Работнички против МЗТ, а сите за „Силјан“ на Тамара Котевска


Денес,во 18 часот, во СРЦ Кале ќе се одржи традиционално најбитното кошаркарско дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ. Ова дерби отсекогаш важело за најбитниот меч во првата кошаркарска лига, без разлика дали станува збор за титула или не, затоа што се игра помеѓу двата најдобри и долгогодишни скопски ривали. Овој натпревар на навивачите помеѓу […]

Двајца убиени, девет повредени на Универзитетот „Браун“. Објавено видео од напаѓачот


Вашингтон – Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд. Градоначалникот на градот, Брет Смајли, информираше дека девет лица се повредени во нападот, од кои осум се во критична состојба, додека деветтиот е надвор од животна опасност. Заменик-шефот на полицијата во Провиденс, Тимоти […]

Франција победи на детскиот Евросонг 2025, Македонија седма


Тбилиси – Франција е победник на 23 издание на детскиот Евросонг, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место. Нела со песната „Чудо“ (Miracle), синоќа, го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас.„Miracle“ е авторски проект […]

Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител


Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога […]

Напад со дрон во Судан: Шест мировници на ОН од Бангладеш загинаа во Кадугли


Њујорк – Логистичка база на Обединетите нации во Судан беше погодена во напад со дрон, при што загинаа шестмина мировници на Светската организација, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Нападот бил насочен кон логистичка база на ОН во градот Кадугли во централниот регион Кордофан. При нападот се ранети уште осум мировници, т.н. „сини шлемови“. […]

Франција го промени ставот: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ


Подгорица – По директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, на Црна Гора ѝ се отворени вратите за затворање на пет преговарачки поглавја во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ) до крајот на оваа година. Меѓувладината конференција на која тоа ќе биде формализирано, како што беше најавено претходно, ќе се одржи […]

Сончево, со мала до умерена облачност


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови […]

Астрономски календар


 Денеска е недела, 14 декември 2025 година, 348-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 17 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Ментални трикови за празници без стрес со вашето семејство


Празничниот период треба да биде исполнет со радост, но за многу мајки, тој носи и стрес поради семејството, парите, храната, патувањето и огромната „невидлива“ работа што ја работат. Ако чувствувате дека вашиот чинија е преполн со одговорности, не сте сами. Истражувањето од Американското здружение на психолози потврдува дека празниците, заедно со радоста, носат и значителна […]

Архитект казнет за мост кој не е адаптиран за туристи


Венеција– Службениците во Венеција го казнија шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава со 78.000 евра за дизајнирање мост преку Големиот канал кој не можел да се справи со големиот број туристи. Одлуката ја донесе суд во Италија, кој во своето образложение наведе дека Калатрава бил невнимателен за време на процесот на изградба и дека тој дизајнирал и […]

Седум состојби што циметот може природно да ги регулира


Циметот, омилен зачин што збогатува бројни јадења и пијалоци, сè повеќе го привлекува вниманието на научниците поради неговите потенцијални лековити својства. Се верува дека има антиинфламаторни и антимикробни ефекти, што го прави можен сојузник во превенцијата и лекувањето на одредени болести. Иако постојните истражувања, главно спроведени на животни или во лаборатории, се сè уште ограничени, […]

Вим Вендерс ќе го предводи жирито на 76.Берлинале во февруари


Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави денес  директорката на фестивалот Триша Татл. „Берлинскиот меѓународен филмски фестивал е воодушевен што германскиот режисер, автор и фотограф Вим Вендерс ќе го преземе водството на меѓународното жири за 76-то Берлинале“, изјави Триша Татл. „Вендерс е една од највлијателните личности во меѓународното кино“, […]

Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека денеска почнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.  Како што се посочува во соопштението на Град Скопје, со почнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови […]

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро


Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро. Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на воздухопловот не е во животна опасност.  Прпоски вели дека денеска во 12.30 часот добиле информација оти мал спортски воздухоплов од типот Пајпер 28 […]

Поевтинува мазутот


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64%  во однос на одлуката од 9.12.2025 година. Така, од вечер на полноќ максималните цени на дизелот и бензините остануваат исти, […]

Кај 14 јавни здравствени установи утврдени неправилности во работењето, а кај 18 неправилности во исплатата на платите


 Кај 14 јавни здравствени установи од кои две во Скопје се утврдени неправилности во работењето, покажала вонредната контрола на работењето и финансиското управување на службите за Итна помош и на Домашна посета на целата територија на државата, што ја спроведе Фондот за здравствено осигурување. – Од 37 јавни здравствени установи од кои 29 надвор од […]

ЕУ бара од Албанија да врати 33,5 милиони евра, по сериозната истрага за злоупотреби на ИПАРД фондовите


Тирана – Европската Унија испрати силен сигнал до Тирана: 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2 мора веднаш да се вратат, откако беа „нерегуларно искористени во текот на периодот 2020 – 2022 година“, јави „Лајме јаворе“. „Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) откри 52 случаи на злоупотреба на земјоделските фондови што ЕУ […]

Шведската палата потврди дека принцезата Софија се сретнала повеќе пати со Џефри Епштајн , ама не била на Карибите


Стокхолм – Шведскиот кралски двор потврди дека принцезата Софија се сретнала со Џефри Епштајн откако беа откриени е-пораки што ги поврзуваа. Во вторник, 9 декември, шведскиот медиум „Дагенс Нихетер“ објави е-пораки помеѓу Епштајн и финансиерот Барбро Енбом, која е опишана како менторка на Софија и присуствувала на нејзината свадба во 2015 година со принцот Карл […]

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија


Брисел – Советот на ЕУ денеска го усвои предлогот од 1 јули 2026 година да започне наплата на фиксна царина од три евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ од трети земја. Оваа мерка во најголем дел ќе се однесува на пратките со производи кои жителите на […]

Мицотакис ги повика земјоделците на средба в понеделник попладне


Атина – Ќе повторам и денеска, државата е отворена за дијалог. Затоа и јас в понеделник попладне, во 17 часот, во мојата канцеларија ќе ја чекам делегацијата што ќе биде одредена, за да разговараме, како што сме правеле многупати во минатото, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упатувајќи покана за средба до земјоделците кои протестираат низ […]