Се испорачуваат учебниците за 2024-2025 година, Јаневска апелира до училиштата да бидат подготвени за приемот


Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. -Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност […]

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди


 Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека на конкурсот за  годишните награди за 2023 година се пријавиле вкупно 35 дела и ги соопшти тие што влегле во тесен избор за награда, а изборот ќе го направат жири-комисиите за секоја од наградите. ДПМ наведува дека во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување […]

Српски полицајци во Охрид за летната туристичка сезона


Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија од 19 до 30 август ќе престојуваат во Охрид, како дел од полициската соработка за време на летната туристичка сезона, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. -Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија […]

Пронајдени тела на шест заложници во ноќна операција на израелската армија во Газа


Тел Авив – Војската на Израел (ИДФ) соопшти дека пронашла тела на шестмина заложници во операција во текот на ноќта во Газа. „Телата на заложниците беа спасени од областа Кан Јунис во Газа. Тие беа киднапирани од Хамас на 7 октомври. Операцијата за спасување беше овозможена со прецизни разузнавачки информации од ИСА, разузнавачките единици и […]

САД: Иран стои зад обидот за хакирање на кампањите Трамп и Бајден-Харис


Вашингтон – Владата на САД заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и кандидатката на демократите Камала Харис, соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции. ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија […]

Поради дефекти, делови од Скопје без вода


Поради неколку дефекти, делови од скопската територија утрово се без вода за пиење, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето им е прекинато на корисниците од улиците „Љуботенски пат“, дел од „Баница“ од број 1 до број 23, како и од село Морани. Засегнатите ќе бидат без вода за пиење, сѐ до […]

Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч


Палермо– По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило. Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица […]

„Најопасниот маж што некогаш сум го сретнала“: Разорниот ефект на Ален Делон врз жените


  Кога актерката и пејачка Маријана Фејтфул се појави наспроти починатиот актер Ален Делон во еротската драма „Девојката на моторцикл“ од 1968 година, таа имаше најголеми пофалби за него. „Ние размислуваме слично на многу начини и тој е целосно посветен актер“, рече таа. „Тој многу ми помогна преку неговата способност да ги игнорира надворешните работи […]

Синер го освои Мастерсот во Синсинати


Синсинати – Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2. Во меч што траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси. За светскиот рекет […]

Бајден на конвенцијата на демократите: Се бориме за душата на Америка


Чикаго – Претседателот на САД Џо Бајден се обрати пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде треба да се официјализира кандидатурата на Камала Харис за претседателската функција. Помалку од еден месец по повлекувањето од трката, Бајден беше пречекан и поздравен како херој на конвенцијата. Говорот на Бајден официјално го најави неговата ќерка Ешли […]

Стејт департмент: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост


САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Северна Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада. – […]

Џорџ Сантос се спогоди со обвинителите, се соочува со казна затвор до осум години


Вашингтон – Поранешниот член на Претставничкиот дом, Џорџ Сантос, кој беше отстранет од Конгресот по речиси дваесетина кривични обвиненија, вчера попладне склучи договор со обвинителите да признае вина по сите точки од федералната тужба против него. Сантос призна вина за вршење измами преку електронска пошта и кражба на идентитет. -По години лажење, поранешниот конгресмен Џорџ […]

Струга со посебен режим на сообраќај заради СВП


1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за […]

Делови од Аеродром и Карпош, како и повеќе скопски села утре без струја


 Корисниците од населените места Студеничани и Моране од 5:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 5:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и населените места Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП – Јане Сандански и ЖТП – Зелениково. Во периодот […]

Во Тирана Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и си пресудил со бесење


Тирана – Грозоморен настан ја вознемири албанска јавност во кој американскиот државјанин, Метју Џејмс Вертс(55), професор на Американ колеџ во Тирана, ја задавил сопругата и двете кучиња-домашни миленици, па се самоубил со бесење. -Трагичниот настан, кој наликува на сцена од хорор филм, се случил во стан во населбата „Треши“ во Тирана, што го имале изнајмено […]

Давкова ги прими македонистите во Охрид- бројот на лекторати треба да се зголеми


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, вчера ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет. – На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. […]

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 20 август 2024 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Испукани седум куршуми во Синѓелиќ- едно лице е тешко повредено


Едно лице завршило во Кличнички центар во пукањето што вечерва се случи во Скопје. Според првичните неофицијални информации, пукањето било во Сингелиќ. Пукано било во возило во движење во кое имало две лица. Мета било лице со иницијали Н.А. Пукањето се случило кај местото викано „Агросервис“. На лице место се пронајдени седум чаури. „На 19.08.2024 […]

Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Косово, двајца починати и 177 нови случаи од 14-19 август


Приштина – Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави денеска дека, врз основа на анализата на епидемиолошката состојба во земјата, има зголемување на случаите на КОВИД-19 во примероците тестирани во последните денови, со доминација на респираторните симптоми меѓу заразените, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Институтот, од 14 до 19 август 177 лица […]