Уапсен подметнувачот на пожарите во Куманово


  Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, утрово во 01,10 часот, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. МВР соопшти дека …

Уапсен подметнувачот на пожарите во Куманово Read More »

Француското собрание ја собори владата на Мишел Барние


  Она што се очекуваше и се случи. Владата на премиерот Мишел Барние вечерва беше соборена во француското собрание при гласањето за недоверба. Франција влегува нова фаза на голема политичка нестабилност по изборите во јули, а претседателот Емануел Макрон нема добри алатки да ја изнесе земјата од кризата. Малцинската влада на Барние го загуби гласањето …

Француското собрание ја собори владата на Мишел Барние Read More »

Кој е Абу Мохамед ал Голани, водачот на шокантниот бунт во Сирија?


  БЕЈРУТ – Во текот на изминатите десетина години, сирискиот милитантен водач Абу Мохамед ал Голани работеше на дотерување на неговиот јавен имиџ и бунтот што тој го командува, откажувајќи се од долгогодишните врски со Ал Каеда и консолидирајќи ја моќта пред да излезе од сенка. Сега Ал Голани (42) повторно се обидува да го …

Кој е Абу Мохамед ал Голани, водачот на шокантниот бунт во Сирија? Read More »

Унгарија предложи, но ЕУ одби да го отвори кластерот 3 со Србија


  Земјите членки на ЕУ повторно не постигнаа договор за отворање на кластерот 3 во преговорите со Србија, дознава РТС од дипломатски извори во Брисел. Ниту третата средба на ниво на амбасадори на оваа тема не доведе до потребниот консензус. Унгарија како претседател на ЕУ најавува дека дебатата за ова прашање ќе продолжи следната недела. …

Унгарија предложи, но ЕУ одби да го отвори кластерот 3 со Србија Read More »

Пијано и солзи во разурнатиот дом во Украина (Видео)


  На видеото се гледа како Алина Ременец од Тернопил, Украина, свири на пијано среде урнатините од нејзиниот стан, каде што нејзиниот татко Виталиј беше убиен на 2 декември во напад со руски беспилотни летала. Нејзината мајка Ивана со своето тело ја заштитила нејзината 11-годишна сестра Вероника, но и самата се здобила со тешки изгореници. …

Пијано и солзи во разурнатиот дом во Украина (Видео) Read More »

Три плана на сојузниците на Трамп за завршување на војната во Украина


  Доналд Трамп сè уште нема развиено конкретни предлози за решавање на војната во Украина. Но, неговите сојузници и советници разговараа за неколку идеи јавно и приватно, вклучително и меѓусебно и со самиот Трамп. Тие имаат некои заеднички елементи, пренесува Ројтерс врз основа на анализа на изјави и разговори со неколку луѓе блиски до новоизбраниот …

Три плана на сојузниците на Трамп за завршување на војната во Украина Read More »

4 декември во историјата – Тери Андерсон ослободен во Либан по 2.454 дена во заробеништво


  На 4 декември 1991 година, исламските милитанти во Либан го ослободија киднапираниот американски новинар Тери Андерсон по 2.454 дена во заробеништво. Како главен дописник за Блискиот Исток за Асошиетед прес, Андерсон ја покриваше долготрајната граѓанска војна во Либан (1975-1990). На 16 март 1985 година, тој беше киднапиран на улица во западен Бејрут додека го …

4 декември во историјата – Тери Андерсон ослободен во Либан по 2.454 дена во заробеништво Read More »

САД се загрижени од предложениот закон за странски агенти во Србија


  Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени за импликациите што предложениот закон за странски агенти во Србија би можел да ги има врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучително и слободата на изразување и здружување, се вели во одговорот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа. „Ваквиот закон може да го стесни просторот за …

САД се загрижени од предложениот закон за странски агенти во Србија Read More »

Војна за микрочипови: Кина го забрани извозот на галиум, антимон и германиум во САД


  Кина во вторникот објави дека го забранува извозот во Соединетите Држави на галиум, германиум, антимон и други клучни високотехнолошки материјали со потенцијална воена примена, како општ принцип, по одлуката на САД за ограничувањата на извозот поврзан со полупроводници. Кинеското Министерство за трговија го објави овој потег откако Вашингтон ја прошири својата листа на кинески …

Војна за микрочипови: Кина го забрани извозот на галиум, антимон и германиум во САД Read More »

Скијачката сезона во Нижеполе почнува денеска, во Маврово утре


  Во ски-центарот „Стрежево“ на Нижеполе на Пелистер започнува ски сезоната.  Денеска од 11 часот центарот најавува промотивно скијање за посетителите. На Нижеполе ќе има и дневно и ноќно скијање. „Стартува претстојната скијачка сезона. ЈП ‘Стрежево’ ги спроведе сите технички подготовки и активности за непречен и успешен почеток на скијачката сезона. Патот е прооден, паркинзите …

Скијачката сезона во Нижеполе почнува денеска, во Маврово утре Read More »

Намибија ја избра првата жена претседател на спорните избори


  Нетумбо Нанди-Ндаитва, од владејачката Народна организација на Југозападна Африка (Свaпо), е избрана за прва жена претседател на Намибија по минатонеделните спорни избори. Изборната комисија соопшти дека таа освоила повеќе од 57 отсто од гласовите, а нејзиниот најблизок ривал Пандулини Итула доби 26 отсто. По логистичките проблеми и тридневното продолжување на гласањето во некои делови …

Намибија ја избра првата жена претседател на спорните избори Read More »

Марин Ле Пен ја доведе владата на Барние на колена, следната цел е Макрон


  Марин Ле Пен има две големи цели, велат нејзините критичари: да предизвика хаос и да го урне Емануел Макрон. Драматичните настани од последните денови, кога францускиот политички систем се распадна и ја доведе втората по големина земја во Европската унија до една од најсериозните кризни точки во нејзината модерна историја, би сугерирале дека нејзините …

Марин Ле Пен ја доведе владата на Барние на колена, следната цел е Макрон Read More »

И СДСМ е против зголемување на старосната граница за пензионирање


  За СДСМ идејата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.  „Овие најави совршено се надоврзуваат на основните принципи на функционирање на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски: експлоатирањето на трудот на работниците без никакво најави за зголемување плати, накалемувањето …

И СДСМ е против зголемување на старосната граница за пензионирање Read More »

Каја Калас остро до Вучиќ и Курти: Нема членство во ЕУ без нормализација на односите


  Новата висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во Брисел изјави дека единствениот пат за членство во ЕУ е нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. „Единствениот начин за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор“, напиша Каја Калас на платформата Икс, каде …

Каја Калас остро до Вучиќ и Курти: Нема членство во ЕУ без нормализација на односите Read More »

Ден на голема конфузија во Јужна Кореја, претседателот ќе го повлече указот за воена состојба


  СЕУЛ – Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол најави дека ќе преземе чекор за укинување на воената состојба што ја воведе пред само неколку часа. Ова доаѓа откако пратениците едногласно гласаа за укинување на указот на претседателот за воена состојба, со присутни 190 од 300 членови. Сопствената политичка партија на претседателот Јун Сук Јеол го …

Ден на голема конфузија во Јужна Кореја, претседателот ќе го повлече указот за воена состојба Read More »

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри


  Дури за тројца министри и еден заменик-министер пратеничката група на „Европскиот фронт“ поднесе денеска барања за интерпелација во Собранието. Заедно со тоа опозициската коалиција поднесе барање и на наредната седница на парламентот на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата. Интерпелации се поднесени за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и …

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри Read More »

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправа дали да има лидерска средба или не


  Главната опозициска партија повикува на лидерска средба по вознемирувачките сцени околу палњето и сквернавењето на макоденоското знаме и „наелктресираната ситуација“ во општеството, а ВМРО-ДПМНЕ го одбива тоа како непотребна политичка игра. Портпаролката на владата, Марија Митева, денеска го повика СДСМ да го официјализира барањето. Според неа, прилично е чудно што барање за лидерска средба …

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправа дали да има лидерска средба или не Read More »

Оптичкиот кабел меѓу Шведска и Финска бил скинат на две места


  Водечкиот северноевропски провајдер за дигитална инфраструктура и комуникации со податоци „Глобал конект“ работи на поправка на дефект на кабелот со оптички влакна во Финска, објави денеска компанијата, цитирана од Ројтерс. Две одделни скинувања на кабелот предизвикаа прекин во земјата, објави добавувачот на својата веб-страница, додавајќи дека нема засегнати офшор кабли. Инцидентот се случил во …

Оптичкиот кабел меѓу Шведска и Финска бил скинат на две места Read More »

3 декември во историјата – „Трамвајот наречен желба“ почна да се прикажува на Бродвеј


  На 3 декември 1947 година, познатиот извик на Марлон Брандо „СТЕЛА!“ направи прво бум на сцената на Бродвеј, наелектризирајќи ја публиката во театарот „Етел Баримор“ уште на почетокот за време на првата изведба на драмата на Тенеси Вилијамс „Трамвајот наречен желба“. 23-годишниот Брандо го глумеше грубиот, полско-американски работник ец Стенли Ковалски, чиј жесток судир …

3 декември во историјата – „Трамвајот наречен желба“ почна да се прикажува на Бродвеј Read More »

Повторно заробена држава


Бавно, застрашувачки бавно, ама сепак во Македонија расте сознанието дека одложувањето и доведувањето во прашање на преговорите со ЕУ е велепредавство на најзначајните државни интереси. Сѐ повеќе јавни личности, слободно мислечки луѓе, новинари, иако сѐ уште малцинство, предупредуваат погласно, похрабро и аргументирано на катастрофалните последици, доколку потрае самоблокадата на македонските евроинтеграции што ја поставија премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа злосторство …

Повторно заробена држава Read More »