„Тринаесеттиот“: Лидија Димковска со нов роман за големи и мали


Во издание на Издавачки центар ТРИ пристигна ново дело од познатата авторка Лидија Димковска. „Тринаесеттиот“, со поднаслов „Современа бајка за мали и големи“, е прв роман на авторката од овој жанр. За квалитетите на прозата на Лидија Димковска сведочат многубројните читатели и наградите, од кои се издвојуваат – двапати „Стале Попов“ на Друштвото на писатели […]

„Да ми речеше некој дека некогаш ќе пеам љубовни песни…“: Скопје му оддаде почит на Влада Дивљан 


Скопје на нозе, во хор, со овации, емоции и ѕвездено небо, во Филхармонија, (17 ноември) ги славеше најубавите песни што ги оставил Влада Дивљан, еден од најзначајните музички автори на овие простори, по повод десетгодишнината од неговата прерана смрт, на само 56 години. Пред преполната сала, со ексклузивни гости, на еден од најемотивните концерти кои […]

Федерер ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните


Њупорт – Поранешниот светски број еден, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година, објави АТП. Федерер, којшто беше номиниран на почетокот на октомври, за изборот дознал од други членови на Куќата на славните за време на телефонски разговор со Стефан Едберг и Борис Бекер. – Огромна […]

Новата модна колекција на Јована Филиповиќ е омаж на женската моќ, самоувереност и елеганција (фото)


Јована Филиповиќ, омилената дизајнерка на македонската елита, во своето елегантно и минималистичко уредено модно ателје од 110 метри квдратни во центарот на Скопје, ја промовираше новата модна  колекција – Seasonless 2026,  која претставува омаж на женската моќ, нејзината самоувереност и елеганција. Во лежерна атмосфера, со миризливи свеќи од скапи парфеми, со коктели, чоколадо и избрано […]

„Оган и ништо“ – по речиси половина век, нов избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик


По речиси половина век од објавувањето на претходниот, прв избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик, објавен е нов избор од творештвото на големиот српски и јужнословенски поет што меѓу првите ја ослободи книжевноста од пригодноста и дидактичноста, од практицистичките и прозаични, чисто фолклористички потреби. „Матица македонска“ го објави изборот „Оган […]

Промоција на романот „Татковите книги“ од Луан Старова во Букурешт


Во Библиотеката „Ион Креанга“ во Букурешт, се одржа промоцијата на романот „Татковите книги“ од академикот и истакнат книжевник Луан Старова. Настанот, како што се наведува во соопштението, беше организиран од издавачката куќа Аздрени од Крајова и асоцијацијата Лига на Албанците во Романија (АЛАР), во партнерство со Библиотеката „Ион Креанга“. На промоцијата присуствуваа пратеникот Богдан-Алин Стоика, […]

Гала изложба: Музејот Метрополитен во мај ќе ја истражува врската меѓу облеката и телото


Њујорк – Метрополитен музејот на уметност ја објави својата голема изложба на Институтот за костуми за пролетта 2026 година, Уметност на костуми, и инаугурацијата на значителни нови галериски простори. Отворајќи се на 10 мај 2026 година, изложбата ќе ја истражи централната улога на облеченото тело преку создавање динамичен дијалог помеѓу облеката од Институтот за костуми […]

Мет Гала 2026: Откриени улогите на Џеф Безос и Лорен Санчез Безос


Њујорк – Џеф Безос и Лорен Санчез Безос имаат главна улога за Мет Гала во 2026 година, најважната модна ноќ со донатарска димензија. Всушност, основачот на Амазон и неговата сопруга се главните донатори кои помагаат во финансирањето на „Уметност на костуми“, пролетната изложба во 2026 година во Институтот за костуми при Музејот на уметности Метрополитен […]

„Охридско лето“ и „Профундис“: Безвременско музичко патување под магија на свеќите во Филхармонија


Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“  на 29 ноември во Македонската филхармонија  преку концертот на  Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Оваа национална установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден  пост-фестивалски концерт на 20 декември  во Центарот за култура во […]

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја […]

Новата мултимедијална читалница во НУБ опремена со софтвер за слепи и за слабовидни лица


Отворањето на новата мултимедијалната читалница во новиот дел на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и промоцијата на изданијата на фототипната едиција „НУБ за македонскиот јазик“ е потсетник дека иднината може да се гради само врз здрави темели. Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да […]

„К-15“ сними документарец кој ќе се промовира на 5 декември во МНТ


Триото „К-15“ сними документарен филм насловен „К-15: Од другата страна“, кој го опишува како филм со скриена приказна за најголемиот хумористичен феномен. Документарецот ќе се промовира на 5 декември во Македонскиот народен театар (МНТ) од 20 часот. Останатите проекции се закажани на 6, 7, 13 и 14 декември. „Ова се искрени сведоштва, ретки архивски материјали […]

Трамп ќе го пречека Роналдо во Белата куќа


Мадрид – Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, петкратен освојувач на Златната топка, денес ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот спортски портал, Роналдо и претходно сакал да се сретне со 47-от американски претседател.  Португалецот не ја посетил Америка од 2017 година, кога американската државјанка Кетрин Мајорга го […]

Објавен конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР  за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година. Како што информираат од […]

Фреди Меркјури на колекционерски монети од британската Кралска ковница


Лондон – Британската Кралска ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури, којашто „ќе му значела сè на светот“, според зборовите на сестрата на легендарниот пејач на „Квин“. Монетата, одобрена од „Меркјури сонгс лимитед“, е достапна за купување од страницата на Кралската ковница од денеска – 18 ноември. Дизајнот на монетата го прикажува харизматичниот изведувач во […]

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени


Дваесет и два литра дожд на квадратен метар наврнало во Лазарополе во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Според мерењата на УХМР во 7 часот  за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири […]

Том Круз конечно доби (почесен) Оскар, одржа трогателен говор


Холивуд – По четири и пол децении поминати пред камерата, во недела навечер, на 16-тото доделување на почесните Оскари (Governors Awards)во Холивуд, конечно беше време веројатно најголемата филмска ѕвезда во светот да ја добие својата долго заслужена награда „Оскар“. Номиниран три пати за глума, а сега добивајќи го Оскарот за „неговата непоколеблива посветеност на нашата […]

Свечено отворање на Мултимедијалната читалница во НУБ и промоција на фототипни изданија за македонскиот јазик


Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје денес (вторник/18.11.2025 год.) во 12:30 часот ќе биде свечено отворена Мултимедијалната читалница и истовремено ќе биде промовирана едицијата на фототипни изданија „НУБ за македонскиот јазик“. Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски […]

Оваа холивудска легенда наполни 91 години и ретко се појавува во јавност


  Ширли Меклејн сè уште фантастично го пали светлото на 91 година! Шарено облечената добитничка на Оскар, беше снимена додека вешто се фаќа себеси пред да се сопне на тротоарот во Малибу на пат кон уште едно вечерно излегување во нејзиниот омилен ресторан за стекови – но изворите велат дека тоа е само затоа што […]

Почнуваат информативните сесии низ Македонија за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“


Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, од денеска почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ („Култура“ и „МЕДИА“) во просториите на „Europe House“ во повеќе градови во земјава.  Првата сесија се одржува денеска од 12:00 до 14:00 часот во Струга, утре е […]