Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м. има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од …

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија Read More »

Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов


Полицијата во американската држава Род Ајленд вчера соопшти дека осомничениот за фаталното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е пронајден мртов, јави ДПА. Шефот на полицијата во Провиденс, Оскар Перез, на прес конференција изјави дека осомничениот е 48-годишен студент од Универзитетот Браун и дека е португалски државјанин. Главниот обвинител на Род Ајленд, Питер Нерона, изјави …

Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов Read More »

Промоција на изданија на Институтот за етнологија и антропологија


Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ денеска ќе промовира три нови изданија: „Етнографски материјали“ од проф. Ѓорги Здравев во уредништво на проф. Инес Црвенковска Ристеска, „Долно Дупени: етнолошки белешки од животот и обичаите на една населба во Долна Преспа“ од Бранислав Русиќ, во транскрипција и превод од српски на проф. Љупчо …

Промоција на изданија на Институтот за етнологија и антропологија Read More »

Изложба на Благојче Петровски и концерт на камерниот ансамбл МАКБРАС во Македонскиот културен центар во Истанбул


Во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на  уметникот Благојче Петровски. Како што информира КИЦ Истанбул, изложбата претставува „духовно и визуелно истражување инспирирано од мислата на Руми и од иконописната традиција“. -Преку минималистички композиции, симболички знаци и внимателно користење на златната површина, Петровски …

Изложба на Благојче Петровски и концерт на камерниот ансамбл МАКБРАС во Македонскиот културен центар во Истанбул Read More »

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” во МКИЦ во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе се одржи настанот „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” со  учество на актерот и режисер Васил Михаил и гитаристот Слободан Боби Ѓошиќ. -Тие пред публиката ќе претстават избрана македонска поезија и ќе ја претстават во форма на поетски театар, соопшти МКИЦ-Софија. Васил …

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” во МКИЦ во Софија Read More »

Нов наставен кабинет на Градежниот факултет на УКИМ


На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран нов наставен кабинет, донација од ТИТАН Усје, во рамките на соработката на проектот „Знаење + CO₂ – со знаење и иновативност до помалку CO₂“. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за образование и наука  Весна Јаневска …

Нов наставен кабинет на Градежниот факултет на УКИМ Read More »

На јавна аукција одат 558 сопствени акции од Комерцијална банка – ќе има наддавање за цената


Пред Нова година ќе биде познато кога ќе се продаваат 558 сопствени акции од Комерцијална банка по пат на јавна аукција, што пак ќе повлече наддавање за цената од страна на пријавените потенцијални купувачи. Комерцијална банка вчера извести дека на 29 декември ќе ги објави сите детали поврзани со јавното наддавање, што значи тогаш ќе …

На јавна аукција одат 558 сопствени акции од Комерцијална банка – ќе има наддавање за цената Read More »

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Мицкоски во посета на фабриката „Алкалоид“


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети фабриката „Алкалоид“ АД Скопје во населено место Автокоманда, Општина Гази Баба. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје. 

Промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции …

Промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030 Read More »

Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари


Церемонијата на потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Меркосур, што требаше да се одржи утре во Бразил во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е одложена за јануари следната година. Извори во Еврокомисијата информира дека ваквата одлука Фон дер Лајен синоќа лично им ја пренела на …

Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари Read More »

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот


 Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчера започнатиот Самит рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година преку кредит за кој средства ќе бидат обезбедени врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет. – Имаме …

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот Read More »

Шкендија се пласираше во плејофот во Лигата на конференции


Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК од 1-0 (0-0) во завршното шесто коло од групната фаза. Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, …

Шкендија се пласираше во плејофот во Лигата на конференции Read More »

Трамп влегува во бизнисот со нуклеарна фузија


Компанијата зад социјалната мрежа на Доналд Трамп, Трут соушл (Truth Social), се спојува со енергетска компанија поддржана од Гугл во договор вреден повеќе од 6 милијарди долари. Трамп Медиа (Trump Media & Technology Group – TMTG) и „ТАЕ Технолоџис“ (TAE Technologies) ги објавија плановите денес, велејќи дека овој потег ќе „создаде една од првите јавно …

Трамп влегува во бизнисот со нуклеарна фузија Read More »

Бундесверот потпиша договор со Рајнметал за сателити во износ од 1,7 милијарди евра


Големиот германски изведувач на одбрана Рајнметал обезбеди договор од 1,7 милијарди евра (2 милијарди долари) со германските вооружени сили, или Бундесвер, за својот нов бизнис со вселенски сателити, објави компанијата во четврток. Повеќегодишниот договор со канцеларијата за набавки на Бундесверот вклучува опција за продолжување. Договорот се однесува на пристап до податоци за вселенско извидување обезбедени …

Бундесверот потпиша договор со Рајнметал за сателити во износ од 1,7 милијарди евра Read More »

Тешките телесни повреди намалени за 20 отсто: Тошковски за ефектите на „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за  официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција.   Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува …

Тешките телесни повреди намалени за 20 отсто: Тошковски за ефектите на „Безбеден град“ Read More »

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите


Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина. Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале …

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите Read More »

НАТО значително го зголеми военото присуство во близина на руската граница, вели началникот на рускиот Генералштаб


 Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов денеска изјави дека НАТО користејќи ја така наречената руска воена закана, значително го зголеми своето воено присуство во близина на границата на Русија. – Се набљудува обемот и интензитетот на активностите за оперативна и борбена подготовка. Се преземаат мерки за зголемување на оперативната ефикасност на трансферот …

НАТО значително го зголеми военото присуство во близина на руската граница, вели началникот на рускиот Генералштаб Read More »

Полицијата во Сплит заплени над 10.000 пиротехнички средства


Полицијата во Сплитско-далматинската жупанија во јужна Хрватска заплени голема количина пиротехнички средства, соопшти локалната полициска управа, цитирана од националната телевизиска станица ХРТ. Полицајците од Првата полициска управа во Сплит завршија кривична истрага, за време на која беа пронајдени и запленети значителни количини пиротехнички средства, забележа телевизијата. 54-годишен маж беше уапсен вчера откако беше пронајдена голема …

Полицијата во Сплит заплени над 10.000 пиротехнички средства Read More »