Плочите од новиот албум на Колдплеј ќе бидат направени од стари пластични шишиња


Секој примерок тежок 140 грама од „Мун Мјузик“, кој ќе излезе на 4 октомври, ќе биде направен од девет пластични шишиња извадени од отпад. Но и останатите медиуми ќе бидат обележани со префиксот „еко“ – албумот уште од сега може да се нарача во четири физички формати, сите јасно означени како „прво издание“, и тоа […]

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство


Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Меѓу другото, се укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради неколку причини, а имало слабости и неправилности и кога е во прашање постапката за упатување за лекување во странство. – Изразено е мислење со резерва во однос […]

Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот


Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена. Мандаторот […]

Сончево и многу топло, УВ индекс 9


Сончево и многу топло време – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 38 […]

Комеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов, поранешен претседател на Парламентот. Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија, почина вчера на 89-годишна возраст. Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет. […]

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда


Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар, вечерва во 19 часот ќе се одржи во просториите на Европска куќа во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје под мотото „Најдоброто од Франција“.  Матиjас Енар е реномиран француски писател и преведувач и добитник на […]

Роналдо веќе постави два рекорда на ЕП 2024


Лајпциг – Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија. Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 […]

Без струја делови од Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од улица „Андон Папрадишки“ и дел од корисниците на улица „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров. Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во период од 09:00 до 13:00 часот. 

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“


Македонската филхармонија вечер од 21 часот во Градскиот парк во Скопје ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“. Концертот насловен „Одисеја 2024“ е инспиран од филмот „2001: Вселенска одисеја“ на режисерот Стенли Кјубрик и ја најавува и новата концертна сезона. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од […]

Унгарија за претседавањето со ЕУ го избра слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“


Будимпешта – Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“. Паролата ја откри унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во пресрет на почетокот на […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 јуни 2024 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка


Лајпциг – Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024. Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута. Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а […]

ЕП 2024: Турција ја победи Грузија во возбудлив натпревар


Дортмунд – Турција ја совлада Грузија со 3:1 во првиот натпревар од групата „Ф“ на Европското првенство. Еден од натпреварите за кој имаше најмалку очекувања се претвори во несекојдневен спектакл. Дебитантите на континенталното првенство, Грузија понудија прекрасен фудбал и успеаја да го постигнат својот прв гол во европските завршници, благодарение на Жорж Микутадзе. Тимот на Винченцо […]

Утре ќе бидат промовирани резултатите за отвореноста на извршната власт


Настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи утре, среда, со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје. На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на отвореноста на извршната власт изведена преку Индексот на отвореност на национално ниво, и ќе се споредат со […]

Поради голем интерес: Изложбата на Масин продолжена до 30 јуни


Националната Галерија соопштува дека заради голем интерес изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, која е поставена во објектот Даут-Пашин амам, ќе биде продолжена до 30 јуни 2024 година. За комплексното творештво на Мирослав Масин, за естетичките категории и темите на интерес, пренесуваме дел од ставовите на авторите кои се […]

Тимберлејк уапсен за возење под дејство на алкохол


Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) е уапсен во Хемптонс поради возење под дејство на алкохол, пренесуваат американските и странските медиуми. Пејачот бил уапсен во понеделникот вечерта, а денеска ќе оди на суд. Поп- ѕвездата се сретнал со пријателите во хотел пред да биде уапсен и бил запрен набргу откако влегол во својот автомобил и почнал […]

Во Франција почнува судењето против две жени кои тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена


Париз – На две жени ќе им се суди оваа недела поради лажни тврдења дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е трансродова, што предизвика онлајн озборувања од страна на теоретичарите на заговор и екстремната десница. Брижит Макрон во 2022 година поднесе жалба за клевета против две жени кои во декември 2021 година објавија видео на […]

Французинка исчезната на грчки остров испратила до хотелот порака за узбуна


Седумдесет и тригодишна Французинка исчезната на грчкиот остров Сикинос испрати порака за узбуна до својот хотел во која вели дека доживеала пад пред да исчезне. Во тек е потрага по жената, која не е именувана од властите. Таа е една од трите туристи кои исчезнаа во Грција, а петмина загинаа овој месец поради екстремното топло […]

Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење


Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа. -Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената […]

Преживеана од холокаустот на насловницата на германски „Вог“


Бон – Маргот Фридландер која има 102 години и го преживеала холокаустот, ќе се најде на насловната страница на специјалното двојно издание на германскиот број на списанието „Вог“. Бројот за јули – август е посветен на љубовта, но и на една од ретките живи сведоци на прогонот и убиствата на Евреи во нацистичката ера. За […]