„Виорот на Анадолија“ – вечер на турска традиционална и џез музика на 5 декември во НОБ


Спој на турската традиционална музика и современата џез музика ќе слушне публиката во Скопје  (Националната опера и балет) и Гостивар на 5 и 6 декември, од 20 часот, на бесплатниот концерт наречен „Виорот на Анадолија“. Скопје е прва станица од 11-те градови низ Балканот каде што музичарите Анил Шалиел, саксафонист и Мареечи Асу, на деф, […]

Монако со најлежерна божикна честитка досега


Кога станува збор за кралските божиќни честитки, секогаш можете да сметате на Монако да испорача некој голем празничен гламур. Тоалети! Смокинг! Кадифе!  Но за 2024 година, принцот Алберт и принцезата Шарлин прилично се оддалечија од нивната вообичаена Божиќна честитка. Во понеделник, на 2 декември, Палатата на принцот ја објави официјалната честитка на кралското семејство, а […]

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со „Чудна случка со кучето во ноќта“


По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од 2 до 7 декември се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе настапи во четврток на 5 декември со претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот […]

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош 


Ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, животен стил, семејство и родителство се само дел од темите што го засегаат современиот човек, а кои ги опфаќа новата книжевна едиција Shelf Help на издавачката куќа „Арс Ламина“. Станува збор за едиција со куси и практични водичи за самопомош, кои помагаат во подобрување на животот […]

„Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година (видео)


„Бумеранг“ е  повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година. Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува […]

Раде Шербеџија доаѓа на гала златната премиера за 30 години од „Пред дождот“ на Манчевски во Филхармонија


„Пред дождот“, македонскиот светски признат класик на Милчо Манчевски, филмот што го градеше идентитетот и му даде лице на името Македонија ќе ја прослави 30-годишнината со гала златна премиера на реставрирана копија.  Овој настан, на 9 декември, во 20 часот во Филхармонијата одбележува 30 години од најголемиот успех на Македонија – не само во културата, туку и воопшто. Oва е […]

Холивуд во Скопје: Националниот џез оркестар со избрани поп- хитови ја воодушеви публиката (фото)


Скопје викендов едно два часа беше Холивуд, со концертот на Националниот џез оркестар насловен „Rock Swings“ , според истоимениот албум на Пол Енка, кој на голема врата се врати на сцената на Филхармонија, и со честитка за 80-годишниот јубилеј.  „Драго ни е што по подолго време повторно свириме во салата на Македонската филхармонија. Неодамна се […]

Најстудено на Попова Шапка


Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Маврови Анови и Берово со -1 степен, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Битола, Куманово, Тетово, Претор, 2 Прилеп, Охрид, Виница, 3 Штип, Струмица, Велес, 4 Кавадарци, Демир Капија и 6 степени во Гевгелија. Најмногу воден талог за изминатите […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Од 15 ноември, 2024 година, започна законската обврска за задолжително поседување на […]

Хедвика Усеник нов претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје


Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на акционери на својата седница одржана на ден 29.11.2024 година донесе Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Со оваа Одлука, акционерите за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ја именуваа […]

Мбапе останува осомничен во случајот на силување во Шведска


Стокхолм– Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе останува осомничен во случајот за силување во хотелот „Банк“ во Стокхолм, пишува „Афтонбладет“. Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува.  Пред да даде изјава во полиција, повредената девојка која го обвини Мбапе прво отишла во болница да побара помош. Дополнително, изјави за случајот се […]

Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари


Вашингтон – САД ќе и обезбедат на Украина воена помош за одбрана од руски напади во износ од 725 милиони долари, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Одлуката е донесена во контекст на напорите на тимот во заминување на претседателот Џо Бајден да ја зајакне позицијата на владата во Киев во војната за да се одбие […]

Ѓоковиќ: Следната сезона ќе се борам за Гренд слем титули


Мелбурн – Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека и следната сезона ќе остане меѓу претендентите за најголемите трофеи во тенисот. По невообичаено лошата 2024 година за него, во која не успеа да освои Гренд слем за прв пат од 2017 година, светскиот рекет број 7 изјави дека неговата мотивација останува висока. -Иако беше тешка година, сепак верувам […]

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон


Лондон – Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон. Скулптури од Акропол биле земени од Атина од лордот Елгин во 19 век и оттогаш се наоѓаат во Британскиот музеј и покрај силната кампања за нивно враќање во Грција, […]

Сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени


Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, а претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Минималната температура ќе биде од -3 до 3, а максималната од 6 до 11 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево и тивко […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 3 декември 2024 година, 338-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 28 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во […]

„Газела“ или „лав“, трчај и брзо и паметно: Интервју со Ангелка Пеева-Лауренчиќ, експерт за комуникации


Дама и фам фатал меѓу ајкули во комуникацискиот сектор, ама тие што ја познаваат велат дека нејзиниот мил изглед знае да излаже и дека таа е ајкулата. Ангелка Пеева Лауренчиќ со импресивно портфолио, како директор и партнер во „Имиџ ПР“, е и жена која импонира и со својот шарм во машкиот деловен свет. Предновогодишно, за […]

Трагична смрт на руска актерка во Тајланд – голем бран ја повлече во морето


Руската 24-годишна актерка Камила Бељаскаја почина во Тајланд откако огромен бран ја извлекол од карпа во морето. Во тој момент, актерката била на островот Кох Сумуи каде што вежбала јога на карпа. На социјалните мрежи се проширија страшна снимка и фотографии од Камила откако бранот ја однел во морето. Еден од сведоците влегол во морето […]

Славни и богати ќерки на годишниот Бал на дебитантките во Париз


Тоалети од висока мода, забавни придружници и танцување во сала: викендов, хотелот Шангри-Ла во Париз пречека 19 од најгламурозните млади дами во светот да го направат своето „деби“ во високото општество. Основан во 1992 година, годишниот Бал на дебитантките претходно ги истакна актерките Лили Колинс, британското кралско семејство Лејди Амелија Виндзор, холивудскиот потомок Ава Филип, […]

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на „Охридско лето“


Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и Ба­лет (НОБ), е нови­от директор на НУ „Охрид­ско ле­то“. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци. Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера, која вклучува претставување на македонската […]