Од петок променливо време со пороен дожд и грмежи


Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат …

Од петок променливо време со пороен дожд и грмежи Read More »

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри


Париз – Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки. Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место. Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 …

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри Read More »

Дали Џејмс Бонд се враќа на Блискиот Исток ? Гала вечерата во Венеција ја крие тајната


Продуцентката на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, беше една од гостите на гала вечерата организирана од Филмскиот институт во Доха (DFI) и Медиа Сити Катар (MCQ) на маргините на Филмскиот фестивал во Венеција во понеделникот вечерта. Присуството на продуцентот-ветеран додаде гориво на неодамнешните извештаи дека таа се обидува да обезбеди катарски финансии за страсниот проект на …

Дали Џејмс Бонд се враќа на Блискиот Исток ? Гала вечерата во Венеција ја крие тајната Read More »

„Квир“ на Гвадањино со деветминутни овации во Венеција


Даниел Крег ја има најдобрата изведба во кариерата во романтичната драма на Лука Гвадањино „Квир“, глумејќи геј Американец во Мексико Сити во 1950-тите. Драмата, со своите експлицитни љубовни сцени, го зафати преполниот театар на светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција во вторникот вечерта, со што заработи 9-минутни овации. Кога започна аплаузот, Крег изгледаше зацрвенето …

„Квир“ на Гвадањино со деветминутни овации во Венеција Read More »

Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“


Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето. Со решение на Министертвото за култура и туризам,  Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата. Алоска е од редот на вработените а во …

Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“ Read More »

Димитар Грбевски добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ


Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. -Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот почеток критериумот …

Димитар Грбевски добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ Read More »

Федерер за скандалот со Синер: Не требаше да учествува на  УСА Опен


Италијанскиот тенисер Јаник Синер имаше позитивни допинг тестови по Индијан Велс, но АТП ја префрли вината на неговиот физиотерапевт и му дозволи да се натпреварува во Њујорк. Таквата ситуација предизвика револт кај одредени тенисери. Многумина сметаат дека Синер добил специјален третман во однос на тенисерите кои во минатото биле позитивни на допинг. На оваа тема …

Федерер за скандалот со Синер: Не требаше да учествува на  УСА Опен Read More »

Издавачи од два континенти – гости на „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан


Една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој е еден од позначајните издавачи во Грција и ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка …

Издавачи од два континенти – гости на „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан Read More »

Концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато во Битола


Националниот џез оркестар ве води на уште едно музичко патување, овој пат во Битола. Полека ја заокружуваме летната сезона со уште еден концерт на Оркестарот кој овој пат за свој гостин ќе го има Мартин Ѓаконовски – Шпато. „A Letter to Ray“ е насловот на концертот кој ќе се одржи на 5 септември, на локацијата …

Концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато во Битола Read More »

Тилда Свинтон со стилот е кралица на Мостра


Тилда Свинтон се појави на премиерата на „Квир“, новиот филм на Лука Гвадињино, на Филмскиот фестивал во Венеција во 2024 година, облечена во бел ансамбл, со црвен кармин,  кој привлекува очи. Актерката се одлучи за бел фустан и пар сини салонки со ремен на глуждот. Белиот свилен фустан е од Maison Alaïa. Голем дел од …

Тилда Свинтон со стилот е кралица на Мостра Read More »

И Џорџина на Роналдо со папучи во Венеција


Џорџина Родригез ги  носи некои од најголемите трендови на папучи во 2024 година додека е во Венеција. Присуствувајќи на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, манекенката и девојката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, го привлече вниманието со својот изглед.  Откако вчера пристигна во Венеција, Родригез се појави во хотел Екселзиор во асиметричен црн фустан. Родригез ја …

И Џорџина на Роналдо со папучи во Венеција Read More »

Прво американско полуфинале на ЈуЕс Опен по 2005


Њујорк – Американците оваа година со сигурност ќе имаат тенисер во финалето на ЈуЕс Опен, откако Тејлор Фриц и Френсис Тиафо синоќа обезбедија пласман во полуфиналето. Тоа ќе биде прво американско полуфинале од 2005 година кога Андре Агаси играше против сонародникот Роби Џинепри, а САД повторно ќе имаат свој претставник во финалето по Енди Родик на …

Прво американско полуфинале на ЈуЕс Опен по 2005 Read More »

Полска: Авијацијата во состојба на готовност поради руски закани


Варшава – Полски воени авиони и авиони на нејзините сојузници беа активирани рано утрово за да го обезбедат воздушниот простор на Полска, земја која граничи со Украина, информираат полските вооружени сили. Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се …

Полска: Авијацијата во состојба на готовност поради руски закани Read More »

Како Венеција од центар на филмската уметност се претвори во љубовна бајка


Венеција е позадина на љубовта за двојки, вклучително и група холивудски ѕвезди. Откако Филмскиот фестивал во Венеција трае до 7 септември, филмаџиите и холивудските ѕвезди дојдоа во живописниот град на каналите за да ги промовираат своите проекти на премиери и забави. Но, многумина го прават бизнисот попријатен со дружењето на нивниот животен партнер. Бред Пит …

Како Венеција од центар на филмската уметност се претвори во љубовна бајка Read More »

Поплави во Рим по кратка но силна бура


Рим – Бура предизвика поплави во Рим, известува АНСА, повикувајќи се на локалните власти. Моќната бура, иако кратка, вчера ја зафати не само италијанската престолнина, туку и други области во централниот и јужниот дел на земјата, по долг период на топлотен бран. Во Рим за помалку од еден час паднаа 60 литри дожд на квадратен метар, …

Поплави во Рим по кратка но силна бура Read More »

Без вода корисниците на повеќе улици во населба Тафталиџе и дел од „Охридска“ и „Петричка“ во Центар


Прекинато водоснабдување денеска поради уличен дефект од Ф100мм на ул. „Петар Драганов“ 1 во населба Тафталиџе, ќе имаат корисниците од ул.„Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхломска“. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. Без вода денеска од 09:00 часот ќе останат …

Без вода корисниците на повеќе улици во населба Тафталиџе и дел од „Охридска“ и „Петричка“ во Центар Read More »

Почнува судењето на деценијата: Им се суди на убијците на Вања и Панче


Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска …

Почнува судењето на деценијата: Им се суди на убијците на Вања и Панче Read More »

Поранешна помошничка на гувернерот на Њујорк обвинета дека работела како агент на Кина


Вашингтон – Поранешна заменичка на шеф на кабинетот на гувернерката на Њујорк Кети Хочул е обвинета за неовластено дејствување како странски агент во полза на Кина, користејќи ја својата позиција во власта да промовира агенди на Пекинг и за тоа била платена милиони долари. Обвинителство во Бруклин ја обвини денеска Линда Сун (41) под осум …

Поранешна помошничка на гувернерот на Њујорк обвинета дека работела како агент на Кина Read More »

Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел


 Министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со претставници на институциите на ЕУ како дел од тековните напори за пробив на европскиот пат на Северна Македонија и продлабочување на соработката со клучните тела на Европската Унија.  Предвидено е Муртезани да се …

Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел Read More »

ОБСЕ се уште без шеф затоа што членките не успеваат да постигнат консензус


Виена – Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) не успеа да се договори за кандидат кој ќе ја води меѓународната организација со седиште во Виена, јави ДПА. Мандатот на германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар заврши вчера без консензус за тоа кој треба да ја наследи, објави на Х претставничката на Малта. …

ОБСЕ се уште без шеф затоа што членките не успеваат да постигнат консензус Read More »