Израел го нападна со ракети Иран, Техеран вели штетата е „минимална“


  Израел го нападна Иран со серија воздушни напади рано во саботата, велејќи дека цели на воени локации како одмазда за баражот балистички ракети што Исламската Република ги истрела врз Израел претходно овој месец. Експлозии можеа да се слушнат во иранскиот главен град Техеран, иако Исламската Република инсистираше дека тие предизвикале само „ограничена штета“. Нападот …

Израел го нападна со ракети Иран, Техеран вели штетата е „минимална“ Read More »

Медиумски шок во САД: „Вашингтон пост“ одлучи да не се изјасни за претседателските избори


  „Вашингтон пост“ се одлучи да не се изјасни кого ќе поддржи на претседателските избори во САД што е за прв пат по децении, објави во петокот контроверзниот издавач и извршен директор Вилијам Луис. Во белешката до читателите, Луис рече дека весникот ќе се врати на своите „корени“ со одбивање да понуди поддршка или на …

Медиумски шок во САД: „Вашингтон пост“ одлучи да не се изјасни за претседателските избори Read More »

Воја Брајовиќ повторно е Тихи: Погледајте го видеото кое ја обзеде Србија


  Биг бендот на РТС сними нова верзија на музичката тема од легендарната серија во Југославија „Отпишани“. За потребите на снимањето на спотот, Воја Брајовиќ повторно влезе во ликот на шармантниот белградски илегалец Тихи. Насловната тема компонирана од Миливое Миќа Марковиќ во далечната 1972 година доби нов аранжман, пишува РТС. Биг бендот на Радио-телевизијата на …

Воја Брајовиќ повторно е Тихи: Погледајте го видеото кое ја обзеде Србија Read More »

25 октомври во историјата – Грчкиот крал Александар умре откако беше каснат од мајмун


  На 25 октомври 1920 година, грчкиот крал Александар умре од раните што ги доби откако мајмун го нападна претходно во месецот. Имаше 27 години. Инцидентот што доведе до смртта на кралот Александар се случи додека тој се шеташе на теренот на замокот надвор од Атина. Варварската макака која му припаѓала на жител на палатата …

25 октомври во историјата – Грчкиот крал Александар умре откако беше каснат од мајмун Read More »

„Капитулација пред инфлацијата“: Централната банка на Русија ја зголеми каматната стапка на дури 21 отсто


  Банката на Русија одлучи да ја зголеми основната каматна стапка од 19% на 21% годишно на состанокот во петокот, соопшти регулаторот во соопштението за печатот. Осмото зголемување по ред ја донесе стапката во Русија на највисоко ниво од 2003 година, што го надмина нивото од првите недели од инвазијата на Украина: тогаш централната банка …

„Капитулација пред инфлацијата“: Централната банка на Русија ја зголеми каматната стапка на дури 21 отсто Read More »

Илон Маск е во таен контакт со Путин уште од 2022


  Технолошкиот милијардер Илон Маск е во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 2022 година, според извештајот на „Волстрит џорнал“. Според разузнавачките извори на „Џорнал“, Маск и Путин продолжиле да имаат разговори и оваа година, кога Маск почна да ги засилува своите критики за американската воена поддршка за Украина и активно …

Илон Маск е во таен контакт со Путин уште од 2022 Read More »

Реакција од Град Скопје: „Лицето Орце Ѓорѓиевски кажува лаги за автобуси од Белград“


  Лаги, неспособност, Путин, руски структури, приватизација на ЈСП – овие и многу други работи се споменати во реакцијата на Град Скопје по вчерашната изјава на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Тој вчера рече дека ќе биде добро ако од Белград стигнеле најавените автобуси за помош на градскиот превоз на …

Реакција од Град Скопје: „Лицето Орце Ѓорѓиевски кажува лаги за автобуси од Белград“ Read More »

Камала Харис им оддаде почит на Македонците во САД, го спомена и Илинденското востание


  Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица пофални зборови за Македонците во САД, нагласувајќи ја нивната улога во американската демократија. Во обраќањето до Македонците во САД Харис го споменува бранот на македонските имиганти на крајот од 19. век, ја нагласува историската …

Камала Харис им оддаде почит на Македонците во САД, го спомена и Илинденското востание Read More »

Стратегијата на Мицкоски до 2050 година


Воодушевен сум од генијалниот предлог на премиерот Христијан Мицкоски до МАНУ да се изготви Национална стратегија за економскиот и општествениот  развој на Македонија до 2050 година. Кога ќе се оствари јас ќе го прославам својот стоти роденден во Бутел, а тој ќе наполни 73 години со добри изгледи како пензионер да доживее голема слава. А, …

Стратегијата на Мицкоски до 2050 година Read More »

Владата на Мелони ги глорифицираше војниците на Мусолини и предизвика гнев


  Десничарската влада на Италија се соочува со остри реакции откако Министерството за одбрана на земјата соопшти дека поразените фашистички војници на диктаторот Бенито Мусолини загинале за слободата на земјата. „Ние им оддаваме чест на храбрите италијански војници кои се бореа во песокот на Северна Африка. Со нив со почит се сеќаваме на сите #паднати …

Владата на Мелони ги глорифицираше војниците на Мусолини и предизвика гнев Read More »

СДСМ: Обединувањето не е можно со празни реторики


  СДСМ го критикува Мицкоски за тоа што за четири месеци нема понудено конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област. Според СДСМ, не може да се очекува обединување околу празни реторики, туку околу јасни цели и планови. Во соопштението, СДСМ потсетува дека обединувањето околу стратегија е можно само доколку се понудат конкретни решенија и …

СДСМ: Обединувањето не е можно со празни реторики Read More »

24 октомври во историјата – „Конкорд“ го имаше својот последен комерцијален лет


  Суперсоничниот авион „Конкорд“ го направи својот последен комерцијален патнички лет, патувајќи со двојно поголема брзина од звукот од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк до аеродромот „Хитроу“ во Лондон на 24 октомври 2003 година. Во авионот на „Бритиш ервејс“ имало 100 патници, вклучувајќи ја актерката Џоан Колинс, манекенката Кристи Бринкли и двојка од …

24 октомври во историјата – „Конкорд“ го имаше својот последен комерцијален лет Read More »

Елитните војници од Северна Кореја ќе бидат испратени да го ослободат Курск


  Стотици севернокорејски војници се снимени во руските воени бази на Далечниот исток. Тие се дел од контингент од 10.000 до 12.000 војници кои наскоро може да ги ангажираат во борби против украинските сили во рускиот регион Курск. Според јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС), Ким Џонг-ун веќе испратил 3.000 свои војници кај Владимир Путин; Вашингтон …

Елитните војници од Северна Кореја ќе бидат испратени да го ослободат Курск Read More »

Сиљановска побарала од Фон дер Лајен поддршка од Брисел за „билатералните предизвици“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска денеска на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен рекла дека очекува оти процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхашките критериуми. И побарала поддршка од европските институции да се надминат „билатералните предизвици“. Според соопштението на средбата биле разменети мислења и …

Сиљановска побарала од Фон дер Лајен поддршка од Брисел за „билатералните предизвици“ Read More »

Во израелски напад убиени тројца либански војници


  Во израелски напад загинаа тројца либански војници во јужен Либан во четвртокот, додека Франција беше домаќин на конференција за собирање поддршка за либанските државни сили кои се сметаат за витални за секое дипломатско решавање на војната меѓу Израел и Хезболах. Либанските војници беа убиени додека ги евакуираа ранетите во предградието на јужното село Јатер, …

Во израелски напад убиени тројца либански војници Read More »

ВМРО-ДПМНЕ отвори и свој поткаст


  Бескрајните гостувања ваму и таму по телевизиите, на радијата, во поткастите изгледа не е доволно за ги задоволи барањата на ВМРО-ДПМНЕ за појавување (т.е. доминација во етерот), па од неодамна партијата отвори и свој поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“. На одреден начин тоа е во согласност со стратегииите во минатото на ВМРО-ДПМНЕ, кога таа ангажираше новинари …

ВМРО-ДПМНЕ отвори и свој поткаст Read More »

Мицкоски загрижен дека ќе исчезнеме како држава за 70 години


  Образложувајќи ја својата идеја за да се изготви проект за стратегија на државата до 2050 година заеднички на Владата и на МАНУ, премиерот Христијан Мицкоски, рече дека во „следните 70 години сме на добар пат да исчезниме како држава. Тоа е една генерација од сега“. И запраша: „Зошто никој до сега не ја отворил …

Мицкоски загрижен дека ќе исчезнеме како држава за 70 години Read More »

Нападот на клучната турска компанија за одбрана остави четворица мртви


  Турскиот министер за внатрешни работи оцени дека „терористичкиот напад“ бил виновен за експлозијата и нападот во седиштето на националната воздухопловна компанија, „Тушаш“, надвор од Анкара, во која загинаа четири лица, а 14 други беа ранети. Големата експлозија се случила пред зградата во средата во 16 часот, а имало информации дека и во околината се …

Нападот на клучната турска компанија за одбрана остави четворица мртви Read More »

„Личностите се интересни, во негативен смисол“: Сиљановска за помилувањата што ги даде


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во изјава за ТВ21 денеска рече дека контроверзните помилувања што ги даде биле за „личности интересни во негативна смисла на зборот“. По предлог на нејзината Комисија за помилување таа или им ги намали затворските казни или ги одреди во условни наместо во ефективни затворски казни на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир …

„Личностите се интересни, во негативен смисол“: Сиљановска за помилувањата што ги даде Read More »

Орбан се надмина себеси: Ги плаши Унгарците дека Украина ќе ги нападне


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан, познат по своите про-Путин и антиевропски позиции и изјави, се надмина себеси во средата. Згрчен во неговата огнена реторика против Европската унија, во говорот пред илјадници луѓе во Будимпешта отиде толку далеку што сугерираше дека украинските трупи би можеле да влезат на унгарска територија. Во својот говор, Орбан, цитиран од …

Орбан се надмина себеси: Ги плаши Унгарците дека Украина ќе ги нападне Read More »