Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 ноември 2025 година, 329-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 36 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Како Трамп се обидува да ја преобликува американската култура – почнувајќи со омилената франшиза


Добро е познато дека американскиот претседател Доналд Трамп има силно влијание врз медиумите, но помалку е познато колку сака да ја обликува популарната култура. Неговиот последен потег вклучува лично лобирање кај еден од неговите најважни финансиски поддржувачи, Лари Елисон, сопственик на Paramount Studios, за да ја оживее популарната акциона франшиза од крајот на 1990-тите – […]

Саркози пишува мемоари за 20-те дена во затвор


Париз– Поранешниот француски претседател Никола Саркози помина 20 дена во затвор пред да биде ослободен во исчекување на жалба, а сега објави дека ќе објави книга за своето време зад решетки. Мемоарите, насловени како „Дневник на еден затвореник“, ќе бидат објавени на 10 декември и ќе бидат долги 216 страници, според издавачот Фаџард. Бидејќи Саркози […]

На Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција и е казнета со 150 евра


Венеција- На шведската активистка Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција и е казнета со 150 евра откако таа и група активисти од организацијата „Extinction Rebellion“ истуриле зелена боја во Големиот канал. Властите во Венеција воведоа 48-часовна забрана за нејзин влез, велејќи дека таа е „позаинтересирана за самопромоција отколку за заштита на животната средина“. […]

„Приказната за Силјан“: Кампањата за Оскар чини 700 илјади евра, Македонија учествува со 100 илјади евра 


Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска бидејќи смета дека од исклучителен национален интерес. -Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума […]

На 81 година почина легендарниот германски актер Удо Кир


Германскиот актер Удо Кир со холивудска кариера и икона на алтернативниот филм , почина на 81-годишна возраст во болница во Калифорнија. Веста ја потврди неговиот партнер Делберт Мекбрајд, кој не ја откри причината за смртта. Кир зад себе остави исклучително богата кариера со повеќе од 270 улоги во европски и американски филмови. Често беше ангажиран за мрачни […]

„Џан“ на Ирина Тошева – кога облековната историја оживува и шепоти низ современите силуети


  Колекцијата „Џан“ на дизајнерката Ирина Тошева претставува современа интерпретација на ала турка- традиционална ориентална облека од XIX век носена во Македонија. Инспирирана од богатите силуети, рачната изработка и украсните детали како срма, гајтани и фини ткаенини, Тошева ја претвора оваа естетика во современ, одржлив моден јазик. Колекцијата ја истражува облековната историја на регионот, но […]

Агенција за филм: Зад нас е проблематична година, допрва ќе ги соопштиме долговите


Извештајот на Државниот завод за ревизија го примивме добронамерно, но навредлив е насловот „Слабости во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат“, затоа што извештајот се однесува на финансиското работење на Агенцијата заклучно со декември 2024-та – која беше исклучително проблематична година за филмската дејност, кога се сменија четири […]

Стинг со мјузикл во Мет операта: „Сидро“ за „бродот кој тоне“


Дебелата дама не пеела баш за почитуваната Метрополитен опера на Менхетен, но очајниот финансиски недостиг на 142-годишната институција води до промени. Оваа година беше објавено дека операта ѝ го подарила својот „рогаст шлем“ на саудиската влада во договор вреден наводно 100 милиони долари. А во јуни, ретката сцена што Марија Калас ја нарекуваше дом ќе […]

„Слугинките“ на Агнес Нокшиќи и ВР перформанс вечерва на 50 МОТ


Текст и танц низ 15 сцени, вешто споени во кореографско – драмско дело кое ја има улогата на театарско огледало, во кое не само што ќе се огледаат „Слугинките“ на Жан Жане, туку режисерката Агнес Нокшиќи овозможува да се огледа и секој еден од публиката. Приказната го истражува сложениот однос љубов-омраза помеѓу две слугинки, госпоѓа […]

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) номиниран за  Греми


Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум. Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на […]

Гала оперски концерт во НОБ со оперската дива Инва Мула на 28 ноември


  На сцената на Македонската опера и балет на 28 ноември 2025 година, во 20 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан […]

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра


Лос Анџелес – Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика […]

Кој е сега главен на Мет Гала: Ана Винтур или Лорен Санчез?


Њујорк – Со објавувањето на темата на Мет Гала во 2026 година, многу луѓе беа изненадени што имињата на Џеф Безос и Лорен Санчез беа поврзани со „најважната модна и добротворна вечер“,  што се одржува првиот понеделник од мај. Сепак, новите извештаи тврдат дека договорот бил темелно испланиран и дека милијардерите го презеле поголемиот дел […]

Содерберг ќе снима документарец за последното интервју на Џон Ленон


Познатиот режисер Стивен Содерберг работи на документарец кој ќе се фокусира на последното интервју помеѓу Џон Ленон и Јоко Оно, дадено на денот на трагичната смрт на Ленон во 1980 година. Содерберг објави дека неговата цел не е да го револуционизира документарниот жанр, туку да ѝ овозможи на пошироката публика да чуе што Ленон и […]

Две проекции во Кинотека по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Австралија и Македонија


Австралиската амбасада во Белград, Србија, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија ја има честа да ве покани на краткиот Фестивал на австралиски филм на 28-ми и 29-ти ноември. Настанот се организира по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Во петок, 28-ми ноември, […]

„Александар јава на запад“: Венко Андоновски со нов роман, различен од сѐ што напишал досега


Во издание на Издавачки центар ТРИ денес пристигна најновото дело на Венко Андоновски, . Андоновски е автор, меѓу другото, на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 5 романи, 1 прирачник за креативно пишување, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм. И покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“ не припаѓа во […]

Без струја село Јаболци и Горно Нерези


Без електрична енергија денеска од 09.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од цело с. Јаболци, во општина Сопиште, информира РЦУК Скопје. Струја од 11.00 до 15.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош.

Сојузникот на Додик, Каран, победи на претседателските избори во Република Српска


Бања Лука – Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), , победи на предвремените претседателски избори во Република Српска (РС), српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати. Каран доби 200.116 гласови, или 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, професор по електроника од опозициската СДС, кој […]

Зоран Кесиќ со „Приказни и песни“ во Филхармонија


Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“. Во Македонска Филхармонија во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност. -„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, […]