Сабаленка прва финалистка на Мастерсот во Синсинати


Синсинати – Третиот светски рекет, Белорусинката Арина Сабаленка, во полуфиналето во Синсинати ја победи во моментов тенисерката број 1 Ига Швјонтек од Полска со 6:3 и 6:3.  Резултатот во меѓусебните натпревари сега е 8:4 за Швјонтек. Белорусинката по трет пат оваа сезона стигна до финале на ВТА 1000. Таа ги загуби двата претходни меча за […]

Претпладне умерено облачно со јужен ветер, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд


Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 август 2024 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 134 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 28 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

„Лет над кукавичкото гнездо“ – мрачна  хумористична сатира за поединецот во репресивен систем


Актерите од  Драмскиот театар Белград  вчера на драмскиот репертоар од фестивалот „Охридско лето“  ја одиграа театарската претстава „Лет над кукавичкото гнездо“. Претставата пишувана според романот на Кен Кесеј, а  режирана од Жанко Томиќ беше во знакот на големото враќање на актерот Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградскиот драмски театар.   Се работи  за мрачна хумористична сатира […]

Новата песна на Лејди Гага и Бруно Марс ги поттикна обожавателите да сакаат „цел албум на Лејди Марс“


Дали Лејди Марс е следното музичко дуо? Фановите се надеваат дека е така откако Лејди Гага и Бруно Марс објавија спот за нивниот дует „Умри со насмевка“ на 16 август. Тие за првпат ја изведоа љубовната балада на распродаденото шоу на Марс во Лос Анџелес во четвртокот вечерта. Со ретро блесок комплетен со каубојски капи, […]

ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај Јасен – викенд населба Белица каде гори борова шума; во Општина Ресен […]

Украинската офанзива попречи тајни обиди за делумен прекин на огнот со Русија


Вашингтон – Украина и Русија требале наскоро да испратат делегации во Доха за да преговараат за договор за запирање на нападите врз енергетската и електро-дистрибитивната инфраструктура на двете страни, но тоа било спречено поради украинскиот пробив во Русија, јави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на неименувани дипломати и официјални лица запознати со дискусиите. Преговорите […]

За малку избегната трагедија, шок бомба фрлена во Капиштец


Во населбата Капиштец во скопски Центар била фрлена шок бомба и од истата настанало пожар. Бомбата била фрлена во близина на пицеријата 511 во паркот од населбата. На местото на пожарот набрзо пристигнале пожарникари кои спречиле огнот да се прошири и врз дрвјата, но и околните згради во населбата. Во населбата Капиштец во скопски Центар била фрлена шок бомба и од истата настанало пожар. Бомбата била фрлена во близина на пицеријата 511 во паркот од […]

Во Лондон се запали кралска палата со вредни уметнички дела


  Лондон- Повеќе од 125 пожарникари го гаснеа пожарот во кралската палата Сомерсетски дом во Лондон, голем уметнички центар каде што се сместени дела на мајстори како Ван Гог, Мане, Сезан и Рубенс.   Од зградата излегуваше густ чад, а на покривот можеше да се види пламен, додека пожарникарите на високи скали прскаа со вода. […]

Кадиров се пофали со новиот Cybertrak, подарок од Илон Маск


Лидерот на Руската Чеченска Република Рамзан Кадиров објави дека директорот и сопственик на компанијата Тесла Илон Маск му подарил електричен пикап Cybertrak и дека е задоволен од автомобилот по тест возење. „Добив сајбер камион Тесла од чесниот Илон Маск. Со задоволство ја тестирав новата опрема и лично видов дека не случајно се нарекува сајбер ѕвер“, […]

Албанија: За два дена седум самоубиства, дури шест во Тирана


Тирана– Под наслов „Што се случува во земјава“, албанските медиуми пренесуваат загрижувачка појава на самоубиства. Само во последните два дена регистрирани се седум самоубиства, од нив дури шест во Тирана, при што оние кои одлучиле сами да си пресудат се на возраст од 21 до 81 година. – Последниот трагичен настан се случил попладнево во […]

Нашата судбина се менува на секои 7 години


Како што се менуваат годишните времиња и циклуси во природата, така и нашиот живот е поделен на циклуси од по 7 години. Секој од овие циклуси носи нова фаза од животот, со свои предизвици и изненадувања. Циклусот се затвора по 70 години, а животниот пат грубо може да се подели на 10 фази. 1. Циклус […]

Германија во 2025 година планира да ја намали билатералната воена помош за Украина


Берлин – Германија планира во нацрт-буџетот за 2025 година да ја преполови својата билатерална воена помош за Украина и да се потпре на приходите од замрзнатите руски средства за да продолжи да го поддржува Киев. -Владата на Олаф Шолц, која се обидува да заштеди пари, не планира „никаква дополнителна помош“ од четири милијарди евра буџетирани за […]

Во полиција пријавено дека воздушен балон со оган летал над демирхисарско


Во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар вчера било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во демирхисарско село Вирово, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот. -Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се […]

За една декада речиси 9.000 столчиња во основните училишта останале празни


Во период од 10 години, во Македонија бројот на ученици во основното образование се намалил за дури 8.927 ученици. Во учебната 2013/2014 година имало 191.051 основец, а 10 години подоцна, оваа бројка изнесува 182.124. Нискиот наталитет, како и иселувањето од државата, се главните причини за ваквата состојба. Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè помалку првачиња, […]

Од утре ќе има дожд и опаѓање на температурите


Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура, информира УХМР. На повеќе места ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа […]

За едно деноноќие – пет пријавени случаи на семејно насилство


Во текот на последниве 24 часа полицијата регистрирала дури пет случаи на семејно насилство, покажуваат податоците од полицискиот билтен. Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по пријава од неговата 34 – годишна ќерка, која изјавила дека тој физички ја нападнал во семејниот дом. […]

47 години без Елвис Присли: Ми фалиш мене, му фалиш на светот


На 47-годишнината од смртта на Елвис Присли, Присила Присли објави почит на нејзиниот покоен поранешен сопруг на Инстаграм во петок, 16 август. Присила (79) објави видео со натпис „47 години и ниту еден ден да не мислам на тебе“. На клипот беше прикажана фотографија од Елвис кога бил помлад со песната „Always on My Mind“ […]

Невладините разочарани што Сиљановска-Давкова ќе ги потпише измените на Законот за урбанистичко планирање


Невладината „О2 Иницијатива“ синоќа преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се разочарани од најавата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието.   Од „О2 Иницијатива“ велат дека од претседателката на државата очекувале принципиленост […]

Кети Пери е добитничка на наградата „Мајкл Џексон видео вангард “ на Ем-ти-ви


Кети Пери е годинешната добитничка на најпосакуваната статуетка на доделувањето на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви, кое ќе се одржи на 11 септември  во „УБС Арена“ во Њујорк. Честа доаѓа шеснаесет години откако поп-ѕвездата првпат се најде на врвот на топ листите со нејзиниот деби-сингл „I Kissed a Girl“. Од 2008 година, Пери има […]