Сончево и релативно топло


Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло, а по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и …

Сончево и релативно топло Read More »

Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе


Прага – Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице. -При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши …

Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе Read More »

Акиевска и Илиевски најдобри македонски спортисти во 2023


Македонската бодибилдерка Мери Акиевска во женска и кикбоксерот Бобан Илиевски во машка конкуренција ги освоија признанијата на традиционалниот, 69. по ред, „Избор на спортисти на годината“ што синоќа заеднички го организираа Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации. Наградата за најдобар македонски спортист во годината која изминува Илиевски ја заслужи со …

Акиевска и Илиевски најдобри македонски спортисти во 2023 Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 28  декември  2023 година, 364-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 4 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ


Брисел – Францускиот весник Монд денеска пишува дека „под закана да ги отстрани шансите на неговата земја за влез во Европската унија, претседателот Александар Вучиќ, кој победи на изборите со сериозни нерегуларности, одбива да ги поддржи санкциите против Русија, а не се ни откажа од амбицијата повторно да го стави Косово под контрола на Србија“. Монд …

Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ Read More »

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор


Париз – Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри. -Почина утрово на сон во својот дом во Париз, изјавила Обри. Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за …

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор Read More »

ЕУ подготвува резервен план за финансирање на Украина во вредност од 20 милијарди евра


Лондон – ЕУ подготвува резервен план вреден до 20 милијарди евра за Украина, користејќи структура на долгот што ги заобиколува приговорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за финансирање на земјата разурната од војна, објави „Фајненшл тајмс“. Откако лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за предложениот четиригодишен пакет од 50 милијарди евра за Украина …

ЕУ подготвува резервен план за финансирање на Украина во вредност од 20 милијарди евра Read More »

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива кандидатите за министри во техничката влада, ниту пак за претседател


ВМРО-ДПМНЕ се уште не открива кои ќе бидат нивните кандидати за техничката влада на министерските позиции на внатрешни работи и труд и социјална политика, и во дополнителните заменици министри. На денешниот брифинг со новинарите лидерот на партијата Христијан Мицкоски исто така не ги откри кандидатите за претседател и најави дека партијата официјално ќе го соопшти …

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива кандидатите за министри во техничката влада, ниту пак за претседател Read More »

Родилка од Делчево починала ноќеска на Карил, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје


Родилка од Делчево, ноќеска починала на КАРИЛ во Скопје, потврди за МИА директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска. Родителката е донесена во лоша здравствена состојба.   Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека вчера после 10 часот родилката од Делчево била донесена во штипската Болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен …

Родилка од Делчево починала ноќеска на Карил, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје Read More »

Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година според „IFFHS“


Цирих – Членот на Манчестер сити, Ерлинх Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS). Според резултатите од гласањето, Норвежанецот освои 208 поени. Второто место му припадна на Килијан Мбапе од ПСЖ со 105 бода, додека трет е Лионел Меси од …

Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година според „IFFHS“ Read More »

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права


Вашингтон – Издаваштвото на весникот „ЊујоркТајмс“ денеска поднесе тужба против Мајкрософт и ОпенАИ за наводна повреда на авторските права на една од најстарите и најголеми медиумски компании во светот.   Претстојниот судски процес, во кој весникот побара да одлучува порота во јужниот округ на Њујорк, отвара далекусежни последици за иднината на издаваштвото на вести во ерата …

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права Read More »

Во декември наредната година ќе почне испораката на оклопните возила „Страјкер“ за Армијата


Во декември 2024 година треба да започне испораката за 42 лесни оклопни возила „Страјкер“, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на брифингот со новинарите. Појасни дека тие ќе бидат испорачани во неколку последователни тури. -Согласно договорот во шест наврати треба да бидат испорачани, што значи не само што ќе бидат испорачани, туку ќе следи …

Во декември наредната година ќе почне испораката на оклопните возила „Страјкер“ за Армијата Read More »

Досега нема дополнителна информација за екстрадицијата на Љупчо Палевски


Министерот за правда, Кренар Лога денеска во изјава за медиумите прашан до каде е процесот за екстрадицијата на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, рече дека нема нова информација околу тоа и дека ако има нова информација таа ќе биде навремено споделена со јавноста. -Досега немаме никаква информација дополнително да …

Досега нема дополнителна информација за екстрадицијата на Љупчо Палевски Read More »

Поповиќ: „Охридско лето“ испраќа уште една успешна година


„Охридско лето“ и во 2023 година го задржа пиедесталот  најдобра и најзначајна музичко-сценска манифестација, код на културата, не само на Балканот, туку и во Европа. А уметниците што ни доаѓаа беа светски. Така како што доликува на еден фестивал, вели директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, сумирајќи ги успесите во годината што изминува. …

Поповиќ: „Охридско лето“ испраќа уште една успешна година Read More »

Во Скопје сум како дома, вели синот на легендарниот Аки Рахимовски


Не паѓаше дожд, како во неговата нова песна, туку огреа сонце во центарот на Скопје, во градската кафеана Пелистер, омилената на татко му, на неформално предновогодишно дружење на Кики Рахимовски со македонските новинари, а домаќин ни беше Иван Бечковиќ,  експерт и супервизор на „Кроација рекордс“ за Македонија. По успешната љубовна балада „Сузе небеске“, нема сомнеж …

Во Скопје сум како дома, вели синот на легендарниот Аки Рахимовски Read More »

Мараја Кери раскина со танчерот Танака по „седум одлични години“


Мараја Кери и Брајан Танака се разделија по 7 години заедно, потврди танчерот во вторникот. Во изјавата споделена со Асошиетед прес и објавена на Инстаграм на Танака, резервниот танчер на Кери, која стана креативен директор и партнер, го детализираше нивното раскинување. „Со измешани емоции, го споделувам ова лично ажурирање во врска со мојата пријателска разделба …

Мараја Кери раскина со танчерот Танака по „седум одлични години“ Read More »

До вторник стабилно и релативно топло време


Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. По котлините ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури, соопшти УХМР. До вторник ќе се задржи релативно топло време, минамалната устринска температура ќе се спушти до -4, а максималната дневна ќе достигне 17 степени.  На последниот ден од оваа и на првиот …

До вторник стабилно и релативно топло време Read More »

Почина познатиот австралиски готвач Бил Гренџер – „кум“ на тостот со авокадо


Почина познатиот австралиски готвач Бил Гренџер – „кум“ на тостот со авокадо. Самоукиот готвач од Мелбурн, Гренџер стана прославен светски ресторан и писател на храна. Тој почина во болница во Лондон на Божиќ, на 54-годишна возраст, а покрај него биле сопругата и трите ќерки. „Тој ќе биде запаметен како „Кралот на појадокот“, бидејќи од непретенциозната …

Почина познатиот австралиски готвач Бил Гренџер – „кум“ на тостот со авокадо Read More »

Џафери : До 20 јануари би бил избран новиот претседател на Собранието


Од средината на јануари треба да почнат формално – правните постапки за подготовка за избор техничката Влада која треба да работи на реализација на изборите за народни избраници на 8 мај. Во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е предложен за премиер на техничката Влада изјави дека како ќе се одвиваат овие …

Џафери : До 20 јануари би бил избран новиот претседател на Собранието Read More »

Европската агенција за лекови не ги сака амстердамските „црвени фенери“ за сосед


Брисел – Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази „крајна загриженост“ поради планот на локалните власти во Амстердам за преселување на познатиот комплекс на „црвените фенери“ од квартот Де Вален на локација во јужните предградија на градот, во близина до седиштето на ЕМА.  Планот на амстердамската градоначалничка Фемке Халсема предвидува дислоцирање на „црвените фенери“ од централното …

Европската агенција за лекови не ги сака амстердамските „црвени фенери“ за сосед Read More »