Ковачевски и Тренчевска попладне на средба со пензионерите


 Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска попладне ќе се сретнат со претставници на здруженијата на пензионери.  Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите.  Владата со деветиот антикризен пакет предвиде мерки и за пензионерите со најниски примања. Во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади […]

„Музеј на детството“ – изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам


Во првата половина на месец декември 2023, Чифте амам ќе стане „Музеј на детството“. Станува збор за самостојна изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. Изложбата ќе се отвори на 5 декември, во 19 ч. На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими, и […]

„Рајанер“ воведува летови од Брисел до Сараево и Дубровник


Брисел – Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ најави дека од април 2024 година ќе воведе нови линии од аеродромот „Брисел-Шарлроа“ до Сараево и Дубровник.  Авионите на релациите од Брисел до престолнината на БиХ и до хрватскиот јадрански град ќе летаат четири пати неделно.  – Среќни сме што на нашите клиенти од Брисел им пружаме уште поголем избор […]

Со 80.000 учесници, КOP28 е најголемиот самит на ОН за климата досега


Дубаи– КOP28 е официјално најголемиот самит на ОН за климата досега, со 80.000 учесници регистрирани на список кој — за прв пат — покажува за кого работат. До оваа година, оние што учествуваа не беа обврзани да кажат за кого работат, што го отежнуваше откривањето на лобистите и идентификувањето на потенцијалниот конфликт на интереси на […]

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со „Мојот маж“


По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од денес до 6ти декември ќе се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува утре на 2ри декември со претставата „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ […]

Се снима филм за подемот на Трамп како њујоршки тајкун за недвижности


Ѕвездата на „Марвел“, Себастијан Стен, ќе го глуми Доналд Трамп во нов биографски филм, а во актерската екипа ќе бидат и Џереми Стронг, кој се прослави во серијата „Следоред“ и Бугарката Марија Бакалова, номинирана за Оскар за „Борат 2“. Режиран од иранскиот филмаџија Али Абаси, „The Apprentice“ ќе ги истражува моќта и амбицијата во светот […]

Жените Ромки имаат потенцијал преку уметноста да рушат стереотипи


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го отвори културниот настан кој се одржa во рамки на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, порачувајќи дека колективна обврска е заедно да градиме еднаквост и дека уште сега треба да се размислува за тоа како ќе живеат и каков ќе биде животот на Ромките родени денес. […]

На Армискиот полигон „Криволак“ вежбовни активности „Храбар партнер 23“


Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и Африка, од денеска до 10 декември ќе изведуваат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на вежбата „Храбар партнер 23“. Припадниците од вториот коњанички полк на ВС на САД, на полигоните и стрелиштата на „Криволак“ ќе реализираат вежбовни активности со гаѓања од лесни оклопни […]

Пендаровски на Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во ОАЕ


Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој учествува на дводневната Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, денеска ќе се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади.  Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, предвидено е тој да оствари повеќе билатерални средби […]

Во 13 часот проверете дали ознаката Т2 е на вашиот струјомер: Стартува евтината дневна тарифа


Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата, со што вкупно 11 часа ќе имаат на располагање евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела. Доколку сакате да дознаете дали кај вас е активна евтината […]

Антонела Басани на средба со претседателот на Собранието


 Во посета на Собранието на Северна Македонија денеска ќе престојува потпретседателката на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани. Како што информираат од собраниската прес-служба, Басани ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

Најстудено во Струмица и Берово, најтопло во Охрид и Демир Капија


 Утрово до 07.30 часот најстудено со измерен 1 степен е во Струмица и во Берово, а најтопло со 11 степени Целзиусови е во Охрид и во Демир Капија. Според УХМР, 2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Тетово и Крива Паланка, три во Скопје-Зајчев Рид и Попова Шапка, 4 Куманово, Велес, Гевгелија, 5 степени […]

Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија


Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова тврдење се наведува во синоќешното […]

Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар


Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство остварил средба со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. На средбата, министерот Меџити ја […]

Обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје


Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, заедно со директорот на Културно информативниот центар (КИЦ) Антонио Димитров и претставник на Град Скопје, денеска напладне пред КИЦ ќе имаат кусо обраќање по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје. Од Австриската амбасада велат настанот е дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30), во чии […]

Конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Македонија


 На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија.  На конференцијата, според агендата, најавени се обраќања на потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, премиерот Димитар Ковачевски и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.  Во рамки на конференцијата ќе се […]

Македонија и Словенија ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка


Северна Македонија и Словенија денеска ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година.  Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од македонска страна и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон. По потпишувањето на меморандумот најавена е прес-конференција во Владата на Северна Македонија. 

„Отворен ден на УКИМ“ на сите факултети на Скопскиот универзитет


„Отворен ден на УКИМ“ организира денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на секој од факултетите во негов состав,  во два термина – од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот. -Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да […]

Пораки од Министерскиот совет: ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата


ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки што беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје. Европските лидери […]

Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието. Се очекува оваа точка да се најде на дневен ред на првата наредна пленарна седница. За да се изгласаат новите членови […]