Концерт на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио


 Во „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи концерт на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио. -Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат […]

Од денеска почнува препрограмата на „Beach Film Festival“


На плажата Сараиште во Охрид како претпрограма од денеска до недела ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, во рамките на седмото издание на „Beach Film Festival“. Проекциите се од отворен карактер и бесплатни за сите посетители. Фестивалот ќе се одржува од 17 до 21 јули оваа година и ќе понуди програма со филмски проекции […]

На Табановце утринава се чека околу 20 минути


 На граничниот премин Табановце за влез во земјава утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е […]

Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 […]

Нов инвестициски пакет на ЕУ за поддршка на осум инфраструктурни и еколошки проекти на Западниот Балкан


Брисел – Со новиот шести инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западниот Балкан, кој се очекува да изнесува 1,2 милијарди евра, се предвидени инвестиции во осум проекти за водоснабдување и канализации, третман на отпадни води, за железничкиот транспорт, како и за зелена трансформација на малите и средни претпријатија.   […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 3 јули 2024 година, 185-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 181 ден.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега


ВМРО-ДПМНЕ првично вети 5.000 денари линерано покачување на пензиите, а сега слушаме друго, два пати по 2.500 денари, за време од неколку месеци, што е сосема различно од ветеното, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Тренчевска нагласи дека се уште не е познато законското решение, како понатаму ќе […]

Одложено изрекувањето на пресудата за Трамп за случајот пари за молчење во Њујорк за 18 септември


Њујорк – Судија од Њујорк кој го води случајот пари-за-молчење против Трамп го одложи изрекувањето на пресудата на републиканскиот претседателски кандидат за 18 септември, јавија американските медиуми. Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан.  Претходно денеска беше објавено дека обвинителите во случајот не се противат на таквото одложување […]

Невремето во Валандово и струмичко предизвика големи штети


Невремето што денеска ги зафати струмичко и валандовско предизвика големи штети. Во валандовско силниот ветар проследен со дожд и град искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили. Заради падното дрво на регионалниот пат Удово-Марвинци сообраќајот беше во прекин од […]

ЕВРО2024: Холандија седми четвртфиналист


Минхен – Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО2024, откако во доминантен стил ја совлада вечерва Романија во Минхен со 3-0 (1-0). Холанѓаните дојдоа во водство во 20 минута со голот на Гакпо, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста. Мален стави точка на победата на Холандија со […]

Ѓоковиќ го крена „Вимблдон“ на нозе: Да беше некој друг турнир во светот, немаше да ризикувам


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без драма го совлада Вито Коприва во првото коло на Вимблдон со 3:0. Новак победи со 6:1, 6:2 и 6:2 за два часа тенис и неполн месец откако го оперираше десното колено. По пресметката со Коприва вели дека се чувствува добро и дека не бил сосема сигурен како ќе изгледа […]

Руди Џулијани остана без адвокатска дозвола


Њујорк – Адвокатот и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Руди Џулијани денеска ја загуби адвокатската лиценца откако државниот Апелациски суд утврди дека Џулијани лажел кога тврдел дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, на кои неговиот клиент, републиканецот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, изгуби. Судот утврди дека Џулијани, како личен адвокат на Трамп, […]

Најмногу дожд наврнал во Охрид


Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и […]

Рубљов ја одби поканата од ИОК, Медведев ќе настапи на Игрите во Париз


Париз – Освојувачот на златниот олимписки медал во мешани двојки во Токио, Андреј Рубљов и тенисерките Дарија Касаткина и Ана Калинскаја се меѓу 12. претставници од Русија и Белорусија кои ги одбија поканите од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреваруваат како неутрални спортисти на Олимписките игри во Париз. ИОК вчера објави ажуриран список на […]

Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба


Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје. – Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што […]

Паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери – ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје


 Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице.  Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и […]

Незгодни прашања за министерот Љутков во Мала Преспа


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Албанските новинари го дочекале со незгодни прашања кои се однесуваа на незадоволството од македонската страна за резултатите од […]

Најголемата е-книжарница слави роденден со подароци за читателите


Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден. Со регистрација на https://www.literatura.mk/registracija, посетителите на веб-продавницата до 12 јули можат да се пријават и да станат потенцијални добитници на некој од подароците. Во текот на прославата ќе бидат доделени вредносни ваучери, секој ден се подарува книга, […]

Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции на комуналните јавни претпријатија


Белград – Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец. За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира. Според градоначалникот на Белград, Александар […]

Следните два дена облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.  Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд […]