилотниот летален систем Flexrotor. Овие услуги ќе ги …

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција Read More »

БиХ ја зголеми старосната граница за професионална воена служба на 45 години


Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, попознат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба на војниците се зголемува на 45 години, јавува регионалната телевизија Н1. Законот, кој беше разгледан на вонредна седница, беше предложен од …

БиХ ја зголеми старосната граница за професионална воена служба на 45 години Read More »

Протест пред Бугарската народна банка против воведувањето на еврото


Група граѓани денеска се собраа на протест против воведувањето на еврото пред зградата на Бугарската народна банка (БНБ) во Софија. Организатор на собирот, кој е уредно пријавен во Градската општина, е здружението „Дојран 2025“. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки: „Не за еврото“, „Време е да те слушнат, не за еврото“, „Што ќе ни е еврото, …

Протест пред Бугарската народна банка против воведувањето на еврото Read More »

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез


Американскиот фудбалски првак Интер Мајами го продолжи договорот со напаѓачот Луис Суарез до крајот на сезоната 2026. „Откако ја заврши историската сезона 2025, Суарез потпиша нов договор, негов втор со клубот. Огромното искуство и лидерските квалитети на напаѓачот одиграа одлучувачка улога во третата и четвртата титула на Интер Мајами – Лигата на шампионите во Источната …

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез Read More »

Нов пакет даночни олеснувања и рекордно вложување во хрватскиот спорт


Нови даночни олеснувања за инвестирање во спортот, воведе денеска Владата во Загреб, најавувајќи дека за идната година се обезбедени над 180 милиони евра за домашниот спорт што е за седум пати повеќе споредено со 2016 година. Хрватскиот министер за туризам и спорт Тончи Главина посочи дека со владината одлука, а врз основа на Законот за …

Нов пакет даночни олеснувања и рекордно вложување во хрватскиот спорт Read More »

Власта ја изгласа сопствената резолуција за мигрантите во која се обвинува опозицијата


Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата …

Власта ја изгласа сопствената резолуција за мигрантите во која се обвинува опозицијата Read More »

СП2026: Награден фонд од рекордни 655 милиони долари


Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА …

СП2026: Награден фонд од рекордни 655 милиони долари Read More »

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовиран Центар за циркуларна економија


Поврзување на бизнис секторот со Универзитетот „Гоце Делчев“( УГД)- Штип со поддршка на државата е целта на денешното промовирање на  Центар за циркуларна економија во објектот на факултетите на  Кампус 2. Марија Дуковска-Павловска, претседател на Центар за циркуларна економија, вели ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот …

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовиран Центар за циркуларна економија Read More »

Директорот на Царинска управа во Брисел потпиша Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија


Директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, во присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Како што информира Царинската управа, целта е забрзување на легалната …

Директорот на Царинска управа во Брисел потпиша Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија Read More »

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески


Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на …

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески Read More »