Како е? Викај ура“ – реномирани автори на Синедејс од 11 до 17 јули


Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, годинава се одржува по 23 пат во термин од 11 до 17 јули. Како прецизно одбрани кадри се поредени повеќе од 40 филмски наслови со кои повторно Скопје ќе живее во филм во фестивалскиот период.   Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, летните скопски филмски вечери ќе […]

Министерот Љутков во посета на археолошкиот локалитет/неолитско село „Тумба Маџари“


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на археолошки локалитет/ неолитско село „Тумба Маџари“ во општина Гази Баба. -На овој значаен локалитет, при актуелните археолошки ископувања, археолозите пронајдоа вредни наоди кои ќе бидат претставени пред новинарските екипи, соопшти Министерството за култура и туризам. На посетата ќе бидат присутни и градоначалникот на […]

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 150 милиони долари


Вашингтон – САД и доделија на Украина значаен нов пакет оружје и опрема за поддршка на украинската армија, вреден 150 милиони долари, соопшти денеска Стејт департментот. Новиот пакет, обезбеден врз основа на овластувањето на претседателот за повлекување, вклучува ракети хок (Hawk), муниција за артилериски ракетни системи со висока мобилност (HIMARS), артилериски куршуми од 155 mm […]

Груби професор по новинарство, Османи се враќа на Клиника, Маричиќ и Шаќири бараат апанажа


Поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети ,  Артан Груби се враќа на старото работно место – Тетовскиот универзитет, каде предава на факултетот за новинарство и нема да бара апанажа.  Груби за ТВ 24 вели дека дека с евратил на старото  работно место. На клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи […]

Во Велика Британија денеска се избираат 650 членови на Долниот дом на парламентот


Лондон – Во Велика Британија денеска се одржуваат општи избори на кои гласачите ќе изберат 650 членови на Долниот дом на парламентот, по што лидерот на партијата со најмногу гласови прво ќе стане мандатар за формирање нова влада и потоа и премиер. Велика Британија е поделена на 650 области, наречени изборни единици. Гласачите во секоја од […]

Манчестер Јунајтед отпушта 250 луѓе за да го оптимизира буџетот


Манчестер – Англискиот клуб Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми. Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на клубот со исклучок на неговата добротворна организација, Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата. Кратењата, првпат […]

Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути


Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“


Вашингтон – Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден во трката за Белата куќа откако двајцата кандидати дебатираа минатата недела, покажаа одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит џурнал. Бајден вети дека ќе остане во претседателската трка во 2024 година за време на вчерашните разговори со изборниот персонал и се […]

Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, денеска, ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски во превод на бугарски јазик од Маријан Петров, а во издание на Books4All. За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот […]

Предизвици и дилеми по најавата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители


Најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители деновиве предизвика дискусија колку тоа ќе влијае на судската власт.   Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева смета дека не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност која точно ќе биде детектирана и санкционирана.  – Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој […]

Зеленски: Ме интересира како точно Трамп би ја завршил војната за 24 часа


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно би ставил крај на војната во Украина за само 24 часа. – Ако Трамп знае како да го заврши војната, нека ни каже денес, изјави Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг. – Ако е загрозена […]

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 4 јули 2024 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 180 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Леброн потпиша нов договор со Лејкерси за 104 милиони долари


Лос Анџелес – Лидерот по бројот на постигнати поени во НБА лигата, Леброн Џејмс, потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ЕСПН. Договорот на 39-годишниот Џејмс е за следните две сезони и вреди вкупно 104 милиони долари. Според ЕСПН, договорот е за 1+1 година, а има и клаузула која го спречува раководството да го префрли […]

Голем пожар беснее во Измир


Анкара–  Голем пожар беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот од засега неутврдени причини. Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса. Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила. Управникот на Измир, Сулејман […]

ЈСП : Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното


Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Приватниците и Кушовски денеска […]

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата


 Пензионерите кои протестираа и бараа линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари денеска на средбата во Свети Николе го презентираа нивниот предлог Закон со кој бараат минималната пензија да се поврзе со минималната плата. Авторот на законското решение Миле Тасевски појаснува дека тие бараат минималната пензија да биде 70 отсто од минималната плата, а истото […]

ЕК одобри преземање на дел од сопственоста над ИТА од страна на „Луфтханза“


Брисел – Европската комисија соопшти дека денеска го одобрила предлогот за заедничка сопственост над италијанскиот авиопревозник „ИТА Ервејс“ (ИТА) од страна на германската авиокомпанија „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија.   Во моментов ИТА е во стопроцентна сопственост на државата Италија, застапувана од Министерството за економија и финансии.   ЕК во соопштението посочува […]

Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд


Москва – Во Москва денеска е соборен температурниот рекорд за 3 јули, поставен пред 107 години, бидејќи се измерени 32,5 степени. -Температурата во Москва достигна 32,5 степени, што е за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд, кој беше во 1917 година, односно, пред 107 години, изјави Роман Вилфанд, научен директор на Хидрометеоролошкиот центар на Русија. Тој […]

Камала Харис најприфатлива замена за Бајден


Вашингтон – Потпретседателката на САД, Камала Харис е првата алтернатива за замена на американскиот претседател Џо Бајден, доколку тој одлучи да ја прекине кампањата за негов реизбор, објавија американски медиуми повикувајќи се на седум извори од кампањата на Бајден, Белата куќа и Демократскиот национален комитет. Неодамнешниот телевизиски дуел на Бајден со републиканскиот ривал Доналд Трамп предизвика […]