„Карбонара-гејт“ го тресе Европскиот парламент


Брисел – Главна тема во Европскиот парламент изминативе денови не беше, како што се очекуваше, следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, законот за дефорестација или пакетот за поедноставување, туку карбонарата.  Случајот, кој медиумите веќе го нарекоа „Карбонара-гејт“, го иницира италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида, кој бурно реагираше откако во маркет во комплексот на Европскиот […]

АХВ со препораки за безбедност на храната, водата за пиење и за заштита на животните во регионите каде има поплавување


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)денеска упати апел до населението во регионите каде има поплавување  да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.  АХВ укажува преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на […]

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево


Во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, вечер во 19 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при УКИМ во Скопје. Проектот […]

Водителот на „Фокс њуз“ по средбата Трамп-Мамдани: Мислам дека Венс е љубоморен


Вашингтон– Републиканскиот американски претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа разговараше со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, демократскиот социјалист Зохран Мамдани, и го нарече состанокот „одличен“ и „многу продуктивен“, објавија американските медиуми. Мамдани, стоејќи до претседателот во Овалната соба, се согласи со оценката дека состанокот бил продуктивен и дека фокусот бил на трошоците за живот за […]

„Коштана“ на Народен театар Ниш на 50. Млад отворен театар


Во МКЦ Скопје, сала Фросина, вечер во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Коштана“ на Народен театар Ниш, во режија на Јана Маричиќ,  како дел од програмата на 50. Млад отворен театар, што се одржува од 19 до 25 ноември во Скопје.  Во претставата играат Уна Костиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Александар Маринковиќ, Данило Миленковиќ, Евгенија […]

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026


Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска датумите за одигрување на интерконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во 2026 година. Двете групи ќе се играат во Мексико, првата во Гвадалахара, а втората во Монтереј. Полуфиналињата се закажани за 26 март, додека финалните дуели ќе се играат пет денови подоцна. Во првата група, Демократска […]

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар


– Без електрична енергија денеска од 09.00 до 15.00 часот ќе биде дел од ул.„Партение Зографски“ од крстосницата со ул.„Рилски Конгрес“ до бул.„Тодор Александров“ во општина Центар, информира РЦУК Скопје. 

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири […]

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје


Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат. Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е […]

Италија прв финалист во Дејвис купот


Болоња – Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6). Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од […]

Движењето на магма под морското дно предизвикало интензивна сеизмичка активност кај Санторини


Атина – Сеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма, што се ширела во бранови на повеќе од 20 километри во земјината кора на длабочина поголема од 10 километри под морското дно, покажува студијата на меѓународен истражувачки тим, објавена […]

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД


Вашингтон – Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека секој план за запирање на војната на Русија во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет и да биде прифатлив за двете страни. Во исто време, Венс рече дека е „фантазија“ да се помисли дека Украина може да победи ако САД му дадат на Киев повеќе […]

Концерт на Фолтин вечерва во Филхармонија


Македонската група Фолтин, која годинава одбележува јубилејни 30 години постоење вечерва во 20 часот во салата на Македонска Филхармонија ќе одржи концерт, во организација на МГ Мјузик Продукција. Фолтин е основана во 1995 година во Битола и има десетина студиски изданија, како и потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени”, […]

Милиќевиќ со изложба „Емпатија на светлина“ во Галерија Рудиќ


Во Галерија Рудиќ вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Емпатија во светлина“ на фотографот Милорад Милиќевиќ. Како што соопштуваат од галеријата, портретите на Милиќевиќ не се студиски аранжирани кадри, туку сведоштва за луѓе вкоренети во својот простор, време и културна традиција на која ѝ припаѓаат. -Милиќевиќ не документира само лица – тој бележи […]

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота , 22 ноември 2025 година, 326-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 39 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее […]

Прас Мишел од „Fugees“ осуден на 14 години затвор за заговор, перење пари и нелегално лобирање


Федерален судија го осуди Прас Мишел, раперот од Fugees, кој беше осуден за заговор, перење пари и нелегално лобирање, во април 2023 година, на 14 години затвор во четврток. Претставник на музичарот ја потврди веста за Rolling Stone. Судијката Колин Колар-Котели го осуди уметникот, чие вистинско име е Праказрел Мишел, во федерален суд во Вашингтон, […]

Со едицијата „Големи зборови за мали уши“ тешките зборови стануваат лесни приказни


Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, синоќа, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана едицијата „Големи зборови за мали уши“ од издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на едицијата „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, […]

„Инфраред – уметност на иднината“: Групна изложба на осум хрватски уметници на 25 ноември во Мала станица


Во рамките на Годишната програма на Националната галерија на Македонија, на 25 ноември, во 20 часот, во објектот Мала станица ќе биде отворена групната изложба под наслов „Инфра ред – уметност на иднината“. Во рамките на изложбата, на 26 ноември 2025 година (среда), во 19 часот (објект Мала станица), Ивана Ожетски ќе одржи презентација под наслов […]

Восочната Дијана во „одмазднички фустан “ е откриена во Париз децении по трагичната смрт


Париз – Принцезата Дијана се врати во Париз со восочна фигура , откако еден од најстарите музеи со восочни фигури во Европа откри нова фигура на омилениот и непрежален британски кралски лик во таканаречениот „фустан за одмазда“, децении по нејзината трагична смрт во градот. Восочната фигура беше нарачана во Париз откако директорот на музејот Гревин […]