Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 28 ноември 2025 година, 332-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 33 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

2026 година тропа на вратата – кој ќе добие изненадување, а кој ќе добие нов почеток ?


Предвидувањата за претстојната 2026 година веќе започнаа, а ние ви донесуваме што ѕвездите имаат да кажат за љубовта. Овен (21 март – 19 април) Следната година носи силна, страсна енергија. Ако сте во врска, очекувајте важни разговори што ќе доведат до уште поголема интимност. Слободните Овни имаат шанса да запознаат некого преку работа или патување. […]

Данска воведува „Ноќна стража“ и внимателно ги следи намерите на Трамп кон Гренланд


Данската влада воведе необична мерка на претпазливост во Министерството за надворешни работи: формиран е тим за следење на американскиот претседател Доналд Трамп ноќе. Според весникот „Политикен“, оваа „ноќна стража“ започнува со работа секој ден во 17 часот по локално време и трае до 7 часот наутро. Причината за оваа неочекувана иницијатива лежи во изјавите на […]

Рокас : ЕУ ќе учествува во заздравувањето на Кочани по трагедијата


Амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани, при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани.  Посетата започна на градските гробишта, каде што амбасадорот Рокас и неговиот тим положија цвеќе во спомен на 63-те […]

Зошто Црниот петок се нарекува Црн петок?


  Иако многу луѓе низ целиот свет утре со нетрпение го очекуваат Црн петок и попустите што ги носи, во минатото не беше така. Дали знаете зошто денот се нарекува Црн петок? Црн петок е петок по Денот на благодарноста во Соединетите Американски Држави и со текот на времето се проширил и во други земји. […]

Доналд Трамп ја нарече новинарката на „Њујорк тајмс“ „грда и однатре и однадвор“


Вашингтон – Додека Американците се подготвуваат да го прослават Денот на благодарноста, претседателот Доналд Трамп во среда наутро се огласи на социјалните мрежи за да оспори напис објавен од „Њујорк тајмс“ во кој се вели дека Трамп покажува „знаци на замор“ додека 79-годишникот „се соочува со реалноста на стареењето на функцијата“. „Припадниците на неуспешниот „Њујорк […]

„Единствената жена во просторијата“ – вистинска приказна за Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и генијален ум зад WiFi, GPS и Bluetooth


Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата“ од Мери Бенедикт. Романот на македонски јазик e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, што ја објави и претходната книга на Бенедикт, бестселерот „Другиот Ајнштајн“. Хеди Ламар, покрај тоа што […]

Молдавија ја повика Русија на одговорност за нарушување на воздушниот простор со дронови


Кишињев – Молдавија вчера го повика рускиот амбасадор за да изрази остар протест поради најновото нарушување на нејзиниот воздушен простор од руски дронови и ја повика Москва да преземе мерки за спречување на понатамошни вакви случаи. Молдавија постави урнат руски дрон пред Министерството за надворешни работи како драматична дипломатска порака до рускиот претставник. Проевропската Влада […]

Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски


Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо […]

„Сè што ни е заедничко“: новата изложба во МСУ го отвора прашањето за воздухот како политичко поле


На 27 ноември во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата ја развива идејата за „борбено дишење“ – поим што го опишува воздухот како политичко поле, како простор на отпор, но и како […]

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог


Анкара – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата. Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во […]

Сообраќајот без застои, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија


Книжевен портрет на Јулијана Величковска ќе се одржи денеска во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година. На настанот него ќе биде претставено севкупното книжевно творештво на Јулијана Величковска, со особен фокус на стихозбирката „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) за која ја освои најзначајната национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ […]

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Вечерва, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи […]

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај […]

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар


Во Музејот на револуционерната борба вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител […]

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 ноември 2025 година, 331-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 34 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година


Вашингтон – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година.  Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си. […]