„Патување пеш“ на Тамара Котевска го затвора  МакеДокс


По светската премиера, „Патување пеш“ доаѓа дома. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска кој ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, доаѓа во Скопје. Тhe Walk (Патување пеш), на 22.08.2024, ќе ја доживее својата премиера пред македонската публика, на затворањето на 15тото издание на MakeDox во Куршумли Ан. Проекцијата е закажана за 21 часот. […]

Кој е францускиот поет Жан Пјер Симеон, годинешен лауреат на СВП ? 


Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет,  Жан Пјер Симеон. Тој денеска треба да допатува од Франција во Скопје, и веднаш продолжува за Струга за да присуствува на церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на Фестивалот, кое традиционално започнува со поетското читање […]

Координација на советничките групи во Град Скопје, Арсовска треба да го презентира планот за излез од кризата


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се очекува денеска на средба со координаторите на советничките групи да го презентира планот за излез од кризата во главниот град. Средбата на координаторите ја закажал претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.   Очекувањата на првите луѓе на советничките групи се таа да презентира план за состојбата во „Комунална […]

Избрани песни од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведени на англиски јазик


Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Избрани песни/Selected poems“ на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски. Книгата содржи сто песни објавени  паралелно на македонски и на англиски јазик, а изборот и препевот го направи Даниела Спироска. Изборот е придружен со обемен есеј на Венко Андоновски во се посочува дека  „За една […]

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7 Во Скопје сончево со умерена облачност […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 22 август 2024 година, 235-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 131 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 23 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Во националните институции најголем проблем имаме со недостиг на стручен кадар, вели Љутков


 Се работи на анализа за колкав е недостигот од стручен кадар во сите институции од областа на културата, но во 2024 година е многу тешко да има нови вработувања, со оглед на тоа дека сега е направен ребалансот на буџетот, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при денешната посета на Општина Свети […]

Надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници


 Во тек е надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници, согласно со договорот бр. 08-359/1 од 15 април 2024 година со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.  Оттаму информираат дека надградбата  се врши во три фази. Во моментов се работи на […]

Полицијата упаднала во куќите на интернет звездата Ендрју Тејт во околината на Букурешт


Букурешт – Романската полиција изврши рација во неколку куќи во областа Букурешт што им припаѓаат на британско-американската интернет ѕвезда Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан. Акцијата била извршена рано утрината, потврдиле за романскиот портал news.ro од адвокатскиот тим на браќата. Тие се обвинети за трговија со луѓе и експлоатација на млади жени во Романија, каде […]

Мишел Обама испрати моќна порака со дводелниот комплет во Чикаго


Чикаго – Мишел Обама ја урна Демократската национална конвенција – со нејзините зборови и стил – и моментот беше сè што мислевме дека ќе биде. Поранешната прва дама излезе на сцената синоќа во нејзиниот роден град Чикаго, пренесувајќи порака на надеж и возбуда пред нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, да се качи на подиумот. […]

Со лажна бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани


Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје, реагираат денеска оттаму. „Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на […]

Охрид има публика за театар и за култура, рече Александар Поповски на затворањето на „Охридско лето“


Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“  од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, синоќа беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше […]

Кој е побогат, Лопез или Афлек?


Американската актерка, бизнисменка, пејачка и танчерка Џенифер Лопез поднесе барање за развод од нејзиниот четврти сопруг, актерот и режисер Бен Афлек, на 20 август 2024 година, на денот на нивната втора годишнина од бракот. Таа го спомена 26 април 2024 година како датум на нивното разделување. Според извештаите, Џенифер Лопез, која сама поднела развод без […]

Ален Делон ќе биде погребан в сабота подалеку од очите на јавноста


Париз – Кинолегендата Ален Делон, кој почина на 18 август, на 88 години, ќе биде погребан в сабота. Ова, за француските медиуми го потврди католичкиот свештеник кој треба да го одржи поменот. Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен бискуп во југоисточниот француски град Гап, рече дека глумецот побарал од него да ја одржи погребната богослужба. Делон, инаку, […]

АТП најави нов турнир во Белград


Белград – Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП. Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога. Во главниот град на Србија ќе се одржува најмалку две години. Натпреварувањето првично требаше да се одржи во Хихон, Шпанија, но е одложено поради „непредвидени оперативни проблеми“.  […]

Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавуваат ексклузивен концерт на 20 септември во Филхармонија


Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат ексклузивен концерт во големата сала на Македонската филхармонија. Со почеток во 20 часот, ова музичко доживување ветува вечер исполнета со врвна уметност и незаборавни емоции, донесени од еден од најистакнатите виолинисти на нашето време. Виртуозниот Стефан Миленковиќ е еден од […]

Американските поети со најмногу признанија Златен венец на СВП


Ценетиот француски поет  Жан Пјер Симеон (1950, Париз), одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. е годинешен лауреат на Струшките вечери на поезијата кои почнуваат утре во Струга и ќе траат до 26 август, под мотото „Допир на убавината“.  Изборот на лауреат, како што истакна во својата беседа на свеченоста во МАНУ, […]

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ 2024


 Членовите на жири-комисијата за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“ го одржа својот прв работен состанок на 20 август 2024 (вторник) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ и одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 14 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 11 различни јазици. Делата што влегуваат […]

Нема маж кој е повеќе џентлемен од Пирс Броснан, вели Хали Бери


Хали Бери во видео-интервју за Wired рече дека Пирс Броснан ѝ ја „врати“ нејзината верба во мажите за време на снимањето на нивниот филм за Џејмс Бонд, „Умри друг ден“ од 2002 година. Акциониот филм ја означи последната улога на Броснан како 007 по седум години ангажман што започна со „Златно око“ од 1995 година. […]

За 10 години прометот на ИКЕА во Хрватска надмина милијарда евра


Загреб – За десет години работење ИКЕА Загреб била домаќин на речиси 18 милиони посетители, а вкупниот промет остварен во тој период надмина милијарда евра, објави компанијата. Во првата година од работењето во Хрватска, прометот на компанијата изнесуваше нешто повеќе од 70 милиони евра, додека во деловната 2023 година достигна 150 милиони, се вели во соопштението […]