Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик поднесе оставка заради несогласување со војната во Газа


Вашингтон  – Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик Хала Рарит поднесе оставка поради противењето на политиката на Вашингтон за војната во Газа, што е најмалку трета оставка на Стејт департментот поради истата причина. Рарит служеше и како заменик-директор на Регионалниот медиумски центар во Дубаи и му се приклучи на Стејт департментот пред речиси две […]

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек


Лондон – Британската фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ („GlaxoSmithKline“) вчера поднесе тужба до федералниот суд во Делавер против американскиот Фајзер (Pfizer) и германскиот БиоНТек (BioNTech), тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласникот RNA (mRNA) во вакцините против Ковид-19. -Вакцините на Фајзер и БиоНТек ги прекршуваат иновациите на „Глаксо Смит Клајн“ заштитени со […]

Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа


Вашингтон – Американската војска почна да помага во изградбата на привремено пристаниште во близина на брегот на Појасот Газа за да испорача повеќе помош. Вклучени се американски бродови, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер додавајќи дека „мислам дека индикации сега се реално, почетокот на мај“ за пристаништето да биде подготвено. Во меѓувреме, продолжува работата со […]

Без струја дел од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 […]

„Македонисимо“ ја крена на нозе и софиската публика


По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената […]

Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности


Во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 8 мај заедно со парламентарните избори, одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија. Во тек се роковите за приговори до ДИК, кои можат да ги поднесат кандидатите за постапката на гласање и […]

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност


Времето денеска претпладне ќе биде претежно ведро и наместа постудено. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 26 април 2024 година, 117-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 249 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минута, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Вака ќе изгледа сцената на Евросонг во Малме (видео)


Малме– По шестмесечна работа на проектирање и изградба, конечно е готова бината на која наскоро ќе застанат годинешните претставници на Еврсонг. Првиот поглед на импресивната сцена, која се состои од фотографии и видео снимки, беше објавена на официјалната веб-страница на EBU, само неколку дена пред сите натпреварувачи заминат за Шведска, бидејќи првите проби почнуваат веќе […]

Судот во Њујорк ја поништи пресудата за силување од 2020 против Харви Вајнстајн


Врховниот суд во Њујорк ја укина пресудата на холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн осуден на 23 години затвор за силување. Пресудата, која некогаш беше поздравена како победа на движењето #MeToo против сексуалното недолично однесување, сега е поништена, бидејќи, според Би-Би-Си, Вајнстајн не добил фер судење. Според одлуката на Апелациониот суд, судијата што го надгледувал судењето на […]

„Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ги отвара МОВ на 9 мај


Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). „За првпат имаме можност да соработуваме со Поповски. Посебно ни е драга соработката со Иван, како наш врвен […]

„17“ – почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ, инспириран од вистинит настан


По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското долгометражно остварување на Косара Митиќ, во продукција на „Црна мачка продукција“. – Жанровски „17“ се дефинира како каминг-оф-ејџ филм. Инспириран е од вистински настан и обработува тема посветена на младите во нивните критични тинејџерски години, кога тие се најранливи и […]

Велигденски концерт на „Охридско лето“ во „Света Софија“ со женскиот хор „Менада“


Националната установа „Охридско лето“ по повод големиот верски празник Велигден во Охрид организира Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово, под диригенската управа на професор Ивица Зориќ. -Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти […]

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето


Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време.  Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини […]

Со изложба на Дубравка Угрешиќ започнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура


Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, (петок) во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт. На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат. КРИК 09, годинава се одржува во тематската рамка […]

Турскиот театар со покрив и фасада – на ред се внатрешни инсталации


 Надворешноста на новиот објект на НУ Турски театар-Скопје – неговата фасада и покрив се завршени, и проектот за изградба продолжува во трета фаза во која ќе бидат поставени внатрешни инсталации за што е во тек јавна набавка за избор на изведувач. Објектот во изградба денеска го посети министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која по увидот […]

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година


Феникс – Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми.  Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во […]

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска


Џуно – Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија денеска властите. Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво пред падот пријавил дека авионот се запалил непосредно пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, јавуваат американските медиуми. Шефот […]