МАНУ ќе добие специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали


Во Македонската академија на науки и уметност денеска ќе се изврши примопредавање на донација во специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали на Академијата. Донацијата ја обезбеди „Ротари клуб Скопје Вест“ од свои средства, како и од донациите собрани на клупската донаторска вечер одржана во мај, оваа година во Даутпашиниот амам. Опремата, како […]

Претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 15 декември  2023 година, 349-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 16 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 9 […]

Бијонсе уште малку па милијардерка, предвидува „Форбс“


По големиот успех на светската турнеја „Ренесанса“, Бијонсе се приближува до статусот милијардерка. Според Форбс, нето-вредноста на поп-ѕвездата се зголемила за околу 300 милиони долари оваа година, што сега го прави нејзиното проценето богатство од над 800 милиони долари. Кога претходно оваа година се најде на 48-то место на листата на Форбс за најбогати жени […]

Божикен албум и филм: Хаузер ве води во магична музичка бајка (видео)


Виолончелистот Стјепан Хаузер од некогашниот двоец „Ту челос“ ( за чиј настап во Македонија секогаш се бараше карта повеќе) го круниса својот божиќен албум со прекрасен божиќен филм кој ќе ги заокружи празниците на сите, а албумот веќе го зазеде првото место на Билборд топ-листата во категоријата Classical Crossover Albums Линк до целиот текст тука […]

Сите зборат за Леа Де Сејн, ќерката на Бредли Купер и Ирина Шајк


Лос Анџелес– На Бредли Купер му се придружија неколку специјални гости на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“ во Лос Анџелес . Купер, кој е режисер, ко-сценаристот и глуми во филмот како познатиот американски композитор Леонард Бернштајн, беше фотографиран со неговата 6-годишна ќерка Леа Де Сејн и неговата колешка од „A Star Is Born“ Лејди […]

Бремената Сиена Милер се соблече за „Вог“: Да бидам мајка на 41 година е ново искуство


Актерката Сиена Милер е искрена за својата бременост на 41 година. Додека зборуваше за Vogue за декемвриското издание, актерката се отвори за раѓањето бебе подоцна во животот, велејќи дека не е ослободена од сопствените несигурности. „Би сакала да дојдам до точка каде што нема да чувствувам потреба да се пошегувам со тоа што сум постара […]

Наследникот на „Хермес“ ќе му го остави богатството на градинарот


Николас Пуч, 80-годишниот наследник на богатството на Хермес, наводно планира да го распредели своето богатство на неочекуван начин. Според швајцарското издание Tribune de Genève, цитирано од New York Post, Пуч наводно планира да го назначи својот „поранешен градинар и мајстор“, неименуван 51-годишен маж за свој наследник. Пуч, кој не е оженет и нема свои деца, […]

Најголемиот леден брег во светот „А23а“ почна да се движи – поголем е отколку што се мислеше


Лондон – Најголемиот леден брег во светот -„А23а“ почна да се движи, откако 30 години беше заглавен во Веделовото Море и во моментов има волумен од приближно 1.100 кубни километри и тежи нешто помалку од билион тони, што е повеќе отколку што се мислеше. Научниците дојдоа до големината на ледениот брег со комбинирање на неговата […]

Уапсени четворица припадници на Хамас за планирање напади низ Европа


Берлин – Четворица членови на палестинската милитантна група Хамас се уапсени под сомнение дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа, соопшти денеска германското обвинителство.  Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесуваат британските медиуми.  Четворицата уапсени биле долгогодишни членови на Хамас и биле тесно поврзани со раководството на воениот огранок […]

Халанд, Мбапе и Меси во конкуренција за Златната топка на ФИФА


Светската фудбалска федерација ги објави имињата на тројцата фудбалери кои останаа во трката за престижното признание што му се доделува на најдобриот играч за годината што изминува. Меѓу тројцата финалисти кои освоија најмногу гласови останаа Ерлин Халанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси. Во изборот на најдобрите за 2023 година решавачки се настапите во периодот од […]

АТП склучи договор со Спортрадар, компанијата сака да го претвори тенисот во технолошки најнапредниот спорт


Лондон– Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) склучи повеќегодишен договор со аналитичката корпорација Спортрадар. По аукцијата спроведена од „Tennis Data Innovations (TDI)“, заеднички производ на АТП и АТП Медија, беше избран „Sportradar“. ТДИ обезбедува податоци за обложувалниците за над 17.000 тениски натпревари секоја сезона. „Sportradar“ ќе добие права за пренос во живо и дистрибуција на податоци за […]

Од февруари студенти од Тирана ќе учат македонски јазик во новоотворениот Лекторат


Студенти кои живеат во Тирана, од вториот семестар, ќе започнат да учат македонски јазик во новиот Лекторат кој е отворен во главниот албански град, поточно на тамошниот Факултет за странски јазици при Универзитетот во Тирана. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, наставата ќе ја одржува […]

Смитсонијан ја чествуваше Опра со портрет


Шон Мајкл Ворен може да се заблагодари на мурал што го поврзал со неговата многу позната муза. Пред три години, уметникот од Чикаго го наслика ликот на Опра Винфри како дел од мурал во градска населба , куриран од B_Line Projects за да ѝ оддаде почит на медиумскиот магнат чија познат ток-шоу и продукциска компанија […]

Агелер и Костадиновска-Стојчевска во Кокино: Уште малку до престижната листа на УНЕСКО


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со жени носителки на јавни функции, дипломатки и првата дама, го посети древниот локалитет Кокино, една од најстарите опсерватории во светот. Пешачката тура, со цел афирмација и подигнување на свеста за културното наследство на овој дел од државата, е наречена „Кокино – поглед кон бесконечноста“. Министерката рече дека Кокино, како […]

Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава


Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Северна Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите […]

„Се чини се“ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“- Тина Иванова ќе промовира роман


 Во сабота во 19 часот, во „Аудиокултура“, ќе се одржи промоција на новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“. Како што појаснува авторката Иванова, романот „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден […]

Грета Гервиг претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Грета Гервиг, чиј последен филм „Барби“ оваа година заработи 1,4 милијарди долари на глобалниот бокс офис и штотуку доби девет номинации за Златен глобус, ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал во 2024 година. Гервиг претходно присуствуваше во Кан заедно со нејзиниот партнер Ноа Баумбах, особено во 2017 година кога беше премиерно прикажан неговиот […]

„Јанѕа“ – во Прилеп премиерно прикажан документарниот филм  за Блаже Конески


Во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков во Прилеп синоќа премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Јанѕа“,  по сценарио и во режија на Никола Т. Калајџиски. Документарниот филм е за нашиот великан Блаже Конески, а е сниман според мотивите на „Дневник по многу години“ на Конески. „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период […]

На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор


Париз – На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан мировниот договор за Босна и Херцеговина, познат и како Дејтонско-Париски договор. Договорот го потпишаа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман од Хрватска и претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ. Тој документ со кој беше потврден мировниот договор претходно постигнат на 21 […]