Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (во живо)


Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.

Филмот “М“ на Вардан Тозија освои Гран при на фестивал во Шведска


Македонскиот филм “М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.      “Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен […]

Good Nature ја збогатува својата палета со три нови чаја, еве кои се


Ново од Good Nature, конвенционални чаеви во Билна Аптека!   Ѝ тоа, шумско овошје, нане со сладок анасон и камилица со рузмарин.   Изберете една од трите нови чајни мешавини на Good Nature и вкусете го најдоброто од природата.   Нането е добро за стомакот, а во комбинација со сладок анасон го поддржува варењето на […]

Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владата оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава. По средбата, Љутков и Токура потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата, кој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави. Во изјавата за медиумите, министерот […]

Месецот на Пучини во НОБ ќе се затвори со операта „Турандот“


Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 29 ноември во 20 часот. Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, […]

Стојанче Ангелов од ЦУК избран за „Маж на годината“ за 2024


Дотераната елита од сите сфери на живеење, се собра, синоќа, во Националната опера и балет каде,  традиционално, 7-ми пат по ред, се одржа манифестацијата „Мажи на годината“. На гала вечерта исполнета со гламур, беа доделени признанија во повеќе категории за мажи кои  ја одбележија 2024, со својот ангажман и работа. Главната награда маж на годината, како […]

Жените со јавни позиции во РСМ лесно се мета на говор на омраза


И покрај видливиот напредок во борбата за правата на жените, нивната поголема застапеност во политиката и поизразеното присуство на темите што ги засегаат жените, тенденциите за изразување презир и навреди кон жените продолжуваат да постојат. Конкретно, мета на овој напад се жените, кои поради својата професија се сè повеќе експонирани во јавноста, што најмногу се […]

Претставници од Германскиот археолошки институт во посета на Скопје


Шестмина специјалисти предводени од директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер од вчера до четврток престојуваат во Скопје. Во рамки на нивниот престој, денеска тие ќе го посетат Скупи, а потоа, во текот на денот ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу Германскиот археолошки институт и Музејот на Град Скопје. Како што брифираат за […]

Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил


Истанбул – Осум лица загинаа во семеен масакр во Турција. Бахтијар Аладај убил седум членови од своето семејство, меѓу кои детето, мајката, таткото, сопругата и нејзината мајка, а сериозно ја повредил сестра си, пред да се самоубие. Телата на неговото дете, сопругата и нејзината мајка, кои биле пријавени за исчезнати, биле пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе. […]

Базел на референдум се изјасни дека сака Евросонг во 2025, ќе издвои 37,6 милиони евра


Берн – Гласачите во Базел, Швајцарија го поддржаа предлогот нивниот град да биде домаќин и да го финансира следниот натпревар за песна на Евровизија, на референдумот распишан по екстремно десничарските обвинувања дека натпреварот промовира хомосексуалност, небинарни личности и сатанизам. Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 13 и 15 мај, а финалето на 17 мај. На референдумот во […]

Лизо објави дека драматично ослабела


Лизо штотуку пушти нови селфи слики на социјалните мрежи и фановите не можат да престанат да зборуваат за нејзиниот нов ослабнат изглед. На фотографии споделени на Инстаграм на 22 ноември, пејачката на „Good as Hell“ позираше од автомобилско седиште облечена во проѕирен бел кроп топ со извезено џин здолништ..Изгледот го комплиментираше со две долги плетенки. […]

Добротворен дипломатски базар во „Мериот“ за најранливите категории


На повеќе од 15 штандови, амбасадите и културните центри во Македонија и други ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од своите држави, во рамки на Дипломатскиот добротворен базар DMWC, на Светскиот ден на детето, на 30 ноември, од 11 до 16 часот во хотел Мериот, Скопје, под покровителство на словенечкиот амбасадор во Македонија,  Грегор […]

Националниот џез оркестар со најубавите поп и рок класици во Филхармонија


На 30 ноември, сабота во 20 часот, во салата на Македонската филхармонија во Скопје Националниот џез оркестар ќе го одржи концертот „Golden Rock Swings”. Ексклузивни гости на концертот ќе бидат Бранислав Николов од Фолтин, џез вокалот Џон Илија Апелгрен и  Светлана Јовановска. Светлана Јовановска како изведувач на денешниот прес информира дека сите тројца изведувачи на […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили


Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик. – Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил […]

„Љубов!“ – Симон Трпчески ќе свири на свечениот концерт по повод јубилејот на Филхармонија 


Со концертот насловен „80 години – Љубов“, в четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – […]

Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски: Каледиоскоп од луѓе чии дела оставиле трага во нашата и светската музичка историја


Во просториите на Аудиокултура, на 2 декември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски. Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како All About Jazz и Vintage Cafe. Таа е збирка од […]

„Војна на сетилата/ војна врз сетилата“: Во МСУ се отвара меѓународна изложба


Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена на 5 декември, во 20 часот. Во поставката „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана […]

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад


Белград – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била […]

Фани Каранфилова Пановска, нова заменичка претседателка на СДСМ


 Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.   -Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во […]

Извештај на ЕК: Пораснало производството на струја од фотоволтаици, но и понатаму сме зависни од јагленот


Производството на електрична енергија од фотоволтаични централи во земјава пораснало за 287 отсто за само една година. Сепак, и покрај тоа земјава останува зависна од јагленот што се користи во двата најголеми енергетски капацитети. Според извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, термоелектраните РЕК Битола и Осломеј продолжуваат да работат на […]