Петар Денчев со книгата „Малиот бог на земјотресот“ на македонска турнеја
Бугарскиот писател Петар Денчев деновиве ќе гостува во три македонски града за да го претстави преводот на своето дело „Малиот бог на земјотресот“ на македонски јазик. Турнејата ќе почне на 28 мај (вторник) од 19.30 ч. во Europe House Струмица, каде што Далибор Плечиќ ќе го модерира настанот со овој значаен автор од најновата генерација. […]