Драматично до крај: Македонија и Португалија играа нерешено


Хернинг – Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а …

Драматично до крај: Македонија и Португалија играа нерешено Read More »

Чиле погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени


Сантјаго– Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето западно од пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 10 километри и на 775 километри од градот Пуерто Монт. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување …

Чиле погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени Read More »

Трка за Париз: Рашида Дати најави оставка во владата


Париз – Рашида Дати, француската министерка за култура и кандидатка за следниот градоначалник на Париз, денес објави дека ќе ја напушти владата пред локалните избори во Париз. „Денес потврдувам дека ги почитувам сите етички правила. Нема потреба да се грижите, секако дека ќе ја напуштам владата пред локалните избори во Париз. Знам што треба да …

Трка за Париз: Рашида Дати најави оставка во владата Read More »

Два гола негатива за македонските ракометари против Португалија (полувреме)


Хернинг – Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, а Никола Маркоски доби и црвен картон во 15.минута. …

Два гола негатива за македонските ракометари против Португалија (полувреме) Read More »

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија


Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Како што …

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија Read More »

Олга Даниловиќ ја победи Венус Вилијамс на отворањето на Австралија Опен


Мелбурн – Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. –  Беше феноменален меч, со многу енергија од …

Олга Даниловиќ ја победи Венус Вилијамс на отворањето на Австралија Опен Read More »

Митревски и Пешевски во составот, место Галевски и Ристевски


Хернинг – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел со Португалија. Тој направи две замени во однос на дуелот со Данска одигран во петокот. На денешниот натпревар на теренот ќе се појават голманот Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради ситни повреди „одмораа“ со Данска, а денеска на трибините во …

Митревски и Пешевски во составот, место Галевски и Ристевски Read More »

Двојна победа за Домен Превц во Сапоро


Сапоро – Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата.  Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и …

Двојна победа за Домен Превц во Сапоро Read More »

Пендаровски му возврати на Мицкоски


Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владат, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски. “Навистина мислев да не му давам на …

Пендаровски му возврати на Мицкоски Read More »

Балсамот не помага? Дерматолог објаснува зошто усните пукаат 


Зимата си има свој шарм, но студот, ветерот и сувиот воздух честопати ја носат таа класична мака – суви, затегнати и испукани усни. Многумина потоа посегнуваат по балсам, но ако проблемот постојано се враќа, лесно е да се падне во вртлогот на „советите“ од социјалните медиуми и да се почне да се сомнева во сè. …

Балсамот не помага? Дерматолог објаснува зошто усните пукаат  Read More »

Норвежанецот Мек Грат победник на слаломот во Венген


Венген – Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута. Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот. Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од …

Норвежанецот Мек Грат победник на слаломот во Венген Read More »

Мета отпушта 1.500 вработени, го затвора проектот Метаверс


Мета отпушта околу 1.500 вработени од својата дивизија Reality Labs, која е одговорна за развој на производи за виртуелна реалност. Овој потег е дел од поширокото отстапување на компанијата од Метаверс, проект кој беше толку клучен што компанијата го смени своето име од Фејсбук во Мета во 2021 година, објавува Futurism. Префрлање на фокусот од …

Мета отпушта 1.500 вработени, го затвора проектот Метаверс Read More »

ООУ „Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик


Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на …

ООУ „Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик Read More »

Германските војници се повлекоа од Гренланд


Берлин – Портпаролот на германската армија изјави дека германскиот воен разузнавачки тим од 15 војници, неодамна испратен на Гренланд, денеска го напушти арктичкиот остров и се упати кон Копенхаген. Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд. – Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени …

Германските војници се повлекоа од Гренланд Read More »

Рама се пофали со поканата од Трамп за учество во Одборот за мир


Тирана – Премиерот Еди Рама денеска го објави текстот на писмото што го добил вчера од претседателот на САД, Доналд  Трамп, кој лично го поканил да ја претставува Албанија во Одборот за мир за Појасот Газа. Заблагодарувајќи им се на Албанците за привилегијата на доверба што му ја дадоа на изборите, премиерот уверува дека „ќе направам …

Рама се пофали со поканата од Трамп за учество во Одборот за мир Read More »

Мицкоски: Прво ќе ја завршиме домашната задача со реформите, потоа останува на ЕУ дали ќе продолжи да го билатерализира процесот


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување. -Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една …

Мицкоски: Прво ќе ја завршиме домашната задача со реформите, потоа останува на ЕУ дали ќе продолжи да го билатерализира процесот Read More »

Лив Улман за Нобеловата награда на Трамп:„Ќе ја изгуби…


Берлин – Норвешката филмска легенда Лив Улман (87) сугерираше дека медалот за Нобелова награда за мир што американскиот претседател Доналд Трамп го доби од лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, веројатно нема да остане во негова сопственост . Иако Мачадо му го додели на Трамп златниот медал што го добиваат лауреатите, наградата формално останува …

Лив Улман за Нобеловата награда на Трамп:„Ќе ја изгуби… Read More »

„Сентиментална вредност“ на Триер е прогласен за најдобар европски филм


Берлин -Драмата  „Сентиментална вредност“(Sentimental Value) на норвешкиот режисер Јоаким Триер, за еден остарен филмски режисер и неговата отуѓена ќерка-актерка, синоќа, на 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин, беше прогласен за најдобар европски филм. Освои шест награди. Филмот ги доби наградите за најдобра режија, сценарио, актер, актерка и оригинална музика. Европската филмска награда за …

„Сентиментална вредност“ на Триер е прогласен за најдобар европски филм Read More »

Голем успех на прилепските лекари, со прва примена на тромболиза спасено младо момче по мозочен удар


Со првата примена на методот интравенска тромболиза во прилепската болница беше спасен животот на младо, 28-годишно момче. Неврологот Петар Кузманоски со своите колеги веднаш интервенирал, прецизно дозирајќи лек за го спасат пациентот од смрт, но и од траен инвалидитет. -Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска …

Голем успех на прилепските лекари, со прва примена на тромболиза спасено младо момче по мозочен удар Read More »

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари


Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп. -Привршува откупот на тутунот …

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари Read More »