Од денеска до сабота облачно со повремен дожд


Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во утре на планините врнежите ќе преминуваат […]

Светскиот диџеј Стив Аоки во патики од Сатја Грабулоски на Ф1 викендот во Лас Вегас


Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 шампионат, а покрај возачите, една од главните ѕвезди беше светски познатиот диџеј Стив Аоки, кој пушташе музика на самата патека. Американецот, кој има настапувано и во Македонија, во Лас Вегас дојде со својата поубава половина, а се појави со уникатни патики дизајнирани од […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 26 ноември 2025 година, 330-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 35 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 37 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути28 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 11 часот и 30 минути, а […]

Почина Џоан Бренсон, сопругата на милијардерот Ричард Бренсон


Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, ја потврди тажната вест дека неговата сопруга Џоан починала на 81-годишна возраст. Бренсон во вторник објави дека неговата „сопруга и партнерка со која беше во брак 50 години“ починала. Косновачот на технолошката компанија Virgin Group, 75, сподели емотивна порака на социјалните мрежи: „Таа беше најпрекрасната […]

Брижит Бардо (91) хоспитализирана поради ескалација на „сериозна болест“


Брижит Бардо наводно е повторно хоспитализирана во јужна Франција, бидејќи продолжува да се соочува со она што француските медиуми го опишуваат како „сериозен“ здравствен проблем. Се вели дека 91-годишната легенда на филмот била примена во болницата „Сен Жан“ во Тулон пред околу десет дена. Локалното издание „Nice Matin“ објави во понеделник, 24 ноември, дека таа […]

Нови апсења за грабежот во Лувр


Париз – Француската полиција уапси уште четири лица во вторник осомничени за вмешаност во грабежот на накитот во Лувр минатиот месец, но украдениот накит, од кој голем дел му припаѓал на поранешното француско кралско семејство, сè уште е исчезнат, објави Франс 24. Истрагата се проширува Париската обвинителка Лор Бекуо ги потврди новите апсења во истрагата […]

ПИН – музичка конференција со 55 концерти и над 400 учесници од цела Европа во Скопје


На 27 ноември, во четврток почнува новото издание на ПИН – меѓународната музичка конференција и концертен саем што ќе се одржува три дена, до сабота 29 ноември во МКЦ. Станува збор за единствениот ваков настан во Македонија, воедно прв и најголем на Балканот, а кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи […]

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен


Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари.   -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба […]

Турскиот театар ќе се пресели во нова зграда до крајот на 2026 или почетокот на 2027 , вели Љутков


Турскиот театар, кој  повеќе од една деценија е во изградба, ќе се пресели во нова зграда ( лоцирана во населбата Пролет близу Железничката станица), до крајот на 2026 или почетокот на 2027 , рече Љутков одговарајќи денес на новинарско прашање, при посетата на Театар Комедија, каде ансаблот сцената ја дели со нивните колеги од Турски […]

Театар Комедија се поднови со ново гледалиште и ПВЦ-под, донација од Полска


Театар Комедија има обновено гледалиште со 305 нови столчиња за публиката и нов ПВЦ-под. Реновирањето овозможено и со донација на Република Полска почна пред 20-ина дена и чини околу 9 милиони денари.  -Тие столови имаа историја од шеесетина години, носеа некоја емоција и традиција, но, сепак, веќе беа нефункционални и имаше поплаки од публиката. Им […]

Мис се откажа од титулата на мис Универзум откако се пласираше меѓу првите 5


Бангкок – Оливија Јасе, претставувајќи го Брегот на Слоновата Коска и една од петте финалистки на изборот за Мис Универзум 2025, се откажа од својата титула Мис Универзум Африка и Океанија. Нејзината оставка е само една од низата контроверзии што го опкружуваат овогодинешниот меѓународен избор за убавина. Се откажува од титулата Мис Универзум Африка и […]

Џос Стоун пак доаѓа во Скопје, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026


Суперѕвездата Џош Стоун по девет години пак доаѓа во Скопје, како дел од европската турнеја, на 21 јули, на Страдион на АРМ, во 21 часот, на OPEN AIR концерт, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026, соопшти организаторот „Авалон продукција“.  „Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Ејми Вајнхаус, ја внесе на највозбудлив […]

Меланија Трамп во бел капут ја пречека божикната елка во Белата куќа


Вашингтон – Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја продолжи долгогодишната традиција и ја пречека официјалната божиќна елка во Белата куќа, неколку дена пред Денот на благодарноста, означувајќи го почетокот на празничната сезона. Елката, која пристигна од фармата за дрвја „Корсонс“ во Мичиген, беше доставена во традиционална кочија управувана од тројца мажи со цилиндри и […]

„Дедо Мраз ослабел?” и „Заспаната добрина”: Две новогодишни детски претстави во Драмски 


„Дедо Мраз ослабел?” и „Заспаната добрина”, се двете детски новогодишни претстави што за нашата најмала публика ќе се играат на 25, 26, 27 и 30 декември на големата сцена на Драмски театар Скопје. Претстава „Дедо Мраз ослабел?” со многу хумор и топлина ги учи децата дека: „Вистинската магија не е во мешето, туку во срцето”. […]

Кесиќ ни ја кажа вистината во очи: Публиката уживаше во ироничниот хумор на српскиот новинар во Скопје


Познатиот српски новинар и стенд ап комичар Зоран Кесиќ (49), автор на култната емисија со децениски стаж „24 минута са Зораном Кесичем“, синоќа, во Филхармонија приреди вечер каде вистината не насмеа , а смеата ги откри вистините што ги премолчуваме.  Публиката два часа уживаше и се смееше на неговиот жив, препознатлив стил – микс од […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница


Најстудено утрово е во Берово, – 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови […]

Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија во МСУ


 Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија  ќе биде  отворена вечер во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата е организирана од Австралиската амбасада во Белград, која е акредитирана и за Република Северна Македонија и Црна Гора, а на официјалното отворање ќе присуствува австралискиот амбасадор Питер Трасвел. […]

Бербата на маслинки во Турција прерасна во сезонска прослава што не се пропушта


Дури 60 отсто од европските патници планираат во наредните месеци да престојуваат на една дестинација, наместо да се движат низ различни региони, говори извештајот „Monitoring Sentiment for Intra-European Travel“ на Европската комисија за патувања. Овој податок води до констатација дека туристите од Европа сѐ повеќе сакаат спокоен одмор, на кој ќе се спојат со локалната […]

„Мајка храброст и нејзините деца“ на Пројковски за затворање на 50 МОТ


Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто […]

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Загреб


  По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше […]