Втор ден расправа за Ребалансот на буџетот


Расправата за ребалансот на буџетот треба да продолжи денеска во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет откако вчера на првиот ден од расправата се обрати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.  Во своето експозе, министерката за финансии посочи дека ребалансот е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се …

Втор ден расправа за Ребалансот на буџетот Read More »

Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес


Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот …

Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес Read More »

Четири нови имиња во новата сезона за РК Алкалоид


Ракометниот клуб Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона, а на стартот промовираше и четири нови засилувања. Марко Кизиќ (23 г. голман), долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој ни доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961. Никола Костески (31 г., десно крило), искусен …

Четири нови имиња во новата сезона за РК Алкалоид Read More »

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл


Париз – Надалеку одекна веста дека можеме да гледаме дерби во второто коло на Олимписките игри – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, уште еднаш како во старите добри времиња. Сепак, сега тој дуел не е сосема извесен бидејќи и пред двајца тенисери да го минат првото коло, еден од нив може да не се појави на …

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл Read More »

Мурал и награда во чест на актерската легенда Мето Јовановски


Пред Кинотека денеска во 11 часот ќе бидат претставени новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски, како и наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. Муралот е уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ. Како што е најавено, Советот на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ и …

Мурал и награда во чест на актерската легенда Мето Јовановски Read More »

Сончево и ветровито, температури до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала …

Сончево и ветровито, температури до 35 степени Read More »

Астрономски календар


 Денеска е петок, 26 јули 2024 година, 208-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 158 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 22 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп – Крушево


Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат …

МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп – Крушево Read More »

Зошто модата и спортот прават добар олимписки тим


Париз– Модата ја започнува својата игра – и изгледа добро. Стилот и спортот одат заедно долго време, но Летните олимписки игри во Париз, почнувајќи од петок, ќе понудат потсетник за тоа колку е добар парот. Бидејќи младите од светот се собираат за да се натпреваруваат во Градот на светлината, модата добива невообичаено големо парче од …

Зошто модата и спортот прават добар олимписки тим Read More »

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош


Без електрична енергија утре од 06:00 до 09:00 часот  ќе останат корисниците од улицата „Самарџиска“ во Старата Скопска Чаршија во општина Чаир,  а од 08:30 до 14:30 часот делови од улиците „Атинска“, „Борка Талески“ и „Рузвелтова“ во општина Карпош. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето …

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош Read More »

Адеми: Извештајот на ЕУ за владеење на правото е големо охрабрување за Врховен суд 


Извештајот на Европската Унија за владеењето на правото во делот за Врховниот суд претставува големо охрабрување и мотив да се продолжи со заложбите, кои Врховниот суд ги има за унапредување на транспарентноста, независноста, ефикасноста и примената на европските стандарди, изјави претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Препораките на Европската Унија, според неа, имаат клучно значење …

Адеми: Извештајот на ЕУ за владеење на правото е големо охрабрување за Врховен суд  Read More »

Трошоците за Игрите во Париз се приближуваат до девет милијарди евра


Париз – Сумата која француската престолнина ја потроши досега за да ги организира Летните олимписки игри се приближува до 9 милијарди евра. Но тоа е значително помалку од средствата што ги потрошиле организаторите на претходните две Летни олимписки игри – Рио 2016 и Токио 2020, чијшто официјален олимписки буџет надмина 12 милијарди евра.  -Нашата цел …

Трошоците за Игрите во Париз се приближуваат до девет милијарди евра Read More »

Четиримесечно бебе од Богданци починало по подолго лекување на Детската клиника во Скопје


Машко бебе на четиримесечна возраст починало во Богданци во текот на вчерашниот ден, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица. Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид …

Четиримесечно бебе од Богданци починало по подолго лекување на Детската клиника во Скопје Read More »

Повлечени се 20 автобуси на ЈСП поради дефект – 10 отсто од моменталниот возен парк


Проблемите во ЈСП се како приказна без крај. Кај се соочуваат со мал број на автобуси па дури и тие што ги имаат често се расипуваат. Директорот Кушовски за Телма открива дека се повлечени дури 20 автобуси од скопските улици поради тоа што имаат различни дефекти. „Проблемот е во тоа што во моментов имаме недостаток од 20 …

Повлечени се 20 автобуси на ЈСП поради дефект – 10 отсто од моменталниот возен парк Read More »

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција


Атина – За една седмица, 788 лица биле хоспитализирани со Ковид-19 во Грција, а од вирусот починале 35 лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. И оваа седмица, исто како и претходната, има тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите, согласно официјалните податоци за периодот …

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција Read More »

Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига


Истанбул – Мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче, соопштија од клубот. Последните четири сезони ги помина во шпанска Севиља, а сега беше привлечен од тренерот на „фенерите“, Жозе Мурињо. Фенербахче за правата на мароканскиот фудбалер ќе плати 19,5 милиони евра, со што ќе стане најскапиот трансфер во историјата на турската …

Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига Read More »

Ѓоковиќ засега не планира да се повлече од тенисот


Париз – Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не размислува да стави крај на спортската кариера. Ова го изјави 38-годишниот тенисер за медиумите пред почетокот на Олимписките игри во Париз. Игрите во Париз ќе бидат последниот турнир за 37-годишниот британски тенисер Енди Мареј, кој ќе игра само двојки. Уште еден поранешен светски рекет број 1, Рафаел Надал (38), …

Ѓоковиќ засега не планира да се повлече од тенисот Read More »

Сокови со бактерии, туна со хистамин, праски со пестициди: Што сè спречиле инспекторите да заврши на трпезите?


Вкупно 1.225 килограми нектарини од увоз се уништени поради присуство на пестицид хлорфирипос, кој e забранет за употреба во ЕУ и во САД. Освен тоа, инспекторите за храна спречиле и на трпезите на потрошувачите да заврши и конзевирана туна по потекло од Тајланд поради зголемено присуство на хистамин, како и 319 килограми кравјо сирење во …

Сокови со бактерии, туна со хистамин, праски со пестициди: Што сè спречиле инспекторите да заврши на трпезите? Read More »

Олимпискиот комитет под притисок зашто дозволил да учествува силувач на деца


Меѓународниот олимписки комитет е под притисок и се соочува со повици за истрага за тоа, како на осуден силувач на деца му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Париз 2024 година. Јавниот гнев е зголемен поради присуството на холандскиот одбојкар на плажа, Стивен ван де Велде, кој во 2016 година беше осуден …

Олимпискиот комитет под притисок зашто дозволил да учествува силувач на деца Read More »

Ања Тејлор-Џој е близу до совршена убавина


Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата позната личност на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон. До тој заклучок дошол користејќи компјутерско мапирање на лицата, позната метода во пластичната хирургија. Таа метода се темели на „златиот сооднос“, познат и …

Ања Тејлор-Џој е близу до совршена убавина Read More »