Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови


Кишињев – Молдавија вчера го повика рускиот амбасадор за да изрази остар протест поради најновото нарушување на нејзиниот воздушен простор од руски дронови и ја повика Москва да преземе мерки за спречување на понатамошни вакви случаи. Молдавија постави урнат руски дрон пред Министерството за надворешни работи како драматична дипломатска порака до рускиот претставник. Проевропската Влада […]

Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски


Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо […]

„Сè што ни е заедничко“: новата изложба во МСУ го отвора прашањето за воздухот како политичко поле


На 27 ноември во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата ја развива идејата за „борбено дишење“ – поим што го опишува воздухот како политичко поле, како простор на отпор, но и како […]

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог


Анкара – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата. Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во […]

Сообраќајот без застои, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија


Книжевен портрет на Јулијана Величковска ќе се одржи денеска во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година. На настанот него ќе биде претставено севкупното книжевно творештво на Јулијана Величковска, со особен фокус на стихозбирката „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) за која ја освои најзначајната национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ […]

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Вечерва, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи […]

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај […]

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар


Во Музејот на револуционерната борба вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител […]

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 ноември 2025 година, 331-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 34 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година


Вашингтон – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година.  Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си. […]

Помалиот син на Мицкоски е меѓу затруените ученици во „Димо Хаџи Димов“


Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за СДК.мк, Марија Митева, портпаролката на Владата. Тој и соучениците се чувствуват подобро. „Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. […]

Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата


Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното здравство паузата е повеќедецениска пауза. Во Програмата за трансплантација за оваа година беше предвидена подготовка и почнување на методата кератопластика. Кога започнавме заедно […]

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека […]

Кинеска авиокомпанија ќе ја нуди најдолгата авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес


Шангај – Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат […]

Белгија парализирана од генералниот штрајк


Брисел – Во Белгија денеска се одржува 24-часовен генерален штрајк, со кој ќе заврши серијата на штрајкови во организацијата на трите најголеми белгиски синдикати што започна во понеделникот. За разлика од вообичаената пракса, на денешниот генерален штрајк не беше организиран протестен марш на работниците од цела Белгија низ улиците на Брисел, но сепак ширум земјата се […]

„Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека


Програмата во декември на Кинотеката на Северна Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“.  -Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски – „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска – „Мајка“ – со […]

Промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“


 Во организација на Амбасадата на Шпанија во Скопје и институтот Сервантес во Белград и Ла Лига, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на ЛАЛИГА“. Проектот доби поддршка и од министерот за спорт Борко Ристовски. – Благодарност до шпанскиот амбасадор за се она што го прави за […]

Словенија се повлекува од Евросонг?


Словенија, според сите извештаи, нема да учествува на Евросонг 2026, а словенечкиот јавен радиодифузен сервис РТВСЛО дури и нема да го емитува натпреварот, како што покажуваат најновите нацрти на Планот за продукција за следната година. Иако сè уште се чека формална потврда, бројни словенечки медиуми објавуваат дека таков исход е многу веројатен. Според планот, Словенија […]