Без струја утре делови од општините Карпош и Центар


Без електрична енергија утре од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците на улицата „Партизанска“ бр.4 во општина Карпош, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Според информацијата што ја добиле од ЕВН Македонија, утре од 08 до 13:30 часот без струја ќе бидат и жителите на улицата „Мирослав Крлежа“, како и дел […]

Најмалку 13 загинати од силно невреме во крајбрежниот аргентински град Баија Бланка


Баија Бланка – Најмалку 13 лица загинаа во аргентинскиот град Баија Бланка, изјави градоначалникот на овој крајбрежен град, откако силна бура го погоди атлантскиот брег на оваа јужноамериканска земја. Федерико Сусбиелс, градоначалникот на Баија Бланка, ја потврди бројката на загинати во објава на социјалната мрежа Х. Градот се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата […]

Меган Маркл и принцот Хари ја споделија божикната честитка за 2024


Меган Маркл и принцот Хари им посакуваат среќни празници на своите фанови и поддржувачи. Во петокот, војводата и војвотката од Сасекс ја открија својата празнична честитка за 2024 година, која ја испратија преку е-пошта во партнерство со нивната фондација Арчевел, во која е претставен еден од нивните најзначајни моменти од годинава што изминува: Игрите на […]

Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин“ кои предизвикале давење


Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери почина од „акутни ефекти на кетамин“ и давење, а неговата аутопсија покажа дека има слични количини на кетамин во неговиот систем како болнички пациент под општа анестезија. „Одделот за медицински преглед на округот Лос Анџелес ја утврди причината за смртта на 54-годишниот актер Метју Лангфорд Пери како акутни ефекти на […]

Македонците во Србија бараат отворање Kатедра за македонски јазик


Србија и Северна Македонија имаат најдобри можни „братски“ меѓусебни односи. Србија го признава македонското малцинство, неговиот идентитет, АСНОМ, македонското име, македонскиот јазик и култура. Во Србија живеат над 100.000 Македонци од кои според последниот попис само 14.767 лица се определе како Македонци. Тие имаат законска можност за остварување на своите права на културно, јазично, образовно […]

Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од централното подрачје во Скопје


Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје. Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран ноќеска во 03:50 часот. Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата […]

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица останува забраната за камиони


На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.  Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.  На останатите патишта низ државата, според […]

„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје


 Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи – тим за спасување на планина, во костимите на детските херои – Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст […]

Претпладне студено, преку ден сончево


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени. Во Скопје, наутро ќе биде променливо облачно, а преку ден сончево со слаб до умерен северен […]

Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство


Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак […]

,,Најди ме” – Македонија подготвува свој систем за рано предупредување за исчезнати лица


Системот Најди ме, за рано предупредување за исчезнати лица, во С. Македонија е најавено дека ќе биде ставен во функција наскоро, откако претходно се направени подготовки. Во Србија сличен систем беше промовиран пред месец и половина, после 8 години чекање (иницијативата во Србија е од 2015 година а реализацијата во 2023 година). Така што, кога […]

Семафорите на крстосницата меѓу „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“ времено ќе бидат исклучени


Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информира дека денеска од 9 часот времено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“. Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред. Времениот прекин на […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 17 декември  2023 година, 351-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 14 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минута, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее 10 […]

Креативците треба да ги поддржуваме, рече Пендаровски за изложбата претставена на Венециското биенале


Во Кабинетот на претседателот е поставена изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“ со која се претстави нашата држава на 18. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција – Венециско биенале 2023. „Познавачите знаат дека учеството на венецијанското архитектонско биенале подразбира сериозен авторски и организациски […]

„Галија“ нè однесе во еден (не)познат свет на љубов, среќа, радост и топлина: Магичен концерт во Филхармонија


Врвната музика, духовноста и магијата се споија синоќа во преполнетата Филхармонија на првиот од двата концерти на српскиот бенд “Галија’ во Скопје, во организација на „Авалон“. Насловен како „Акустично као некада“, музичката „Галија“ не однесе во еден (не)познат свет на љубов, среќа, радост, топлина, убави спомени, за кои фановите од целиот регион тврдат дека „пловат“ […]

Принцот Алберт и Шарлин ја имаат најубавата божикна честитка


Снимањето на божиќна честитка е посебен настан во семејството на принцот Алберт Втори од Монако и сопругата Шарлин. Убавата принцеза со својата префинета елеганција и дискретен избор на накит од година во година предизвикува воодушевување кај своите сограѓани и обожаватели ширум светот, но овој пат целото внимание го привлекоа деветгодишните близнаци Жак и Габриела. Малиот […]

Три пријави стигнале на конкурсот за директор на МКЦ, ќе се изненадите


Три пријави стигнале на конкурсот кој го објави Младинскиот културен центар (МКЦ) за избор на директор на институцијата. Како што дознава СДК.мк од извори на Управниот одбор на МКЦ, кандидатури поднеле музичарот Бени Шаќири, дипломиран продуцент и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент […]

Ја продолжуваме соработката со Албанија во борбата против трговијата со артефакти


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Северна Македонија кое беше пронајдено во Република Албанија. На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, […]

„Среќните луѓе не слават родендени“, нов роман од Сашо Кокаланов


Деновиве од печат излезе романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов, како книга бр. 225 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или од Скопје. Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува краток, згуснат книжевен запис кој на очигледен и нескриен начин кокетира […]

„Молитви на моето тело“ -балетски спектакл во чест на Ацо Шопов на 20 декември во НОБ


  „Молитви на моето тело“ е балетски трилтих што премиерно ќе се одржи на 20 декември во Национална опера и балет (НОБ), по повод 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, а по идеја на костимографот Александар Ношпал. Поезијата на Шопов односно истоимениот циклусот поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден […]