БРАКО испорача возило во Поморие, Грин Машинс се бараат се повеќе на Балканот 


Бугарскиот приморски град Поморие набави возило за чистење на градските улици од брендот Грин Машинс на БРАКО.  Возилото беше испорачано минатата недела, а станува збор за новиот надграден модел 636 stage V, во кој е вграден најсовремениот систем за контрола на издувни гасови и е со сертификат за квалитет од германското сертификационо тело TUV. Стручните […]

Меѓународниот семинар за македонски јазик одбележа 56 години постоење


На денешен ден, пред 56 години, бил основан Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. Семинарот има богата традиција на македонистиката кај нас и во светот. Меѓународниот семинар има 11 македонстички лекторати во девет земји: Франција, Руската федерација, Турција, Хрватска, Полска, Унгарија, Романија, Кина, а од декември годинава и во […]

Слаткар, Дарио и фолк пејачи за дочек на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад


Комората на музичка индустрија во соработка со град Скопје, со спонзорство на „Дајмонд Мол“, го подготвиле списокот на музичари кои ќе настапат на дочекот на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“. Изборот годинава е на македонски музичари, па така предвидено е на 31 декември да настапат „Тринити Стрингс“, Слаткар, Дарио и „Мерак меана“ со Сузана Гавазова, […]

Промоција на збирка аудиодрами од Горан Стефановски во Скопје


„Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“ ќе биде промовирана вечерва (петок) во 17 часот во просториите на Европска куќа – Скопје. На постоечката платформа за аудио книги „Самоглас“ додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. „Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум. Ова е одличен начин да се приближи […]

Со двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годината


Македонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели. В сабота во 12 часот премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. „Годината ќе ја испратиме со прекрасната музика од славните класични композитори и […]

СВР Тетово: Возачите да го почитуваат режимот на паркирање во зимските центри за да нема метеж


Секторот за внатрешни работи денеска упати апел до возачите кои планираат во деновите од викендот да престојуваат во зимските центри.  Од нив се бара да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници за да се избегнат поголеми сообраќајни метежи. -На зимските туристички центри Попова Шапка и Маврово веќе стартуваше новата скијачка […]

УХМР: Од недела релативно топло време, пониски температури по котлините поради магла


 Засилен северозападен ветер ќе дува утре, а од недела времето ќе биде тивко и релативно топло,  прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Поради појава на магла, дневните температури ќе бидат пониски по котлините. В недела дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, во понеделник од 7 до 17, во вторник од 6 […]

Вреќите подароци за „Златен глобус“ во 2024 пораскошни од Оскарите, „тежат“ 500 илјади долари


„Златен глобус“ ќе врати малку од својот сјај со тоа што ќе им даде вреќи со подароци во вредност од над 500.000 долари за најгламурозните гости на доделувањето на наградите. Списанието за луксузен животен стил Глобус и Роб Репорт, во средата објави дека 83 номинирани и водители на шоуто на 7 јануари (во живо на […]

Тоалетата на Никол Кидман во боја на шампањ му даде сосема ново значење на празничното облекување


Сиднеј- Време е за свечани моменти, бидејќи Никол Кидман штотуку ја облече најпрекрасната тоалета во боја на шампањ токму на време за празниците – и уште поважно, новогодишната ноќ. Иако црвената е бојата на избор меѓу познатите личности на тепихот во последно време ( Амал Клуни и Хејли Бибер), Никол Кидман тргна во друга насока […]

Берлинале го почести Мартин Скорсезе со „Златна мечка“ за животно дело


Мартин Скорсезе ќе биде награден со почесна Златна мечка на 74. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, што ќе се одржи од 15 до 25 февруари 2024 година. Наградата за животно дело ќе ја добие на специјална церемонија на 20 февруари. „За секој кој го смета киното како уметност на обликување приказна на таков начин што […]

Почна зимата


Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги. Сонцето […]

Совршена поезија и совршен балет – Молитвите на Ацо Шопов го маѓепсаа Скопје (галерија)


90 минути публиката, синоќа, во Националната опера и балет ја следеше без здив балетската претстава – триптих „Молитвите на моето тело“ според истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов,  маѓепсана од креативното „сплотување“ на тим од тринаесет уметника, од различен профил. Тоа беше волшебна ноќ каде талентот, технологијата, естетиката, искреноста, страста, животот, емоцијата, душата, совршенството, харизмата, […]

По 40 години: Со 9,6 милиони денари подновена салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево 


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во беше во работна посета на Делчево, каде заедно со градоначалникот Горан Трајковски  направија увид во активностите на новата сала во Спомен домот на АСНОМ, проект финанскиски поддржан од Програмата на Министерството за култура за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа, за 2023 година.  – Проектот е прва […]

Земјотресите во февруари ќе ја чинат Турција 110 милијарди долари


Анкара – Вредноста на штетите предизвикани од земјотресите во Турција во февруари се проценува на 110 милијарди долари, објави турскиот министер за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени, Мехмет Јожасеки. Според министерот, земјотресите на 6 февруари годинава во јужна Турција директно погодени 14 милиони луѓе во 18 градови и нивната околина. -Во регионот каде што […]

СЗО го прогласи сојот JN.1 на Ковид-19 за „варијанта од интерес“


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје. Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера. Според здравствената […]

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија


Предновогодишен концерт на воените оркестри од aрмиите на Северна Македонија, Албанија, Словенија и Хрватска ќе се одржи вечерва во Домот на Армијата во Скопје, соопшти Министерството за одбрана. Мотото на концертот е „Армиски aкорди, новогодишна прослава на пријателството преку звуците на четири армии на НАТО“. Ќе се изведе репортоар од различни нумери од познати светски […]

Бочварски бара контролорите на летање да се воздржат од штрајк


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски побара контролорите на М-НАВ да се воздржат од одлуката за штрајк за Нова година. Тој денеска изјави дека се состанал со претставници на Синдикатот на МНАВ и кажа дека се прават напори за надминување на овој проблем. Бочварски верува дека во интерес на граѓаните, контролорите ќе овозможат летови […]

Ковачевски и Мицкоски ќе разговараат за техничката влада зад затворени врати


Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, и лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе имаат тет-а-тет разговор за техничката влада пред изборите, но средбата нема да биде најавена за медиумите, ниту тие ќе може да се надеваат на изјави веднаш по средбата. Како што рече Ковачевски, лидерската средба ќе се одржи откако претходно за тоа ќе […]

Ми се оствари голема желба, вели Милка Ефтимова за изложбата на нејзините лични предмети (фото)


Импресивна кариера  со 1.200 настапи на оперската и на концертната сцена, во дваесетина земји на светот на оперската дива Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) која и  во деветтата деценија изгледа отмено, не излегува надвор недотерана и без шминка, а меморијата ѝ работи како швајцарски часовник, е распослана во фоајето на Музејот на македонската борба во […]

Утре е неработен ден за Турците во Македонија


„Согласно со Законот за празниците, 21 декември 2023 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница“, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на наставата на турски јазик. Ова е единствениот национален празник што го прославуваат […]