Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите
Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури поради недоволно врнежи, велат агрометеоролозите. Тие препорачуваат и полевање на зеленчуковите насади, бидејќи, како што објаснуваат, може да дојде до засушување во раните етапи од развојот. Останува препораката да се применуваат правилни агротехнички мерки: наводнување, обезбедување на потребните количества хранливи материи …